Милева Мариќ (српски: Милева Марић), (Тител, Австроунгарија, 19 декември 1875Цирих, Швајцарија, 4 август 1948) — српска математичарка, прва жена на Алберт Ајнштајн, еден од најгенијалните луѓе на XX век. Постојат тврдења дека таа придонела за раните Ајнштајнови трудови, но степенот на нејзиното учество во откритијата не е познат, па затоа е предмет на разни расправи.

Милева Мариќ
Милева Мариќ 1896 година
Роден(а)19 декември 1875
Тител, Австроунгарија
Починал(а)4 август 1948 (72 г.)
Цирих, Швајцарија
Полињаматематика
физика
ОбразованиеЕТХ Цирих
Белешки
Жена на Алберт Ајнштајн

Животопис

уреди
 
Семејната куќа на Милева Мариќ во Нови Сад

Милева Мариќ е родена во богато семејство во Тител во Војводина (тогаш дел од Австроунгарска) како најстара од трите деца во семејството на офицер на австроунгарската војска. При породување на Милева и е исчашен колкот, па затоа левбата нога и била пократка. Набргу по нејзиното раѓање, нејзиниот татко ја завршил воената кариера и добил работа во суд во Рума, а потоа во Загреб. Милева имала помала сестра Зорка (1883—1938) и брат Милош (роден 1885.) Во Рума постои куќа во која живеело семејството на Милева Мариќ од 1877. до 1892. година.[1] Семејната куќа на семејството Мариќ која постои во Нови Сад, Кисачка 20, е под заштита на државата.[2]

Образование

уреди
 
Биста на Милева Мариќ-Ајнштајн во Сремска Митровица

Во 1886 година Милева се запишала во женската гимназија во Нови Сад, а во 1888 година преминала во гимназијата во Сремска Митровица, каде што и завршила матура во 1890 година како најдобра во одделението по математика и физика. Од 1890 година школувањето го продолжува во гимназијата во Шабац. Кога се преселила во Загреб, добила специјална дозвола за да оди во училиште во кое учеле само машки.

Во летото 1896 година се запишала на студии по медицина на Универзитетот во Цирих. Во октомври се префрлила на Државна политехничка школа на студии по математика и физика. Таа била петтата жена која била примена на тој факултет. Еден од нејзините колеги на предавањата по физика бил и Алберт Ајнштајн, кој тогаш имал 17 години. Првите две години од студирањето биле многу успешни за Милева. Еден семестар поминала во Хајделберг. Додека била отсутна се допишувала со Алберт, кој и напишал дека му недостига. Во Цирих се вратила 1899 година и стапиле во врска. Родителите на Милева не биле против таа врска, бидејќи знаеле дека нејзините шанси за брак се мали поради нејзината болест. Меѓутоа родителите на Ајнштајн се противеле, бидејќи таа била постара од него три и пол години и не била Еврејка.

И покрај добриот успех во почетокот на студиите на Милева, тој почнал да слабее. Во летото 1900 година не ги положила своите завршни испити. Иако просекот на Милева и Алберт бил помал од потребниот 5,0, Албертовиот просек 4,9 бил заокружен на 5,0, но за Милевиниот 4,0 најзаслужна е слабата оценка 2,5 од теорија на функции. Ајнштајн дипломирал и отишол дома за распуст. Милева останала во Цирих, работејќи како лабораториски асистент и во исто време се подготвувала повторно да излезе на испити. Милева и Алберт повторно се сретнале на езерото Комо. Неколку недели подоцна Милева открила дека е бремена, а во јули 1901 година повторно паднала на испити. Таа есен Ајнштајн се вработил како професор на замена во Шафхаузен, работа која била слабо платена.

Бракот со Ајнштајн

уреди
 
Милева и Алберт Ајнштајн, 1900.

Во Нови Сад, кон крајот на јануари или почетокот на февруари 1902 година, Милева ја родила ќерката Лизерл. Во својата 27. година, со незавршен факултет и вонбрачно дете, се чувствувала како срам за семејството. Во меѓувреме, Алберт добил работа во патентски завод во Берн. Алберт и Милева се венчале во Берн на 6 јануари 1903 година. Пред венчавката Лизерл се разболела од шарлах. Не е познато дали починала или е дадена на посвојување. Кога Милева се придружила на Алберт во Берн, детето не било до неа. Нивниот брак функционирал така што Алберт шест дена неделно поминувал во патентниот завод, слободното време го посветувал на физиката, а Милева пробала да се носи со губењето на детето и неуспехот на факултетот. Сепак, бракот тргнал кон подобро откако Алберт добил покачување и со раѓањето на синот Ханс Алберт. Ајнштајн во 1905 го објаснил фотоелектричниот ефект, a 1908. ја добил лиценцата за работа на универзитетот во Берн. Наредната година дал отказ на Универзитетот во Берн и заводот за патенти и го прифатил местото како вонреден професор по теориска физика на Универзитетот во Цирих.

