Френк Лампард

(Пренасочено од Frank Lampard)

Френк Лампард (роден на 20 јуни 1978) — англиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој настапувал како играч од средниот ред за неколку англиски клубови од Премиер лигата, но најголем траг оставил во Челси. Исто така тој е и поранешен англиски репрезентативец. Во моментов ја води екипата на Челси.

Френк Лампард
Френк Лампард во Челзи
Лични податоци
Полно име Френк Џејмс Лампард
Роден на 20 јуни 1978(1978-06-20)(45 г.)
Роден во Ромфорд, Лондон, Англија
Држава  Англија
Висина 1.84 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Евертон Евертон (тренер)
Повлекување 2 февруари 2017 - како играч
Младинска кариера
1994–1995 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–2001 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 148 (138)
1995–1996Свонзи Сити Свонзи Сити 9 (1)
2001–2014 Челси Челси 429 (142)
2014–2015 Манчестер Сити Манчестер Сити 32 (6)
2015–2016 Њујорк Сити Њујорк Сити 29 (15)
Total 647 (193)
Репрезентација
1997–2000 Англија Англија 21 16 (9)
1999–2014 Англија Англија 106 (29)
Раководител на екипите
2018–2019 Дарби Каунти Дарби Каунти
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20
46, 9 April 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:51, 12 November 2011 (UTC)

Се смета за еден од најдобрите англиски фудбалери од средниот ред од неговата генерација. Лампард својата кариера ја започнал во Вест Хем Јунајтед. Во 2001, тој се префрлил во соперничкиот лондонски клуб Челзи за £11 милиони фунти. Френк потпишал нов договор во 2008 година, со што станал најплатениот фудбалер во ФА Премиер Лигата во тоа време и постигна гол во неговиот прв настап во финалето на Лигата на шампионите. Тој го освоил ФА купот по вторпат во 2009, со постигнување на победничкиот гол во финалето. Во сезоната 2011-2012, Френк славел, заедно со неговиот тим Челзи, по победата во Лигата на шампионите. Тој го освии неговиот втор трофеј во ФА Купот во 2009 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето. Во сезоната 2009-10, Лампард им помогнал на Челзи ја освојат Премиер лигата и ФА Купот, и исто така тоа претставувала една од најплодните негови сезони со клубот, постигнувајќи 22 голови и 17 асистенции лига. Во 2012 година, Лампард како капитен на Челзи дојде до својот најголем успех, освојувајќи ја Лигата на Шампионите, а една година подоцна до првата титула во Лигата на Европа.Тој беше ослободен од страна на клубот по завршувањето на сезоната 2013-14година.

На репрезентативно ниво, Лампард е дел од списокот на фудбалери со 100 или повеќе настапи за репрезентацијата, во неговиот случај тој забележал 106 настапи за Англија од своето деби во октомври 1999 година, и постигнла 29 голви. Тој бил прогласен за играч на годината во Англија во две последователни години во 2004 и 2005 година. Со репрезентацијата настапил на Евро 2004, каде што бил именуван во тимот на турнирот постигнувајќи три гола во четири натпревари. Тој бил најдобар стрелец за Англија во кфалификациите за Светското првенство во 2006 година со пет постигнати гола, и ја претставвувал Англија на три светски првенства. Тој е еден од најдобрите изведувачи на пенали на Англија со девет гола, надминувајќи го претходниот рекорд на Рон Флауферс и Алан Ширер.

Животопис уреди

Од декември 2015 година, тој е во брак со телевизиската водителка Кристин Блекли.

Почести уреди

  Член на Британската Империја
«За неговите заслуги во фудбалот и спортот во Велика Британија»
Лондон, 12 јули 2015

Надворешни врски уреди