Алфавил
Алфавил или Alphaville е германски музички состав, многу популарен низ осумдесеттите години. Алфавил во 1982 година во Минстер бил основан од Маријан Голд (роден како Хартвиг Ширбаум 26 мај 1954), Бернард Лојд (роден како Бернард Геслинг 2 февруари 1960) и Франк Мертенс (роден како Франк Зоргац 26 октомври 1961), под првобитно име Forever Young.[1] Алфавил свиреле синт-поп и музика Нов талас . Најпознати се по своите два големи светски хита, Big in Japan и Forever Young.[2][3][4]
Alphaville | |
---|---|
Алфавил во 2005 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Forever Young |
Потекло | Минстер, Германија |
Жанрови | |
Период на активност | 1982–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | alphaville.info |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Историја
уредиВо 1984 година Алфавил го издааат својот првенец, сингл Big in Japan, потоа Sounds like a Melody и Forever Young, и набрзо и албумот Forever Young. Песните таканаречно преко ноќ се качуваат на врвовите на поп и диско лествиц и групата добива светска претпознатливост. И покрај вртоглавиот успех, Франк Мертенс на крајот од годината го напушта составот, а го заменува на почетокот од 1985 Рики Ехолет (роден како Волфганг Нојхаус 6 август 1960) 1985 излегува четвртиот сингл The Jet Set, а во 1986 Алфавил го издава прво Dance With Me, а потоа и други албуми Afternoons in Utopia, који ги продуцирале Питер Волш (Скот Вокер, Симпл Мајндс) и Стив Томпсон (А-Ха, Дејвид Боуи). Во јуни излегува Afternoons заедно со синглот Universal Daddy, а во декември Jerusalem. Со албумот The Breathtaking Blue 1989 (со Клаус Шулце) го менуваат стилот на мешавина од најразлични стилови, рок, класика, блуз и џез. Наместо поединечни спотови, за Алфавил девет продуценти, меѓу кои и Годфри Реѓо (Koyaanisqatsi), снимили цел филм наречен Songlines заснован на песните од албумот. Меѓутоа успехот од првиот сингл не се повторил.
После „најдоброто-од“ албумот First Harvest 1992, до тогаш најамбициозни подухват групи, Prostitute, кои уште еднаш драстично го проширич стилските рамки на Алфавил, го следел текот во 1994. Композиторот и аранжер Рајнер Блос по првпат се јавува како такнаречен неофицијален четврти член на составот. Во 1995 година, после десет година искључиво студијска работа, починуваат и првите тури на Алфавил, низ кои Британацот Мартин Листер станува како додатни клавијатуриста. Во 1997 година излегува петтиот студиски албум Salvation, како враќање на синт-поп коренимите на групата и последни во составот Голд, Лојд, Ехолет (Рики го напуштил составот на крајот на годината). Во јануари 1999 година ја издаат антологијата Dreamscapes на 8 ЦД (воглавно нов и порано неиздаден материјали, миксови и живи изведби). После турнеите низ целиот свет , во 2000 година излегува албумот Stark Naked and Absolutely Live и во 2001 ремикс на албумот Forever Pop и DVD со снимки од првиот концерт во Соединетите Американски Држави одржани во Солт Лејк Сити (Јута).
Во 2001 и 2002 година Алфавил целокупната продукција на својот нов материјал го поставиле на Интернет, одкаде мрежената публика можела бесплатно да ги пратити и коментара од почетоко на сè до конечни облици. Резултат од овие подухвати биле 4 ЦД-а под име CrazyShow (или Dreamscapes 9-12) издадено во 2003. Бернард Лојд не учествувал во создавањето на овој албум и набрзо по неговиот излез, 18 март 2003, објавил дека ја напушта групата. Моментално, Алфавила го сочинуваат Маријан Голд (вокал), Мартин Листер (клавијатура), Дејвид Гудс (гитара) и Пирсон Гренџ (тапани).
Бернард Лојд (како Atlantic Popes) и Маријан Голд издавале и самостојни албуми. Франк Мертенс работи на музички проект под назив Maelstrom.
Дискографија
уреди- 1984: Forever Young
- 1986: Afternoons in Utopia
- 1988: The Singles Collection
- 1989: The Breathtaking Blue
- 1992: First Harvest 1984-92
- 1994: Prostitute
- 1997: Salvation
- 1999: Dreamscapes (8 ЦД-а)
- 1999: Visions of Dreamscapes (во Бразил)
- 1999: Flame
- 1999: Salavation ( САД)
- 2000: Stark Naked and Absolutely Live
- 2001: Forever Pop
- 2003: CrazyShow (4 ЦД-а)
- 2003: CrazyShow Excerpts
Хит-синглови
уреди- Big in Japan (1984), #1. во Германија, #1. во САД
- Sounds Like A Melody (1984), #3. во Германија
- Forever Young (1984), #1. во Германија
- Jet Set (1985), #11. во Германија
- Dance With Me (1986), #1. во Германија
- Universal Daddy (1986), #36. во Германија
- Jerusalem (1987), #57. во Германија
- Romeos (1989), #45. во Германија
- Fools (1994), #70. во Германија
Наводи
уреди- ↑ Pingitore, Silvia (2022-09-12). „Interview with Alphaville's Marian Gold about Forever Young“ (англиски). Посетено на 2023-07-02.
- ↑ „Alphaville“. apple.com. Посетено на 25 November 2013.
- ↑ „Alphaville“. sputnikmusic.com. Посетено на 25 November 2013.
- ↑ „Alphaville“. last.fm. Посетено на 25 November 2013.
Надворешни врски
уреди„Алфавил“ на Ризницата ? |