ITunes
ITunes е приватен мултимедијален веб- систем на познатата американска компанија Apple. Тоа е импресивно богата страница која содржи десетици милиони дигитални документи. Од песни, преку филмови, до електронски и аудио книги, телевизиски програми, универзитетски предавања и апликации за мобилните удери ipod, IPad и iPhone .
Програмери | Apple Inc. |
---|---|
Првично издание | јануари 9, 2001 |
Вон употреба | 12.10.6.2 / април 16, 2020 |
Опер. систем |
|
Вид | |
Лиценца | Бесплатна програмска опрема |
Мреж. место | apple.com/itunes/ |
Користење
уредиITunes е хибриден систем кој може да се користи на два начина. Првиот е директно преку веб читачот (англиски: browser) од компјутер или Mеc, додека другиот е преку класична и мобилна апликација која чита само мултимедијална содржина од мрежното место. Домородните апликации нудат подобри и побогати одлики од семрежните прилози, но бараат претходно преземање од интернет и долго инсталирање. Овие апликации постојат за двата популарни оперативни системи на десктопот, MacOS и Windows, како и за мобилниоѕ оперативниот систем на Apple, iOS. Апликациите кои се многу зависни од веб-содржината припаѓаат на специјална група софтвер наречена RIA (Rich Internet Application) .
Содржина
уредиОваа ризница за дигитална содржина нуди комбиниран комерцијален модел. Голем дел е достапен бесплатно, но голема е и понуда на материјали за кои мора да се плати. ITunes е регионализиран. Корисничкиот интерфејс е ист за сите земји, но тој е на различни јазици и секоја земја нуди различни нивоа на материјал. Некои нудат само мобилни апликации, некои само песни, додека најнапредната, американска продавница, ја нуди целата содржина.
Големата количина бесплатна содржина го прави овој систем многу важен катализатор за вниманието на современите корисници на интернет, бидејќи ви овозможува да гледате голем број дигитални документи на многу едноставен начин. Посебен акцент треба да се стави на делот посветен на универзитетите. Најпрестижните универзитети во светот, особено американските, иако има и британски, германски, француски и италијански и други, скоро секогаш нудат бесплатни предавања на нивните популарни курсеви. Харвард, Стенфорд, Оксфорд, Кембриџ се само неколку од неколкуте стотини достапни универзитети. Предавањата се претежно на англиски јазик, иако европските универзитети комбинираат свои и англиски.