The Best Damn Thing

албум на Аврил Лавињ

The Best Damn Thing е името на третиот студиски албум на канадската пејачка-текстописец, Аврил Лавињ. Издаден е на 13 април 2007 година, преку издавачката куќа RCA Records. Според IFPI, The Best Damn Thing бил четвртиот топ-продаван албум ширум светот и топ-продаван албум за Sony BMG од 2007.[1] Албумот добил платинска сертификација од RIAA на 15 јуни 2007[2] и има продадено повеќе од 7 милиони копии ширум светот.[3] Експлицитните верзии на албумот биле првите на Лавињ кои добиле Родителска Советодавна издавачка куќа, прикажана на ограничените и луксузните изданија.

„The Best Damn Thing“
Студиски албум од Аврил Лавињ
Издаденаприл 13 2007 (2007-04-13)
(видете историја на издавање)
Снимен2006–07
ЖанрРок, поп (видете подолу)
Траење40:41
Издавачка куќаRCA
ПродуцентDr. Luke, Мет Бекли, Стивен Волф, Бач Валкер, Дерик Вабли, Роб Кавало, Аврил Лавињ
Аврил Лавињ — Хронологија
Under My Skin
(2004)
The Best Damn Thing
(2007)
Goodbye Lullaby
(2011)
Издадени песни од The Best Damn Thing
  1. "Girlfriend"
    Издадена: February 6, 2007
  2. "When You're Gone"
    Издадена: June 19, 2007
  3. "Hot"
    Издадена: October 2, 2007
  4. "The Best Damn Thing"
    Издадена: June 10, 2008

Албумот бил третиот последователен број-еден албум на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство и нејзиниот втор број-еден албум на Билборд 200, а исто така го достигнал и првото место во неколку други земји. Првата песна која била издадена како сингл од албумот била „Girlfriend“ и се искачила во првите места на табелите во преку дванаесет држави ширум светот искачувајќи се и на првото место на Билборд Хот 100. Од албумот The Best Damn Thing била издадени четири официјални синглов, а исто така бил издаден и саундтрак синглот, „Keep Holding On“ од филмот од 2006 Ерагон.

Музички стил и жанр

уреди

Додека ги одржувала турнеите, Лавињ кажала дека нејзините омилени песни за пеење во живо биле некои позабавни и побрзи како „Sk8er Boi“. Ова ја натерало неа албумот The Best Damn Thing да нема песни во средно темпо, а наместо тоа да има поенергетски песни.[4]

Лавињ го опишала албумот како „брз, интересен, млад, рок, агресивен, самоуверен... сите добри работи“. Повеќето од песните на албумот немале длабоко значење за Лавињ, велејќи „Не се работи за некои лични работи низ кои поминувам. Тоа се само песни.“[5] Продуциран е од Dr. Luke, Бач Валкер,[6] Лавињ и нејзиниот маж Дерик Вабли. Тревис Баркер од blink-182 и +44, снимал тапани за албумот исто како Џош Фриз откако Лавињ и нејзината забава не можеле да го привлечат Дејв Грохл.

Како и претходните албуми на Лавињ, The Best Damn Thing не е лесно дефиниран во неколку музички жанрови. The Best Damn Thing бил опишан како тин поп,[7][8] поп,[9][8][10][11] поп рок,[7][8][11][12] пауерпоп,[13][11][14] алтернативен рок,[7] поп панк,[14] панк,[8][11] и рок.[10][11]

Промоција

уреди
 
Лавињ на прес конференција во Хонгконг, го промовира The Best Damn Thing во 2007 година

Првиот сингл, „Girlfriend“, требало да биде издаден на 29 јануари, но датумот бил променет поради тогашната популарност на „Keep Holding On“ на радио.[се бара извор] Синглот бил премиерно прикажан на радио станицата HOT 89.9 во Отава на 6 февруари, а видеото се појавило на 26 февруари. Еван, нејзиниот поранешен гитарист, на неговиот MySpace блог рекол дека направил камео појава во музичкото видео за „Girlfriend“. Рефренот на „Girlfriend“ е испеан и на седум други јазици освен англиски вклучувајќи ги и шпански, португалски, мандарински, јапонски, италијански, германски и француски јазик.

Песната „Keep Holding On“ исто така се наоѓа на саундтракот на филмот Ерагон.

