Smile (песна на Аврил Лавињ)
„Smile“ е песна на канадската пејачка Аврил Лавињ, напишана од Лавињ, Макс Мартин и Шилбек, а продуцирана од Мартин и Шилбек. „Smile“ бил издаден на 11 април на австралиските радио станици како втор сингл од четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby.
„Smile“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Аврил Лавињ | |||||
од албумот Goodbye Lullaby | |||||
Издаден | 11 април 2011 (видете историја на издавање) | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање | ||||
Снимен | 2010; Маратон Студио (Стокхолм, Шведска) | ||||
Жанр | Поп панк[1], поп рок | ||||
Должина | 3:39 | ||||
Издавачка куќа | RCA | ||||
Композитор | Аврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек | ||||
Продуцент | Макс Мартин, Шилбек | ||||
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ | |||||
|
Заднина
уредиЛавињ ги прашала нејзините обожаватели преку нејзиниот Твитер профил кој би требало да биде наредниот сингл, давајќи избор меѓу „Push“ и „Smile“.[2] Подоцна Аврил Лавињ потврдила дека ќе ја издаде „Smile“ како втор сингл од албумот. Некои репортери кажале дека Лавињ се борела за песната „Push“ да биде издадена, но нејзината издавачка куќа RCA Records кажале дека „Smile“ ќе биде испратенa до полското радио во април, а истото ќе се случело и на другите територии како САД, Канада, Нов Зеланд, Азија и Обединетото Кралство.[3]
Промоција
уредиЛавињ ќе ја изведува песната на германското шоу Schlag den Raab на 4 јуни 2011.[4]
Музичко видео
уредиОфицијалното мрежно место на Лавињ велело дека таа ќе го сними видеото во април, а ќе биде ексклузивно прикажано во мај.[3] Лавињ исто така испратила и слики од музичкото видео на нејзиниот Твитер профил.
Список на песни
уреди- iTunes - Дигитално Спуштање[5]
- „Smile“ - 3:29
- Дигитално спуштање[6]
- „Smile“ - 3:29
- „What the Hell“ (Bimbo Jones ремикс) - 4:10
Личности
уреди- Текстописци – Аврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек
- Продикција и Снимање – Макс Марин, Шилбек
- Инжинеринг – Мајкл Илберт
- Миксинг – Сербан Генеа
- Микс инжинеринг – Џон Хејнс
- Помошник микс инжинеринг – Тим Робертс
- Тапани, гитара и бас – Шилбек
- Клавијатура – Макс Марин
Извор:[7]
Табели
уредиТабела (2011) | Највисока позиција |
---|---|
Австралија[8] | 32 |
Нов Зеланд[9] | 30 |
Јужна Кореја | 23 |
Историја на издавање
уредиРегион | Датум | Куќа | Формат |
---|---|---|---|
Австралија[10] | 11 април 2011 | Sony Music | Ерплеј Радио |
САД[11] | 17 мај 2011 | RCA Records | |
Германија[12] | 10 јуни 2011 | ЦД сингл | |
Обединето Кралство[6] | 26 јуни 2011 | Дигитално спуштање |
Наводи
уреди- ↑ http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2011/03/07/AR2011030704548.html ...панк-поп песни, „Smile“ и „What the Hell“
- ↑ „Добро момци... Имам голема одлука за денеска и сакам моите обожаватели да ми помогнат. Дали сакате PUSH или SMILE да биде мој втор сингл??“. Twitter. Twitter Inc. Посетено на 24 март 2011.
- ↑ 3,0 3,1 „Аврил Лавињ објавува нов сингл“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 8 април 2011.
- ↑ „Avril Lavigne kommt zu „Schlag den Raab"“. szene.ag. Архивирано од изворникот на 2011-05-09. Посетено на 8 мај 2011.
- ↑ „Smile - Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 8 мај 2011.
- ↑ 6,0 6,1 „Smile - Single: Avril Lavigne: Amazon.co.uk: Music“. Amazon.co.uk. Посетено на 4 мај 2011.
- ↑ (2011) Белешки за „Smile“ од Аврил Лавињ (накрсни белешки). RCA Records.
- ↑ [1] Успех на табелите во Австралија (англиски)
- ↑ Успех на табелите во Нов Зеланд (англиски)
- ↑ „Историја на издавање на австарлиските медиуми“. The Music Network. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 3 мај 2011.
- ↑ „All Access“. All Access. Посетено на 3 мај 2011.
- ↑ „Smile - Single: Avril Lavigne: Amazon.de: Music“. Amazon.de. Посетено на 3 мај 2011.