Вилијан Борхес да Силва

(Пренасочено од Willian)

Вилијан Борхес да Силва (роден на 9 август 1988, во Рибеирао Пирес) попознат само како Вилијанбразилски фудбалер, играч од средниот ред на Фулам и на бразилската репрезентација.

Вилијан
Лични податоци
Полно име Вилијан Борхес да Силва[1]
Роден на 9 август 1988(1988-08-09)(36 г.)[2]
Роден во Рибериао Пирес, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001750000001,75 м[3]
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Фулам Фулам
Број 20
Младинска кариера
Коринтијанс Коринтијанс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Коринтијанс Коринтијанс 20 (2)
2007-2013 Шахтар Донецк Шахтар Донецк 140 (20)
2013 Анжи Анжи 11 (1)
2013-2020 Челси Челси 234 (29)
2020-2021 Арсенал Арсенал 25 (1)
2021-2022 Коринтијанс Коринтијанс 35 (1)
2022- Фулам Фулам 1 (0)
Репрезентација
2007 Бразил Бразил 20 12 (0)
2011-2019 Бразил Бразил 70 (9)
* Ажурирано на: 22 јануари 2012
** Ажурирано на: 22 јануари 2012

Технички одлики

уреди

Брз, агилен, вреден и технички надарен играч, познат по своите брзи нозе, забрзување и експлозивен стил на игра, што му овозможува да ги предрибла противничките играчи со брзина и да држи блиска контрола над топката; во типичен бразилски стил, тој, исто така, често знае да користи финте и трикови, како што е флип флап, со цел да ги збуни и изненади дефамзивците.[4][5][6][7] Најмногу му одговараат позициите крило и офанзивен играч од средниот ред,[8][9][10] каде неговата висока издржливост, визија и креативност му овозможува да ја поврзува играта помеѓу поповлечените играчи од средниот ред и напаѓачите, и да создадава шанси за гол.[6][9] Исто така е солиден изведувач на слободни удари.[11]

Клупска кариера

уреди

Коринтијанс

уреди

Вилијан ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Коринтијанс, на кој му се приклучил во 1998 година на возраст од 9 години.

Во 2007 година, откако поминал низ сите младински категории на клубот, Вилијан започнал редовно да игра за првиот тим на Коринтијанс, каде што го носел дресот со број 10. Тој направил пет настапи во лигата за време на неговата првата сезона со сениорите, во која Коринтијанс завршил на средината на табелата. Тој го направил својот пробив со Коринтијанс во текот на следната сезона, кога настапувајќи во 11 лигашки натпревари, тој постигнал два гола, и направил вкупно 29 настапи во сите натпреварувања за клубот, но бидејќи Коринтијанс завршил на 17-тото место во Серија А биле соочени со испаѓање од лигата.[12]

Шахтар Донецк

уреди
 
Вилијан во дресот на Шахтар Донецк против Јувентус во 2012

На 23 август 2007 година, Вилијан потпишал петгодишен договор со Шахтар Донецк за трансфер сума од 14 милиони евра.[13] Своето деби за украинскиот клуб го направил на 15 септември во првенствената победа со 2–1 над Чорноморец Одеса, влегувајќи како замена од клупата за резерви на местото на сонародникот Жадсон во 57-мата минута. Својот прв гол за клубот го постигнал на 31 октомври во победата со 4-1 над Арсенал Киев во Купот на Украина. На 6 ноември, Вилијан го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-0 од италијанскиот Милан во групната фаза од сезоната 2007-2008, заменувајќи го Разван Рац во 73-тата минута.[14] Својата прва сезона во клубот ја завршил со вкупно 28 настапи, од кои 20 биле во лигата и 1 гол. Тој му помогнал на Шахтар да направи украински дабл освојувајќи ги Премиер лигата и Купот на Украина.

Анжи Махачкала

уреди

На 31 јануари 2013 година, Вилијан се преселил во Анжи Махачкала за сума околу 35 милиони евра.[15][16] Тој првично одлучил да го носи дресот со број 10, но поради ограничувањата на УЕФА во кои се наведува дека еден играч мора да носи број што се користел во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, тој бил принуден да го носи бројот 88 што го избрал во Шахтар. Дебито на Вилијан за Анжи не било најдобро откако тој претрпел повреда во натпреварот против Њукасл Јунајтед од Лигата на Европа.[17] Тој го постигнал својот прв и единствен гол за Анжи на 14 април 2013 година во победата со 3-0 против Волга Нижњи Новгород.

 
Вилијан во дресот на Челси во 2015.

Во август 2013 година, по реструктуирањето на бизнис ниво, Анжи одлучил да го стави на трансфер листата целиот свој состав, вклучувајќи го и неодамнешното засилување Вилијан.[18]

Челси

уреди

На 25 август 2013 година, англискиот Челси се согласил да плати 30 милиони фунти за да го доведе во својте редови Вилијан. Три дена подоцна на бразилецот му била одобрена работната дозвола и трансферот бил официјално комплетиран. Иако регулативите обично наведуваат дека играчите кои не се членки на ЕУ мора да бидат редовни репрезентативци, Вилијан добил работна дозвола и покрај тоа што имал само два настапи во тоа време, бидејќи комисијата на ФА сметала дека доколку тој не е Бразилец, тој би бил редовен.[19] Вилијан потпишал петгодишен договор со Сините и одбрал да го носи дресот со број 22.

