Станица Порој

село во Валовишко, Егејска Македонија

Станица Порој или Железничка Станица Порој (грчки: Ροδόπολη, Родополи; до 1926 г. Σταθμός Ποροίων, Статмос Поројон[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 820 жители (2011). Ова е ново село, основано во 1926 г. од грчката власт за сместување на грчки доселеници од Турција.[2]

Станица Порој
Ροδόπολη
Станица Порој is located in Грција
Станица Порој
Станица Порој
Местоположба во областа
Станица Порој во рамките на Синтика (општина)
Станица Порој
Местоположба на Станица Порој во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.41′N 23°0.2′E / 41.25683° СГШ; 23.0033° ИГД / 41.25683; 23.0033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно820
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено 60 км северозападно од Сер, 30 км западно од Валовишта. Лежи во Серското Поле, недалеку од јужното подножје на планината Беласица. Близу на север се селата Долно и Горно Порој.

Историја

уреди

Селото е основано на местото на железничката станица на селата Долно и Горно Порој која не била официјално населена, туку имала дуќани кои ги опслужувале патниците. Како населено место за првпат се спомнува во 1920 г. кога тука се забележани 58 жители.[2] На ова место во 1924 г. властите почнале да градат нова населба, која ја завршиле и прогласиле за таква во 1926 г. Во неа сместиле грчки колонисти од Турција. На пописот од 1928 г. селото броело 685 жители од 137 семејства.[2]

Поради добрата местоположба и плодното земјиште, во Станица Порој подоцна се доселиле и други грчки дојденски семејства кои претходно биле сместени во повисоките села на планината Круша. Така, во 1940 г. селото пораснало на 868 жители. За време на Втората светска војна во 1941 г. селото е окупирано од Бугарија, со што дел од населението го напуштило, па истата година тие завеле 676 жители[2] За време на Граѓанската војна, во селото биле сместени поголем број семејства од планинските села на Круша кои по војната останале тука. Така, во 1951 г. Станица Порој пораснала на 1.124 лица.[2] Во текот на следните десетлетија, населението неколкупати растело и опаѓало во наизменични периоди.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 868 1.124 938 1.238 1.090 848 1.129 820
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото главно се занимава со земјоделство, но и други стопански гранки. Се произведуваат жито, памук, компири и друго, а во помала мера е застапено и сточарството.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 195.

Поврзано

уреди