Дерик Џејсон Вабли[1] (анг. Deryck Jason Whibley роден 21 март 1980) е канадски музичар и продуцент, кој е најдобро познат по неговата работа како гитарист, главен вокал, текстописец и член на рок бендот Sum 41.

Deryck Whibley Дерик Вабли
Животописни податоци
Родено имеДерик Џејсон Вабли[1]
Познат(а) и какоБизи Д, Ганер
Роден(а)21 март 1981(1981-03-21)(43 г.)
Скарборуг, Онтарио, Канада
ПотеклоАјакс, Онтарио, Канада
ЖанровиПанк рок, мелодик хардкор, скејт панк, поп панк, алтернативен метал, алтернативен рок, рапкор
ЗанимањаМузичар, текстописец, Продуцент, актер
ИнструментиВокали, гитара, Клавијатура, бас, пијано, тапани, Мелотрон
Период на активност1996–сега
ИздавачиIsland, Aquarius
СоработнициSum 41, Томи Ли, Иги Поп, Treble Charger, The Operation M.D., Аврил Лавињ
Значајни инструменти
Squier Signature Telecaster Model

Личен живот

уреди

Брак со Аврил Лавињ

уреди
 
Поранешната жена на Вабли, Аврил Лавињ.

Вабли и канадската пејачка/текстописец Аврил Лавињ, почнале да излегуваат уште откако таа имала 19 години, а се познавале 17 години.[2] Само неколку недели пред да се запознаат, Лавињ кажала дека има проблем со запознавањето на момчиња, бидејќи нејзините телохранители ги плашеле. Во јуни 2005, Вабли ја изненадил Лавињ со патување во Венеција, каде тие се возеле со гондола и на 27 јуни, тој ја запросил.[3]

Таа веднаш сакала да има „рокенрол, готска свадба“, но признала дека се двоумела дали треба да ја одржи вистинската традиција. „Јас сонував за мојата венчавка уште откако бев малечко девојче. Морам да го носам белиот фустан.... Луѓето мислеа дека ќе носам црн венчален фустан, а јас така и ќе се облечев. Но во истото време, јас мислев и на свадбените слики и сакав тие да бидат убави. Не сакав 20 години подоцна да мислам, 'Зошто ја носев мојата коса така?“[4]

Венчавката била одржана на 15 јули 2006. Околу 110 гости се појавиле на свадбата, која била одржава во приватна зграда во Монтесито, Калифорнија.[5] Песната „Iris“, од Гугу Долс била свирена за време на првиот танц на Лавињ и Вабли на венчавката.[6]

Седум месеци откако се венчали, Лавињ рекла дека таа е „најдоброто нешто што му се случило нему“ и кажала дека му помогнала на Вабли да се оттргне од дрогата откако почнале да излегуваат заедно. „Тој не се дрогира. Отпорано се дрогираше, бидејќи зборуваше за тоа, но јас никогаш не би била со некој кој го правел тоа и тоа му го дадов на знаење уште откако почнавме да излегуваме заедно. Јас никогаш не сум земала кокаин во мојот живот и горда сум на тоа. 100 проценти сум против дрогата.“[4] Нивниот брак траел помалку од 3 години. На 17 септември 2009 година било изјавено дека Лавињ и Дабли се разделиле и дека документите за нивниот развод ќе пристигнат наскоро.[7] На 9 октомври 2009 Лавињ ги пополнила документите за развод, кажувајќи, „Јас сум задоволна од нашето заедничко време и сум задоволна и за нашето сегашно пријателство.“[2] Разводот бил завршен на 16 ноември 2010 со официјално завршување на бракот.[8]

Дискографија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ASCAP: American Society of Composers, Authors and Publishers“. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2011-04-02.
  2. 2,0 2,1 Metcalfe, Luisa (15 October 2009). „Avril Lavigne Files Divorce“. OK! Magazine. Посетено на 6 April 2010.
  3. „Avril Lavigne engaged“. AskMen. 28 June 2005. Посетено на 28 March 2010.
  4. 4,0 4,1 „Avril Lavigne's goth wedding“. Monstersandcritics.com. 23 March 2007. Архивирано од изворникот 2012-05-29. Посетено на 24 May 2010.
  5. Kessler, Vincent (17 July 2006). „Avril Lavigne Weds“. SFgate.com. Посетено на 28 March 2010.
  6. „Avril Lavigne Marries Deryck Whibley“. People (magazine). 15 July 2006. Архивирано од изворникот на 2011-08-18. Посетено на 1 June 2010.
  7. Mazur, Kevin (17 September 2009). „Avril Lavigne and Deryck Whibley Separate“. People. Посетено на 6 April 2010.
  8. Garvey, Marianne (17 November 2010). „Avril Lavigne's Divorce Approved, Free to Get More Brody Jenner Tattoos“. E!Online. Посетено на 17 November 2010.

Надворешни врски

уреди