Лавињ имала мала турнеја за да го промовира The Best Damn Thing. Само членови на најзиниот обожавателски клуб можеле да присуствуваат на тие настапи. Таа ја започна турнејата во Калгари, Алберта и настапувала пред публика од околу 200 луѓе. Шоуто во Калгари било прикажано на телевизија на 2 април 2007, на CBC Network. На шоуто можеле да се видат снимки зад сцената, а и Лавињ која ги изведува песните од The Best Damn Thing, како и други шоуа во Лос Анџелес, Париз и Мадрид. Таа исто така потпишувала афтограми во Њујорк Сити и Холивуд откако бил издаден албумот.

На 18 февруари 2007, клипови од „Everything Back But You“, „I Can Do Better“ и „When You're Gone“ биле издадени на AOL Music.[15] Песната „Alone“ (B-страна на „Girlfriend“) можела да се спушти на iTunes Store во Нов Зеланд и Австралија на 29 март. Џелосниот албум за првпат бил прикажан на радио станицата HOT 89.9 во Отава во 6:00 часот на 14 април 2007.

Неколку дена пред издавањето на The Best Damn Thing Лавињ била на промоција околу Северна Америка и имала настапи во живо на Saturday Night Live, Late Show with David Letterman, The Ellen DeGeneres Show, TRL, The Tonight Show with Jay Leno, и Live with Regis and Kelly.

На 11 септември 2007, Лавињ се појавила на финалето на Канадски Идол во 2007 и ги изведувала песните „Hot“ и „When You're Gone“. На шоуто Лавињ дала изјави за нејзината турнеја за поддршка на албумот.

Аврил Лавињ исто така го имала нејзиното деби ширум светот на модното мрежно место Stardoll за да го промовира The Best Damn Thing. Таму, таа направила своја „хартиена кукла“ и одговарала 10 минути на прашањата на нејзините обожаватели.

Турнеи

уреди

За време на целата 2007 година, Лавињ го промовирала нејзиниот албум со Промоционална Турнеја изведувајќи ТВ концерти за CBC и MTV во Канада и Париз. Таа исто така имала 3 целосни концерти во Мексико и места како Рим, Хонгконг, Русија и настапувала во Кина за првпат во нејзината кариера со рекорден концерт во Шангај. Во Европа таа настапувала на различни летни фестивали. Во Азија била дел од Summer Sonic фестивалот во Осака, Јапонија и кон крајот на годината формирала свој дел во Божиќната Турнеја.

 
Лавињ на концерт во Пекинг, 2008

Аврил Лавињ ја започнала The Best Damn Tour, која траела од 5 март 2008 до 6 октомври 2008 со 110 изведби за да го промовира нејзиниот албум The Best Damn Thing.[16][17] За време на турнејата таа имала изведби во Северна Америка од март до мај, потоа од мај до јули во Европа, враќајќи се во САД и Канада во периодот јули-августи, а на крај била во Азија од август до октомври.

Прегрупа за првата етапа во Северна Америка била Boys Like Girls.[16] Европската етапа била отворена од Браќата Џонас.[18] Другите отворачки акти ги имале Double Faced Eels и The Midway State. Песните кои биле изведувани биле од новиот албум, но исто така биле изведувани и песни од старите албуми Let Go и Under My Skin. ДВД со снимања во живо на турнејата било издадено на 9 септември 2008 и било наречено The Best Damn Tour - Live in Toronto.

Турнејата поттикнала контроверзии кога требало да биде одржана во Малезија бидејќи Лавињ била 'многу секси'.[19] Сепак, владата на крај ѝ дала дозвола да изведува на 29 август 2008.[20]

Поради „акутен ларингит“ Лавињ го откажала последните 8 концерти во Северна Америка. Таа, исто така, го откажала својот концерт во Барселона, Шпанија на денот на концертот бидејќи имало штрајк на камионџии.

Синглови

уреди

Girlfriend“, првиот сингл продуциран од Dr. Luke беше глобален успех искачувајќи се на 1 место на Билборд Хот 100 во САД. Синглот исто така се искачил на првото место во уште 12 други земји вклучувајќи ги и Австралија, Канада и Јапонија. Синглот беше најпродаваната песна ширум светот од 2007,[21] а музичкото видео за песната станало најгледано видео на Јутуб на сите времиња до јули 2008 година. Исто така излегол и ремикс на песната со Лил Мама.

