ФК Челси
ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) — професионален англиски фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1905 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Ензо Мареска. Сопственик е Тод Боели од Соединетите Американски Држави. Челси има пет титули во англискиот фудбал (една во Прва дивизија и четири во Премиер лигата). Домашните натпревари ги игра на стадионот „Стемфорд Бриџ“, со капацитет од 42.500 луѓе, кој се наоѓа во Фулам (Западен Лондон).
Челси | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Челси | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Сините (the blues) | |||
Основан | 1905 | |||
Стадион | Стемфорд Бриџ Лондон, Англија | |||
Капацитет | 40,853 | |||
Сопственик | Тод Боелу | |||
Менаџер | Ензо Мареска | |||
Лига | Премиер лига | |||
2023/24 | Премиер лига, 6. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Историјат
уредиПознат и како „сините“, или во подамнешно време како „пензионерите“, фудбалскиот клуб „Челси“ во најголем дел од својата историја играл во елитната англиска Премиер лига. Првиот голем успех било учеството во финалето на Англискиот куп, каде што загубил од „Шефилд“. Сепак, во 1955 година, „Челси“ успеал да го освои тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживеал со трите победи во Премиер-лигата (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010), како и со двете финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот соперник „Манчестер Јунајтед“ (2008), додека во второто финале извојувал победа над „Баерн Минхен“ со резултат 4-3 (пенали).
Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесеттиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил честопати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.
Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлука Вијали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти.[1] Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).
Луис не направил многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто.[2] По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп[3], и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонски клуб со титула во Лигата на Шампионите.[4]
Во сезоната 2016-2017 за тренер бил ангажиран Антонио Конте, под чие водство екипата прикажала добри игри, остварувајќи 13 победи во низа, т.е. само една помалку од рекордот на „Арсенал“ од 2002 година. Победничката серија била прекината во јануари 2017 година, со поразот на гостувањето кај „Тотенхем“, со резултат 0:2.[5]
Стамфорд Бриџ
уредиЧелзи имале само еден терен Стамфорд Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од London Athletics Club како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна стопанственик Гус Mears и неговиот брат Јосиф, кој исто така купија и околните земјиште (порано голем пазар ). Димензиите на теренот се 103 x 67 метри. Капацитетот му е 41,663 места.
Успеси
уредиДомашни
уреди- ФА Премиер лига
- Победници (4): 1954–55, 2004–05, 2005–06, 2009–10, 2014-2015.
- Втора дивизија
- Победници (2): 1983-84, 1988-89.
- ФА Куп
- Освојувачи (7): 1969–70, 1996–97, 1999–00, 2006–07, 2008–09, 2009–10, 2011–12
- Лига куп
- Освојувачи (4): 1965, 1998, 2005, 2007.
- FA Charity Shield/Community Shield
- Освојувачи (4) : 1956, 2000, 2005, 2009
- Full Members Cup
- Освојувачи (2): 1986, 1990.
Европски
уреди- Освојувач (1): 2011-12. 2020-21
- Финалист (1): 2007-08
- Освојувач (1): 2012-13
- Освојувач (2): 1970-71, 1997–98
- Освојувач (1): 1998. 2021
Играч на годината
уреди
|
|
|
|
Спонзори
уредиПериод | Производител | Спонсор |
---|---|---|
1975–1981 | Umbro | никој |
1981–1983 | Le Coq Sportif | |
1983–1984 | Gulf Air | |
1984–1986 | никој | |
1986–1987 | Chelsea Collection | |
1987–1993 | Umbro | Commodore |
1993–1994 | Amiga | |
1994–1997 | Coors | |
1997–2001 | Autoglass | |
2001–2005 | Fly Emirates | |
2005–2006 | Samsung Mobile | |
2006–2008 | Adidas | |
2008–2015 | Samsung | |
2015–2020 | Yokohama Tyres | |
2020–2023 | ќе се дознае |
Наводи
уреди- ↑ „Russian businessman buys Chelsea“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 2 July 2003. Посетено на 11 February 2007.
- ↑ „Andre Villas-Boas confirmed as Chelsea manager“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 22 June 2011. Посетено на 22 June 2011.
- ↑ McNulty, Phil (5 May 2012). „Chelsea 2–1 Liverpool“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 20 May 2012.
- ↑ McNulty, Phil (19 May 2012). „Bayern Munich 1–1 Chelsea (aet, 4–3 pens)“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 20 May 2012.
- ↑ „Челзи изгуби по 13 победи во низа“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 42.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Официјална Facebook страна
- Официјална Twitter страна
- Chelsea F.C.Архивирано на 7 мај 2012 г. FA Premier League