Ајнштајн почнал да се допишува со роднината во која бил заљубен како дете, па бракот со Милева западнал во криза. За да ја надминат кризата во бракот, отпатувале на одмор. Нивниот втор син Едуард е роден во 1910 година.

Наредната година, Алберт со семејството се преселил во Прага, каде што е поставен за редовен професор на Универзитетот Карл-Фердинанд. За Милева овој премин бил тежок; како Србинка била чувствителна на напнатоста помеѓу германски и чешки националисти, со кои како Словенка се идентификувала. Ајнштајн во 1912 се вратил во Цирих, Алберт останал со Елза и ја завршил Општата теорија за релативност. Во 1916 година побарал развод од Милева, која поради тоа се разболела. Додека Милева била болна, нејзината помала сестра се грижела за децата, но на крајот поради грижата за сестра ѝ доживеала нервен слом, па наредните две години ги поминала во психијатриска клиника. Милева конечно се согласила да се разведе од Алберт во 1918, а Ајнштајн се сложил да ѝ даде пари од било која идна Нобелова награда. Официјално се развеле на 14 февруари 1919, а Алберт се оженил со Елза на 2 јун 1919. Таа година, прекршување на светлината во гравитациско поле за време на затемнување на Сонцето бил главниот доказ за Општата теорија за релативност, што на Ајнштајн му донесе светска слава.

После разводот

уреди
 
Куќата на Милева Мариќ-Ајнштајн во Цирих
 
Гробот на Милева Мариќ-Ајнштајн во Цирих

Тешкоболната сестра Зорка доживеала уште еден нервен слом, а пред тоа запалила поголема количина на пари од своите веќе остарени родители во Нови Сад. Таткото на Милева, Милош починал во 1922 од мозочен удар, а Зорка законски била прогласена за неспособна.

Иако станал славен заради теорија за релативноста, Ајнштајн Нобеловата награда ја добил за физика за објаснување на фотоелектричен ефект. Заради патувањата Ајнштајн не присуствувал на доделување на наградата, па шведскиот амбасадор му ја доделил дури во 1923 година, а Алберт парите ѝ ги дал на Милева. Милева парите ги вложила во три стана во Цирих, како и за нега на помалиот син Едуард, кој во 1930 оболел од шизофренија. Оваа деценија за Милева била многу тешка: Алберт и Елза заради нацистите емигрирале во Соединетите Американски Држави, мајка ѝ на Милева починала на дочек на новата 1935 година, а сестра ѝ Зорка умрела 1938 година. Постариот син Ханс Алберт со своето семејство емигрирал во Соединетите Американски Држави во 1938 година, каде што нејзиниот најмал внук Клаус Мартин починал во рок од неколку месеци.

Милева заради долговите настанати заради Едуардовта болест морала да продаде две куќи, а и претрпела и опасност да остане и без третата, па се обратила на Алберт за помош. Ајнштајн ја преземал сопственоста над куќата, но 8 години подоцна изненадно ја продал за 85.000 швајцарски франци, под услов да ѝ дозволи на Милева да остане во куќата. Меѓутоа, на дочекот на Нова година, Милева изненадно добила официјално објаснување дека нејзината закупнина истекла. Еден пријател пробал да ѝ го продолжи престојот и откриено е дека парите на купувачот во износ од 85.000 франци случајно се уплатени на името на Милева, Алберт барал од Милева да му ги врати парите инаку ќе го исклучел Едуард од тестаментот.

Во таа пролет на Милева ѝ се слошило за време на еден насилен напад на Едуард, и се онесветила. Починала во болница три месеци подоцна, на 4 август 1948 година и погребана е на циришките гробишта Нордхајм. За нејзиниот гроб пошироката јавност дознала во 2004 година по заслуга на Петар Стојановиќ, основач на Меморијалниот центар „Никола Тесла“ од Санкт Гален.[3] По пет години, 14 јуни 2009 година, со осветување и откривање на спомен-обележјето претставниците на Република Србија првпат официјално и одадоа почит на Милева Мариќ-Ајнштајн.

Наводи

уреди