Under My Skin (албум на Аврил Лавињ)
Under My Skin е вториот студиски албум на канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ, издаден ширум светот на 25 мај 2004 година. Овој албум бил нејзиниот последен албум издаден од издавачката куќа Arista Records. Under My Skin се искачил на прво место на Билборд 200 албум табелата и според Билборд магазинот, е ранкиран на 149 место на списокот на топ-продавани албуми во 2000-те.[1] Има продадено 9 милиони копии ширум светот.[2]
„Under My Skin“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Аврил Лавињ | ||||
Издаден | 12 мај 2004 (видете историја на издавање) | |||
Снимен | 4 август 2003–27 февруари 2004 | |||
Жанр | Алтернативен рок (видете Позадина) | |||
Траење | 40:53 | |||
Издавачка куќа | Arista | |||
Продуцент | Бач Валкер, Рејн Маида, Дон Гилмор | |||
Аврил Лавињ — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Under My Skin | ||||
|
Заднина
уредиНемајќи планови да работи со продуценти или професионални текстописци,[3] Лавињ напишала поголем дел ос албумот со канадската пејачка-текстописец Чантал Кревиазук, со која таа станала пријателка за време на летото од 2003. Кревиазук, чиј маж Рајан Маида имал свој бенд наречен Our Lady Peace, го отворил концертот на Лавињ во Европа и ја претставил неа во Торонто за време на концерт после забава во јуни 2003. Наредниот ден, Лавињ и Кревиазук имале заеднички ручек,[4] каде Лавињ ѝ кажала како сака да се развива албумот. Тие напишале неколку песни за три недели во куќичката на Маида во Торонто. Кревиазук ја поканила Лавињ тие да продолжат да работат во куќичка во Малибу, Калифорнија, која подоцна станала снимачко студио.[5] Повеќето од песните биле снимени во Малибу.
Кревиазук ѝ понудила на Лавињ Маида да ги продуцира песните од албумот, нешто што на Лавињ ѝ било непознато. Маида продуцирал пет песни, вклучувајќи ја и „Fall to Pieces“, за која и тој помогнал во пишувањето.[5] Лавињ исто така поканила уште два продуценти: Дон Гилмор, кој продуцирал три песни, од кои две биле напишани од Лавињ и Кревиазук,[5] и Бач Валкер кој продуцирал три песни за три дена.,[6] Лавињ исто така ја напишала песната, „Nobody's Home“, со Бен Муди, поранешен член на Evanescence а останатите со нејзиниот гитарист Еван Тобенфајлд.[4][7]
На мрежното место, Лавињ рекла дека таа научила многу работи од нејзиниот прв албум, Let Go: „Јас бев присутна во секој аспект во правењето на овој албум. Многу бев вклучена. Јас знаев како да бидат тапаните, гитарата и структурата. Го разбирам сиот процес многу подобро бидејќи јас помагав во него. Многу сум избирачка со мојот звук.“[4][8] За темата на албумот, Лавињ рекла, „Јас имам поминато низ многу работи, па тоа е она за што зборувам....Како момчиња, излегување на состаноци или врски“.[9]
Under My Skin се совпаѓа со неколку музички стилови поради миксот на Лавињ на поп и рок жанрот, сличен со првиот албум на Лавињ, Let Go. Under My Skin бил опишан како тин-поп,[10][11] панк,[12] поп рок,[10][11][12][13] алтернативен рок,[10][12][14] поп панк,[11] и пост-гранџ.[12]
Оценки
уредиСпоред metacritic.com, Under My Skin добил просечни 65 бода, со што добил и позитивни оценки од критичарите.[15]
Издавања и синглови
уредиUnder My Skin е издаден на 25 мај 2004 во САД и ширум светот.
Лавињ издала четири официјални синглови од албумот.
- „Don't Tell Me“ е првиот сингл од албумот, напишан и продуциран од Лавињ, Еван Тобенфајлд и Бач Валкер. Ѝ дал на Лавињ номинација на MTV Видео Музичките Награди 2004, искачувајќи се на 22 место на Билборд Хот 100, на 5 место на Табелата за Синглови на Обединетото Кралство и топ 10 во Австралија.
- „My Happy Ending“ бил вториот сингл; Тој бил и водечкиот сингл од албумот, напишан и продуциран од Лавињ и Бач Валкер песната го вратила Under My Skin на прво место во Канада неколку недели и во топ пет во САД, Гернманија, Обединетотот Кралство, Австралија и други европски земји. Тој бил нејзиниот четврт број-еден сингл во САД Мејнстрим Топ 40 и вториот платински сингл по „Complicated“ (2002). Песната станал голем хит ширум светот.
