Којанискаци (англиски: Koyaanisqatsi), познат и како Којанискаци: Живот надвор од рамнотежа — филм од 1982 во режија на Годфри Реџио со музика компонирана од страна на Филип Глас и кинематографија на Рон Фрике.

„Којанискаци“
РежисерГодфреј Реџио
ПродуцентГодфреј Реџио
МузикаФилип Глас
КинематографијаРон Фрике
МонтажаАлтон Волпол
Рон Фрике
СтудиоInstitute for Regional Education
ДистрибутерIsland Alive
New Cinema (дистрибутер)
Премиера28 април 1982
Времетраење86 минути
ЗемјаСАД
Буџет$2,5 милиони
Бруто заработка$3,2 милиони

Филмот се состои главно од забавени и снимки во постепено забрзано развивање на различни пејзажи во САД. Визуелниот тонски поем не содржи никаков дијалог ниту воклано раскажување. Тонот е распределен по подреденоста на сликите и музиката. Реџио го објаснува недостигот на дијалог преку следната изјава: „Овој филм нема јазик не поради недостигот од љубов кон него туку поради тоа што од моја гледна точка, јазикот е во состојба на масовно понижување и омаловажување. Тој повеќе не го опишува светот во којшто живееме“."[1] Значењето на зборот Којанискаци (Koyaanisqatsi) во превод од јазикот Хопи значи „живот надвор од рамнотежа“.[2] Овој филм е прв од трилогијата Каци. Другите два филмови од оваа трилогија се Повакаци (1988) и Накојкаци (2002). Трилогијата ги отсликува различните аспекти во врската помеѓу луѓето, природата и технологијата. Којанискаци е најпознат филм од трилогијата и се смета за култен филм. Сепак, поради проблеми во авторските права, филмот бил повлечен од производство во почетокот на 90-те.[3]

Наводи

уреди
  1. Carson, Greg (director). (2002). Essence of Life. [DVD]. MGM Home Entertainment. 
  2. „Glass Reflections“. Архивирано од изворникот на 2014-07-28. Посетено на 2009-03-02.
  3. „Koyaanisqatsi“. Spirit of Baraka. 2007-05-21. Посетено на 2008-05-28.

Надворешни врски

уреди