When You're Gone“, бил вториот сингл издаден на 19 јуни 2007. До летото 2007 (додека „Girlfriend“ сè уште била силна на топ места табелите) пауер баладата станала уште еден хит во Обединетото Кралство и на други места. Се искачила на 4 место на Европската Хот 100 табела и била блиску да се искачи во топ 20 на Билборд Хот 100 во САД, а исто така се искачила и во топ 20 во преку тринаесет замји.[22] Од песната излегла и акустична верзија која се наоѓала на делукс изданието на The Best Damn Thing и била овозможена само на iTunes Store.[23]

Hot“, бил третиот сингл од албумот издаден во октомври 2007 година. Песната била напишана од Лавињ и Еван Тобенфајлд. Текстот ги опишувал чувствата на Лавињ за некој кој "Ја правел да се чувствува секси",[24] а музичкото видео за песната е исто така нејзиното најсекси видео до денеска. Песната била најмалку успешна во САД, искачувајќи се на 95 место на Билборд Хот 100, топ 10 во Јапонија и Канада и топ 20 во Австралија. Има јапонска верзија на песната во која текстот на рефренот е заменет на мандарински јазик.

The Best Damn Thing“, бил четвртиот сингл од албумот издаден на 13 јуни 2008 и продуциран од Бач Валкер.

„Innocence“ исто така бил издаден како радио сингл во Италија и се искачил на табелата во Канада.[25]

Оценки од критичарите

уреди

Коментарите на критичарите за The Best Damn Thing биле позитивни. На Metacritic, каде може да се гласа до 100 бода од мејнстрим критичарите, албумот добил просечни 66 бода, засновани на 19 прегледи.[26] The New York Times го опишал албумот како „секој збор и секоја нота на третиот албум на Аврил Лавињ е претставен како да води кон извичник.“[13] Allmusic му дал на албумот оценка од 4.5/5 и кажал, „Произведува саундтрак за тинејџери и виновно задоволство за сите други.“ PopMatters коментирал, „Па еве ја Аврил, сè уште непомирена, мавтајќи со знамето од гума за жвакање“. За разлика од тоа, Jam! рекол, „Песните сè со цел да бидат за еднократна употреба“. The Guardian го нарекол „триумфално враќање“. Сепак, албумот исто така не им се допаднал на некои од обожавателите, кои почувствувале дека албумот го напуштил нејзиниот оригинален звук и бил многу брз.[27]

Плагијатни обвинувања

уреди

На 25 мај 2007, текстописците Џејмс Гангвер и Томи Дунбар ги тужеле Лавињ, нејзиниот помошник текстописец, Луказ Готвал, Almo Music, и RCA Records, тврдејќи дека „Girlfriend“ содржи текст плгиран од нивната песна „I Wanna Be Your Boyfriend“,оригинално изведена од The Rubinoos и издадена преку Beserkley Records во 1978.[28][29] Во јануари 2008, тужбата била целосно решена и Лавињ и Лук биле целосно ослободени.[30]

Во јуни 2007, канадската пејачка-текстописец Чантал Кревиазук, со која Лавињ го напишала поголемиот дел од албумот Under My Skin, зборувала со магазинот Performing Songwriter за можноста на Лавињ да пишува и за нејзината етика. Кревиазук кажала дека песната „Contagious“ била заснована на песна што таа ѝ ја испратила на Лавињ во 2005.[31][32] На 6 јули 2007, Лавињ ги негирала обвиненијата во отворено писмо на нејизното мрежно место. Таа исто така кажала дека ќе преземе легални акции против Кревиазук за нејзините обвиненија,[32][33] а веднаш по тоа Кревиазук се извинила јавно и ги повлекла своите изјави,[34] велејќи „Аврил е добар текстописец и беше моја привилегија да работам со неа“.[35]

Искачување на табелите

уреди

The Best Damn Thing продал 19,000 копии за неколку часа во Обединетото Кралство,[се бара извор]а потоа продал 60,000 копии во првата недела. Станал третиот албум на Лавињ кој се искачил на првото место на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство. Албумот се искачил и на првото место на Билборд 200 во САД со околу 289,000 продадени копии (претходниот албум, Under My Skin, продал 381,000 копии во првата недела). Ова е третиот број-еден албум на Лавињ по Under My Skin.[36] The Best Damn Thing останал на првото место за време на втората недела, продавајќи околу 121,000 копии.[37]

Во Канада, албумот се искачил на првото место со 68,000 продадени копии, малку повеќе од претходниот албум на Лавињ, Under My Skin. Во втората недела имало пад на продажбите до 62% со околу 26,000 копии. Албумот има продадено повеќе од 320,000 копии во Канада. Во Австалија, The Best Damn Thing се искачил на второто место на ARIA Албум Табелата со повеќе од 35,000 копии, со што добил Злато од ARIA, а и бил првиот албум на Лавињ кој таму се искачил на првото место, па со тоа до денеска добил дупла платинска сртификација.