- „Nobody's Home“ бил третиот сингл издаден од албумот, напишан од Лавињ и поранешниот гитарист на Evanescence, Бен Мудо, а продуциран од Дон Гилмор. Песната се искачила на пониски места во повеќето земји отколку нејзините претходни синглови.
- „He Wasn't“ бил четвртиот сингл од албумот напишан и продуциран од Лавињ и Чантал Кревиазук. Не бил издаден во САД, но наместо „He Wasn't“ во САД била издадена песната „Fall to Pieces“, само како радио сингл.
„Take Me Away“ е исто така издаден само како радио сингл во Канада, а потоа и во Австралија.
Искачување на табелите
уредиUnder My Skin бил нејзиниот прв албум кој се искачил на првото место во САД на Билборд 200, со 381.000 продадени копии.[16] Албумот добил дупла платинска сертификавија од RIAA во ноември 2004, а до јануари 2006 добил тридупла платинска сертификација.[17]
Исто така се искачил на првото место во Јапонија,[18] продавајќи 286.894 копии. Under My Skin исто така се искачил на прво место во Канада продавајќи 63.000 copies, во Обединетото Кралство, Австралија, Шпанија, Мексико и Тајван. Исто така се искачил на првите места на Билборд Интернет Албуми во САД. Се задржал пет месеци на табелата за албуми во Нов Зеланд, добивајќи златна сертификација, но највисоката позиција му била на седмото место. На 15 април 2007, албумот повторно влегол во Табелата за Албуми на Обединетото Кралство на 60 место. Under My Skin продал повеќе од 9 милиони копии ширум светот.[2]
Промоционални турнеи
уредиЗа да го промовира Under My Skin, Лавињ имала "Live and by Surprise", турнеја во 21 гра во САД и Канада. Населбата во секој град не била објавувана 48 часа пред шоуто, кое почнало на 5 март 2004 во Милвауке, Висконсин, неделата кога песната „Don't Tell Me“ била издадена на радио. Придружена со нејзиниот гитарист, Еван Тобенфајлд, Лавињ изведувала кратка акустична верзија на пет песни од албумот во живо. Некои од песните биле и „Complicated“ и „Sk8er Boi“ од албумот Let Go.[19] Некои од песните се нашле на Live Acoustic, нејзиниот трет EP албум.
Bonez Светска Турнеја
уредиЛавињ одржала светска турнеја помеѓу 2004 и 2005 наречена, Bonez Tour посетувајќи ги Северна Америка, Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Турнејата со 140 настапи почнала на 26 септември 2004 и завршила една година подоцна, на 25 септември 2005. Предгрупи концертите биле Simple Plan и Бач Валкер. На истите настапи, таа ја препеала песната „American Idiot“ од Green Day и „All the Small Things“ од Blink-182. Настапите во живо на Будоканскиот Стадиум се нашле на ДВД-то Live at Budokan: Bonez Tour, кое било издадено само во Јапонија.
Список на песни
уредиБр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
---|---|---|---|---|
1. | „Take Me Away“ | Лавињ, Еван Тобенфајлд | Дон Гилмор | 2:57 |
2. | „Together“ | Лавињ, Чантал Кревиазук | Гилмор | 3:14 |
3. | „Don't Tell Me“ | Лавињ, Тобенфајлд | Бач Валкер | 3:21 |
4. | „He Wasn't“ | Лавињ, Кревиазук | Раине Маида | 2:59 |
5. | „How Does It Feel“ | Лавињ, Кревиазук | Маида | 3:44 |
6. | „My Happy Ending“ | Лавињ, Бач Валкер | Валкер | 4:02 |
7. | „Nobody's Home“ | Лавињ, Бен Муди | Гилмор | 3:32 |
8. | „Forgotten“ | Лавињ, Кревиазук | Гилмор | 3:17 |
9. | „Who Knows“ | Лавињ, Кревиазук | Маида | 3:30 |
10. | „Fall to Pieces“ | Лавињ, Маида | Маида | 3:30 |
11. | „Freak Out“ | Лавињ, Тобенфајлд, Мет Бран | Валкер | 3:13 |
12. | „Slipped Away“ | Лавињ, Кревиазук | Маида | 3:34 |
Бонус песни | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Продуцент(и) | Траење |
13. | „I Always Get What I Want“ (Јапонска и ОК едиција) | Лавињ, Клиф Магнес | Клиф Магнес | 2:31 |
14. | „Nobody's Home (аксутична верзија во живо)“ (Јапонска едиција) | Лавињ, Муди | Гилмор | 3:38 |
- Специјална Едиција
- „Nobody's Home“ (живо) – 3:20
- „Take Me Away“ (живо) – 2:55
- „He Wasn't“ (живо) – 3:13
- „Tomorrow“ (живо) (Лавињ, Куртис Фраска, Сабел Брир) – 3:35
ДВД:
- Under My Skin Дневник
- Bonez Tour Дневник
- „Don't Tell Me“ (музичко видео)
- „My Happy Ending“ (музичко видео)
- „Nobody's Home“ (музичко видео)
