Шугово (грчки: Πλατανάκια, Платанакија; до 1922 г. Σιούγκοβα, Сугова[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 411 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци и Турци.[3]

Шугово
Πλατανάκια
Шугово is located in Грција
Шугово
Шугово
Местоположба во областа
Шугово во рамките на Синтика (општина)
Шугово
Местоположба на Шугово во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°18′N 22°57′E / 41.300° СГШ; 22.950° ИГД / 41.300; 22.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно411
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу 63 километри северозападно од градот Сер и на 30 километри од Валовишта, во падините на Беласица, на надморска височина од 320 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Шугова со 133 домаќинства.[4]

Во XIX век Шугово било мешано македонско-турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Шугово (Chougovo) имало 250 домаќинства со 340 жители Македонци и 300 муслимани.[5][6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Шугово, на 2 часа западно од Порој. Местоположбата и занаетите се исти како и во Матница. Имаат црква и училиште со 20 ученици, во кои служат на грчки. 30 турски и 60 македонски куќи.[7]

Христијанското население било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Шугово имало 1.350 жители, од кои 850 Македонци и 500 Турци.[5][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Шугово имало 1.800 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5][9]

Во Првата балканска војна, 27 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[10]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 511 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 295 лица.[3] Во 1922 година, името на селото било променето во Платанакија (Πλατανάκια).[2]

Во 1923-1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 535 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 254 бегалски семејства (вкупно 976 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба.[3]

Стопанство

уреди

Населението произведува многу костени, како и компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството и краварството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.229 947 948 723 816 604 697 444 411
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 29 квадратни километри.[3] Општината Шугово била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шугово, во кој е единствено село.

Личности

уреди
 
Мито Кехајов

Родени во Шугово

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 214–215.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 859-860.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  10. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 889. ISBN 954-9800-52-0.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 35. ISBN 954-9800-52-0.
  12. 12,0 12,1 „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.54