Во Јапонија, се искачил на второто место. Во втората недела од неговото издавање, по изведбата на Лавињ на Music Station, се искачил на прво место, со продадени 120,000копии. Тоа го направило нејзиниот втор број-еден албум во Јапонија. За време на неговиот табеларен рок, продал 900,000 копии и станал третиот најдобро продаван албум на годината, како и единствениот не-домашен албум во топ 25. Во Шпанија, The Best Damn Thing се искачил на деветтото место, пониско од Under My Skin, кој се искачил на првото место. Албумот се искачил во преку дваесет земји и продал 784,000 копии во првата недела ширум светот.

Список на песни

уреди
  • Пишувачки и продуцирачки кредити од албум нотите на The Best Damn Thing'.[38]
Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) Траење
1. Girlfriend“  Лавињ, Луказ ГотвалдГотвалд, Мет Бекли*, Стивен Волф* 3:37
2. „I Can Do Better“  Лавињ, ГотвалдГотвалд, Бекли*, Волф* 3:17
3. „Runaway“  Лавињ, Готвалд, Кара ДиогуардиГотвалд, Бекли*, Волф* 3:48
4. The Best Damn Thing“  Лавињ, Бач ВалкерВалкер 3:10
5. When You're Gone“  Лавињ, ВалкерВалкер 4:00
6. „Everything Back but You“  Лавињ, ВалкерВалкер 3:03
7. Hot“  Лавињ, Еван ТобенфајлдГотвалд, Бекли*, Волф* 3:23
8. „Innocence“  Лавињ, ТобенфајлдРоб Кавало 3:53
9. „I Don't Have to Try“  Лавињ, ГотвалдГотвалд, Бекли*, Волф* 3:17
10. „One of Those Girls“  Лавињ, ТобенфајлдДерик Вабли 2:56
11. „Contagious“  Лавињ, ТобенфајлдВабли 2:10
12. Keep Holding On“  Лавињ, ГотвалдГотвалд, Бекли* 4:00

* Дополнителни продуценти

iTunes Делукс Издание
  1. „When You're Gone“ (акустична верзија) 3:58
  2. „I Can Do Better“ (акустична верзија) 3:39
  3. „Girlfriend“ (The Submarines' Time Warp '66 микс) 3:11
  4. „When You're Gone“ (видео)
Јапонско Издание
  1. „Alone“ (Аврил Лавињ, Макс Мартин, Луказ Готвалд) 3:14
  2. „Girlfriend“ (видео)
Јапонски турнејско Издание
  1. „Alone“ 3:14
  2. „Sk8er Boi“ (живо) 4:09
  3. Adia(живо)3:42

ДВД:

  1. „Girlfriend“ (видео)
  2. „Girlfriend“ (Ремикс на Dr. Luke со Лил Мама) (видео)
  3. „When You're Gone“ (видео)
  4. „Hot“ (видео)
  5. „The Best Damn Thing“ (видео)
  6. Правењето на: The Best Damn Thing
  7. Правењето на: „Girlfriend“ (видео)
Ограничено Издание

ЦД:

  1. „Alone“ 3:14
  2. „I Will Be“ 3:59
  3. „I Can Do Better“ (аксутична верзија) 3:39
  4. „Girlfriend“ (The Submarines' Time Warp '66 микс) 3:11 (на тајванското издание: „Girlfriend“ (мандаринска верзија) 3:37 на јапонското издание: „Girlfriend“ (јапонска верзија) 3:37)
  5. „Girlfriend“ (Ремикс на Dr. Luke со Лил Мама) 3:24

ДВД:

Во живо на Orange Lounge:

  1. „Everything Back But You“
  2. „Girlfriend“
  3. „Hot“
  4. „When You're Gone“

