Сточарство

(Пренасочено од Сточарството)

Сточарството е многу значајна земјоделска гранка во светот. Производите кои се добиваат од сточарството, како: млеко, месо, маст и јајца се меѓу најбараните и најмногу се употребуваат во исхраната на населението. Освен тоа, оваа гранка обезбедува и суровини за различни гранки од индустријата како што се прехранбената, текстилната, фармацевтската, кожарската, хемиската и др.. Со преработка на волната се произведува облека, а од кожата обувки и друго. Сточарството се развива на основа на пасишните површини, ливадите и полјоделското производство.[1]. Врз основа на начинот на сточарење односно напасување и обезбедување на сточна исхрана развиени се и различните видови на: подвижното односно номадско и полуномадско сточарство, каде стадата добиток се тераат во различни места и предели во зависност од годишните времиња, како и фармерското односно постојаното неподвижно одгледување на добитокот на едно место во текот на целата година.

Одгледување на говеда на фарма
Движења во номадското сточарство во Македонија (XIX век)

Сточарство може да се подели на следните подгрупи:

Наводи

уреди
  1. Saltini Antonio, Storia delle scienze agrarie, 4 vols, Bologna 1984-89, ISBN 88-206-2412-5, ISBN 88-206-2413-3, ISBN 88-206-2414-1, ISBN 88-206-2414-X

Надворешни врски

уреди