- „He Wasn't“(музичко видео)
- DualDisc Едиција
ДВД страна:
- Целиот албум со подобрен звук
- Зад сцените
- „Don't Tell Me“ (музичко видео)
- „My Happy Ending“ (музичко видео)
- „Nobody's Home“ (музичко видео)
- Б-страни и извадоци
- „Take It“ (Аврил Лавињ, Клиф Магнес) – 2:50[се бара извор]
- „Knockin' on Heaven's Door“ (Боб Дилан) – 2:53
- „Daydream“ (Аврил Лавињ, Чантал Кревиазук) – 3:02[се бара извор]
- „Breakaway“ (Аврил Лавињ, Метју Жерард) – Аврил ја напишала оваа песна за Under My Skin, но била одбиена. Подоцна песната се појавила на албумот Breakaway од Кели Кларксон и била издадена како прв сингл од албумот.[се бара извор]
Историја на издавање
уредиРегион | Датум | Куќи |
---|---|---|
Јапонија[20] | 12 мај 2004 | BMG Japan |
Обединетото Кралство[21] | 24 мај 2004 | Arista |
САД[22] | 25 мај 2004 |
Наводи
уреди- ↑ „Billboard Top selling albums of the decade“. Billboard. 22 January 2004. Архивирано од изворникот на 19 December 2010. Посетено на 12 November 2009.
- ↑ 2,0 2,1 „Avril Lavigne“. Архивирано од изворникот на 2008-03-31. Посетено на 20 June 2010.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Brian, Hiatt (22 January 2004). „Northern Light“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Avril Lavigne bio“. Eventful. Посетено на 18 August 2010.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Bliss, karen (1 April 2004). „Avril Lavigne's Dark Side“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ D'Angelo, Joe (6 December 2004). „Butch Walker Prefers Avril's Friendly Fans To The Punks Who Booed Him“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-04-25. Посетено на 30 March 2009.
- ↑ Hiatt, Brian (30 April 2004). „'Skin' Deep“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ „People magazine: Avril Lavigne“. People (magazine). Архивирано од изворникот на 2016-08-29. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ Soghomonian, Talia (September 2004). „Interview: Avril Lavigne“. musicOMh. Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 29 December 2010.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Thomas Erlewine, Stephen. „Under My Skin: Avril Lavigne“. Allmusic. Архивирано од изворникот на 19 December 2010. Посетено на 18 March 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 11,0 11,1 11,2 „Avril Lavigne: Under My Skin“. Посетено на 4 August 2010.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 „Avril Lavigne on discogs“. Посетено на 20 June 2010.
- ↑ „Under My Skin album review“. mp3.com. Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 9 March 2010.
- ↑ „IPGmusic - Under My Skin (2004) by Avril Lavigne“. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 20 June 2010.
- ↑ „Under My Skin: by Avril Lavigne“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 2016-01-07. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ Whitmire, Margo (2 June 2004). „Avril Adds Another No. 1 Album“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Архивирано од изворникот на 2009-04-25. Посетено на 19 March 2009.
- ↑ „Gold and Platinum“. Recording Industry Association of America. Посетено на 19 March 2009.
- ↑ „Oricon Charts“. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 20 June 2010.
- ↑ D'Angelo, Joe (5 March 2004). „Avril Lavigne Sells New Songs At Mall Tour Opener“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-09-16. Посетено на 19 March 2009.
- ↑ „Under My Skin: Avril Lavigne: Music“. Amazon.co.jp. Посетено на 2010-11-18.
- ↑ „Under My Skin: Avril Lavigne: Music“. Amazon.co.uk. Посетено на 2010-11-18.
- ↑ „Under My Skin: Avril Lavigne: Music“. Amazon.com. Посетено на 2010-11-18.
Претходник Confessions од Ашер |
Билборд 200 број-еден албум 6 јуни 2004 – 12 јуни 2004 |
Наследник Confessions од Ашер |
Претходник Hopes and Fears од Keane |
Број-еден албум во Обединетото Кралство 5 јуни 2004 – 1 јуни1, 2004 |
Наследник Hopes and Fears од Кеан |
Претходник Get Born од Jet |
Австралиски ARIA Албум Табела број-еден албум 31 мај 2004 – 6 јуни 2004 |
Наследник Wayward Angel од Кеси Чемберс |