Музички видеа:

  1. „Girlfriend“
  2. „When You're Gone“
  3. „Hot“
  4. „Girlfriend“ (Ремикс на Dr. Luke со Лил Мама)
Делукс Издание Бонус ДВД
  1. Правењето на: The Best Damn Thing
  2. Фотогалерија

Табели и сертификации

уреди

Табела

уреди
Табела (2007) Највисока
позиција
Австралија[39] 2
Австриска Табела за Албуми[40] 1
Белгиска Табела за Албуми[41] 9
Канадска Табела за Албуми[42] 1
Колумбија 1
Македонски Топ 40 Албуми[41] 5
Холандска Табела за Албуми[41] 8
Фински Топ 40 Албуми[41] 8
Француски Топ 150 Албуми[41] 3
Германска Табела за Албуми 1
Грчка IFPI Табела за Албуми 1
Ирска Табела за Албуми[43] 1
Италијанска Табела за Албуми[44] 1
Јапонска Орикон Табела за Албуми[45] 1
Мексикански Топ 100 Албуми[46] 2
Мексиканска Топ 20 Интернационална Табела за Албуми 1
Холандска Табела за Албуми 1
Нов Зеланд Топ 40 Албуми 2
Норвешки Топ 40 Албуми[41] 18
Полска „OLIS“ Табела за Албуми[47] 4
Португалски Топ 30 Албуми[41] 9
Шпанска Табела за Албуми[48] 2
Шведски Топ 60 Албуми[49] 6
Швајцарски Топ 100 Албуми[50] 1
ОК Табела за Албуми[51] 1
САД Билборд 200 1
САД Билборд Алтернативни Албуми[52] 6
Табела на крај на годината (2007) Позиција
Германска Табела за Албуми[53] 20

Продажби и сертификации

уреди
Држава Сертификација Продажби
Аргентина (CAPIF) Злато[54] 20,000+[55]
Австралија (ARIA) 2× Платина 140,000+[55]
Австрија Платина 20,000+
Белгија Злато 15,000+
Бразил (ABPD) Платина[56] 100,000+[55]
Канада 2x Платина 279,000+[57]
Колумбија 3x Платина 65,000+
Данска Злато 10,000+
Холандија Злато 30,000+
Финска Злато 15,000+
Франција Злато 100,000+
Германија(IFPI) Злато[58] 100,000+
Грција (IFPI) Платина[59] 36,000+[55]
Унгарија(MAHASZ) Платина[60] 10,000+[55]
Хонгконг Злато 7,500+
Индонезија (LIMA) Платина 210,000+[61]
IFPI Европски Награди (IFPI) Платина[62] 1,270,000+[62]
Ирска (IRMA) 2x Платина[63] 30,000+[55]
Италија (FIMI) 3x Платина 200,000+[64]
Јапонија (RIAJ) Дијамант 1,100,000+[65]
Мексико (AMPROFON) Платина[66] 150,000+[55]
Нов Зеланд (RIANZ) Платина[67] 15,000+[55]
Филипини (PARI) 3x Платина 50,000+[61]
Полска (Zpav/Olis) Злато[68] 10,000+[55]
Португалија Злато 10,000+
Русија 4× Платина[69] 80,000+[69]
Јужна Африка Платина 80,000+
Јужна Кореја (RIAK) 2x Платина 28,000+[70]
Шпанија Злато 40,000+
Шведска Злато 20,000+
Швајцарија Платина[71] 30,000+[55]
Тајван (G-Music/Five Music) 2x Платина 40,000+[72]
ОК (BPI) Платина[73] 500,000+[55]
САД (RIAA) Платина[2] 1,600,000+[74]

Личности

уреди
  • Луказ Готвалд - продуцент, пијано, гитара, бас гитара, електронска клавијатура и тапани на песните број 1,2,3,7,9 и 12
  • Стив Волф - тапани и дополнителни тапани на песни број 1,7 и 12
  • Травис Баркер - тапани на песни број 2,3 и 9
  • Џош Фриз - тапани на песни број 4 и 5
  • Бач Валкер - продуцент, акустична и електрична гитара, бас гитара, позадински вокали и удирачки инструменти на песни број 4,5 и 6
  • Дерик Вабли - продуцент, електрична и бас гитара на песни број 4,10 и 11
  • Дан Чејс - електронска клавијатура на песна 4
  • Кени Ароноф - тапани на песна број 6
  • Роб Кавало - продуцент на песна број 8
  • Мат Бекли - Продуцент (Дополнителна Продукција) 1, 2, 3, 7, 9, 12 и Инженер на песните број 1, 3, 7, 9
  • Џејми Мухоберак - електронска клавијатура и пијано на песна 8
  • Тим Пирс - гитари на песна број 8
  • Грег Суран - гитари на песна број 8
  • Паул Бушаел - бас гитари на песна број 8
  • Абе Лабориел, Jr. - тапани на песна број 8
  • Стив Јоз - тапани на песна број 10 и 11
  • Крис Чани - бас гитара на песна број 11
  • Лари Корбет - чело на песна број 12
  • Кијан Вилсон - виола на песна број 12

Награди

уреди
Година Церемонија Награда Резултат
2007 MTV Европски Музички Награди Албум на Годината Номинација
Паја Награди Албум на Годината Номинација
PortalMix.com (Шпанија) Интернационален Албум на Годината Номинација
Premios Oye! Главен Англиски Албум на Годината Номинација
2008 Јуно Награди Албум на Годината Номинација
MTV Видео Музички Награди Јапонија Најдобар Албум на Годината Номинација
Јапонски Златен Диск Албум на Годината Победа
Најдобри 3 Албуми Победа
Златен Диск Хонгконг Најдобри 10 Албуми Победа

Историја на издавање

уреди
Датум Регион Куќа
13 април 2007 Белгија RCA Records
Германија[75]
Италија
Холандија
Ирска
14 април 2007 Австралија
Нов Зеланд
15 април 2007 Среден Исток
Јужна Африка
16 април 2007 Бразил
Франција
Хонгконг
Индонезија
Малезија
Филипини
Полска
Русија
Сингапур
Обединето Кралство RCA Records
17 април 2007 Аргентина Sony Music Entertainment
Канада[76]
Финска
Грција
Мексико
Шпанија
Тајван
САД[77] RCA Records
Венецуела Sony Music Entertainment
April 18, 2007 Јапонија[78] Sony Music Japan
Норвешка Sony Music Entertainment
Шведска
Претходник
Now 24 од различни артисти
Билборд 200 Број-еден албум
29 април 2007 – 12 мај 2007
Наследник
Because of You од Ne-Yo
Претходник
Because of the Times од Kings of Leon
Број-еден албум во Обединетото Кралство
22 април 2007 – 28 април 2007
Наследник
Favourite Worst Nightmare од Arctic Monkeys
Претходник
Cartoon KAT-TUN II You од KAT-TUN
Број-еден албум на Јапонската Табела
25 април 2007 – 2 мај 2007
Наследник
The Best of mihimaru GT од mihimaru GT

Наводи

уреди
  1. „IFPI Top Selling Albums Worldwide 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-04-11. Посетено на 2010-12-03.
  2. 2,0 2,1 „Gold and Platinum“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2010-01-23.
  3. „Kohl's Partners with Rocker Avril Lavigne for New Juniors' Lifestyle Brand to Launch July 2008“ (PDF). KohlsCorporation.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-19. Посетено на 16 November 2010. ....and has sold more than five million copies....
  4. Thrills, Adrian (13 July 2007). „Avril Lavigne: Marriage turned me from a tomboy to a real woman“. Daily Mail. Посетено на 2 June 2010.
  5. Vineyard, Jennifer (28 February 2007). „Don't Know How To Spell 'Avril Lavigne'? Prepare To Be Scolded“. MTv. Архивирано од изворникот 2010-12-30. Посетено на 30 December 2010.
  6. Kaufman, Gil (2006). „Butch Walker Works With Avril, Hot Hot Heat, Says Solo LP Won't Be 'Emo-Tastic'. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот (jhtml) на 2006-12-06. Посетено на 2006-12-13.
  7. 7,0 7,1 7,2 Erlewine, Stephen Thomas. „Allmusic review, The Best Damn Thing“. allmusic.com. Посетено на 27 February 2010.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „The Best Damn Thing by Avril Lavigne - Download The Best Damn Thing on iTunes“. iTunes. Посетено на 23 September 2010.
  9. Willman, Chris (13 April 2007). „Entertainment Weekly review“. Архивирано од изворникот на 2011-08-18. Посетено на 11 August 2010.
  10. 10,0 10,1 „Avril Lavigne - The Best Damn Thing“. discogs.com. Посетено на 25 June 2010.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Avril Lavigne - The Best Damn Thing MP3 Downloads - 7digital“. 7digital. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 23 September 2010.
  12. „IPGmusic.com“. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2011-04-29.
  13. 13,0 13,1 Pareles, Jon (16 April 2007). „Ms. Mopey, Begone! Power Pop Is Back!“. Посетено на 11 August 2010.
  14. 14,0 14,1 „BarnesAndNoble.com“. Архивирано од изворникот на 2009-09-29. Посетено на 30 June 2010. The Best Damn Thing is brimming with gutsy guitar riffs, catchy choruses, and power pop punk.
  15. „Avril Lavigne Full CD Listening Party - AOL Music“. Music.aol.com. Архивирано од изворникот на 2009-11-06. Посетено на 2010-12-03.
  16. 16,0 16,1 „Avril Lavigne Announces 'Best Damn Tour'. omg.yahoo.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-04. Посетено на 2009-03-22.
  17. „Avril Lavigne Is Tickled Pink About Her Best Damn Tour ... Check Out Dates Here!“. MTV. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-14. Посетено на 2009-03-22.
  18. „Jonas Brothers joining Avril Lavigne's upcoming tours“. ticketnews.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-05. Посетено на 2009-05-05.
  19. „Avril Lavigne: 'Too Sexy' for Malaysia?“. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-29. Посетено на 2009-05-05.
  20. „Avril Lavigne's Malaysia Concert is Back On“. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2011-10-10. Посетено на 2009-05-05.
  21. „IFPI Tallies Global Music Sales: Lady Gaga Rules The Planet“. American Songwriter. 2010-01-21. Посетено на 2010-12-03.
  22. Avril Lavigne - When You're Gone - Music Charts
  23. „When You're Gone (Acoustic Version)“.
  24. „Avril Lavigne - Hot - Lyrics“. Архивирано од изворникот на 2011-09-21. Посетено на 2011-04-29.
  25. „Innocence single“.
  26. „Avril Lavigne:The Best Damn Thing (2007): Reviews“. Metacritic. CNET Networks, Inc. Архивирано од изворникот на 2010-12-09. Посетено на 2009-03-24.
  27. „What the Hell Happened to Avril Lavigne?“. Skeet Thrower. Посетено на 2009-09-18.
  28. Malley, Aidan (2007-07-03). „Apple sued for duping Apple TV image, hosting iTunes track“. AppleInsider. Посетено на 2009-03-29.
  29. LeBlanc, Larry (2007-07-05). „Seventies Band Sues Lavigne Over 'Girlfriend'. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2009-03-29.
  30. „Songwriters 'Completely Exonerate' Avril Lavigne“. People. 2008-01-15. Архивирано од изворникот на 2011-12-10. Посетено на 2009-03-29.
  31. Cannon, Bob (2007). „Next to ice hockey, Canada's greatest export may well be singer-songwriters“. Performing Songwriter: 66–68.
  32. 32,0 32,1 LeBlanc, Larry (2007-07-10). „Kreviazuk Retracts Lavigne Songwriting Comments“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2007-07-12.
  33. Montgomery, James (2007-07-09). „Avril Lavigne Responds To Lawsuit, Says She's Been 'Falsely Accused'. MTV. Архивирано од изворникот на 2007-07-11. Посетено на 2009-03-29.
  34. By Canada.com July 4, 2007 (2007-07-04). „Canada.com“. Canada.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-08. Посетено на 2010-12-03.
  35. „Avril Lavigne: songwriter retracts songwriting claims“. NME. 11 July 2007. Архивирано од изворникот 2010-12-30. Посетено на 29 December 2010.
  36. Katie Hasty, "Lavigne's New 'Thing' Debuts Atop Billboard 200", Billboard.com, April 25, 2007.
  37. Katie Hasty, "Lavigne Remains No. 1 As Joe Debuts High", Billboard.com, May 2, 2007.
  38. (2007) Album notes for The Best Damn Thing by Avril Lavigne [Booklet]. RCA Records.
  39. Australian Albums Chart for week ended 23 April 2007 ARIA Charts
  40. Steffen Hung. „Avril Lavigne - The Best Damn Thing“. austriancharts.at. Посетено на 2010-12-03.
  41. 41,0 41,1 41,2 41,3 41,4 41,5 41,6 „A Charts“. Acharts.us. Посетено на 2010-12-03.
  42. John Williams (2007-04-25). „Canadian Album Charts“. Jam.canoe.ca. Посетено на 2010-12-03.
  43. Irish Albums Chart for week ended 19 April 2007 Архивирано на 29 септември 2007 г. chart track.co.uk
  44. Fimi.it FIMI
  45. Oricon.co.jp, Oricon
  46. Steffen Hung. „Avril Lavigne - The Best Damn Thing“. mexicancharts.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-25. Посетено на 2010-12-03.
  47. „Polish "OLIS" Albums Chart“. Olis.onyx.pl. 2007-04-22. Посетено на 2010-12-03.
  48. „Spain Albums Chart“. Архивирано од изворникот на 2012-06-26. Посетено на 2011-04-29.
  49. Steffen Hung. „Swedish Album Chart“. Swedishcharts.com. Посетено на 2010-12-03.
  50. Steffen Hung. „Switzerland Hitparade Top 100 Albums“. Hitparade.ch. Посетено на 2010-12-03.
  51. „Official UK Albums Chart“. Theofficialcharts.com. Посетено на 2010-12-03.
  52. „Billboard“. Billboard.
  53. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2011-04-29.
  54. „Capif“. Capif. 2004-05-22. Архивирано од изворникот на 2011-05-31. Посетено на 2010-12-03.
  55. 55,00 55,01 55,02 55,03 55,04 55,05 55,06 55,07 55,08 55,09 55,10 „IFPI Worldwide Certification Levels“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2010-12-03.
  56. „Brazilian Association of Disc Producers“. Abpd.org.br. Архивирано од изворникот на 2015-06-24. Посетено на 2010-12-03.
  57. Canadian Soundscan Report End of Year 2007 Архивирано на 9 јануари 2008 г.. Reuters.com
  58. „База на податоци за златни и платински албуми“. Сојузна музичка индустрија. (германски)
  59. „Ελληνικό Chart“. Ifpi.gr. Архивирано од изворникот на 2012-11-12. Посетено на 2010-12-03.
  60. „MAHASZ Hungary Certifications 2007“. Архивирано од изворникот на 2009-08-01. Посетено на 2011-04-29.
  61. 61,0 61,1 Inquirer.net
  62. 62,0 62,1 „IFPI European Platinum Awards 2007“. Архивирано од изворникот на 2013-10-30. Посетено на 2011-04-29.
  63. „The Irish Charts - 2007 Certification Awards“. IrishCharts.ie. 2008-01-01. Посетено на 2010-12-28.
  64. „WorldwideAlbums.blogspot.com“. Архивирано од изворникот на 2008-09-14. Посетено на 2008-09-14.
  65. Japan Weekly Charts - アヴリル・ラヴィーン 「ベスト・ダム・シング JBBS.Livedoor.jp Retrieved: 28 February 2008
  66. „Mexican Certification for "The Best Damn Thing". Amprofon.com.mx. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на 2010-12-03.
  67. from the Official New Zealand Albums Chart Архивирано на 28 јули 2009 г. Top 40 Album Chart: Chart #1581 - 10 September 2007
  68. „Polish Gold Certifications (ZPAV)“. zpav.pl. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 2011-03-03.
  69. 69,0 69,1 „Russian Gold and Platinum Certifications“. 2m-online.ru. Архивирано од изворникот на 2009-01-24. Посетено на 2010-12-03.
  70. „무제 문서 Miak.or.kr“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2011-04-29.
  71. Steffen Hung. „Awards 2007“. Swiss charts. Посетено на 2010-12-03.
  72. Official SonyBMG Blog in Taiwan
  73. BPI - Statistics - Certified Awards
  74. Billboard.com - Avril Lavigne Takes Stripped-Down Approach On Next Album
  75. http://www.amazon.de/dp/B000O59ZN4
  76. http://www.amazon.ca/dp/B000NA1OXY
  77. http://www.amazon.com/dp/B000NA1OXY
  78. http://www.amazon.co.jp/dp/B000NA1TXY

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „allmusicreview“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „guardian“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „canoe“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „musicomh“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „popmatters“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „slantreview“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „sputnikmusic“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „stylus“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „usatoday“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „yahoomusic“ определена во <references> не се користи во претходен текст..