Вилијан дебитирал на 18 септември против Базел во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен со 1-2.

Репрезентативна кариера

уреди
 
Вилијан во дресот на Бразил против Австрија во 2014

Вилијан најпрво је претставувал својата земја во селекцијата под 20 години, за која дебитирал на Јужноамериканското младинско првенство 2007 против Чиле на 7 јануари 2007 кој завршил со победа на неговата репрезентација.[20] Во 2007 година, тој исто така бил избран во составот на Бразил за Светското првенство за играчи под 20 години, каде бразилците биле елиминирани во четвртфиналето од Шпанија.

На 10 ноември 2011, Вилијан го направил своето сениорско деби за Бразил во пријателски натпревар против Габон.[21] На 16 ноември 2013, тој го постигнал својот прв репрезентативен погодок во победата со 5–0 над Хондурас во Мајами, Флорида.[22]

На 7 мај 2014, Вилијан бил избран помеѓу 23-цата играчи во составот на Бразил за Светското првенство 2014.[23] Вилијан влегол во игра на паузата помеѓу двете продолженија во натпреварот од осминафиналето против Чиле во Бело Хоризонте на местото на неговиот соиграч од Челси Оскар, и бил еден од изведувачите на пенали но неговиот удар од белата точка не завршил во мрежата, иако сепак Бразил продолжил понатаму.[24]

Вилијан учествувал и на Копа Америка 2015. Тој бил асистент за голот кој го постигнал Роберто Фирмино благодарение на кои Бразил ја победиле Венецуела со 2–1 во Сантјаго, резултат кој ги одвел во четвртфиналето како победници во својата група.[25]

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Шахтар Донецк

уреди

  Челси

уреди

Наводи

уреди
  1. „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 10 February 2018.
  2. „Вилијан“. Бари Хјугман. Посетено на 10 февруари 2018.
  3. „Willian“.
  4. Michael Cox (3 February 2014). „Chelsea prove that speed is key in modern football“. ESPN FC. Посетено на 30 January 2016.
  5. Daly, Jim. „Forget Eden Hazard – is Willian actually Chelsea's most skillful player?“. The Mirror. Посетено на 2016-01-27.
  6. 6,0 6,1 „Arsenal v Chelsea – player ratings“. Eurosport. 26 April 2015. Посетено на 30 January 2016.
  7. Will Giles (12 November 2014). „Willian beats two defenders with incredible 'elastico' skill during Brazil v Turkey“. Metro. UK: The Metro. Посетено на 30 January 2016.
  8. Edward Stratmann (9 December 2015). „Willian: Chelsea's shining light in a season of darkness“. FourFourTwo. Посетено на 30 January 2016.
  9. 9,0 9,1 „Willian“. Chelsea F.C. Посетено на 30 January 2016.
  10. Darren Lewis (6 November 2015). „Chelsea winger Willian happy to shoulder burden as Jose Mourinho looks to solve Chelsea crisis“. The Mirror. Посетено на 30 January 2016.
  11. „Willian's free-kick record for Chelsea is the best in Europe“. Sky Sports. Посетено на 2016-01-27.
  12. „Corinthians fecha ano trágico com o rebaixamento à segunda divisão“. Esporte (португалски). 2 December 2007. Посетено на 9 September 2014.
  13. Office, FC Shakhtar Press. „FC Shakhtar signed Willian“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2018-03-21.
  14. „Shakhtar vs AC Milan 0–3“. 21 September 2012.
  15. „Chelsea miss out on Willian as Anzhi close in on deal“. Metro. 31 January 2013. Посетено на 23 August 2013.
  16. „Anzhi signs Willian from Shakhtar“. Fox Sports. 1 February 2013. Посетено на 23 August 2013.
  17. „Willian delighted to sign for Anzhi Makhachkala“. Goal.com. 2 February 2013. Посетено на 6 February 2013.
  18. „Tottenham and Chelsea transfer target Willian poised for bargain move as Anzhi slash budget“. Daily Mirror. 7 August 2013. Посетено на 23 August 2013.
  19. Sheen, Tom (29 August 2014). „Marcos Rojo: Why is it taking so long for Manchester United to get a work permit?“. The Independent. Посетено на 30 August 2014.
  20. „Willian – UEFA“. Посетено на 21 September 2012.
  21. „Gabon 0 Brazil 2“. Goal.com. 10 November 2011. Посетено на 16 August 2013.
  22. „A second half onslaught gave Brazil a fine 5–0 friendly victory over Honduras“. Eurosport. 17 November 2013.
  23. World Cup 2014: Kaka and Robinho omitted from Brazil squad; BBC Sport, 7 May 2014
  24. Ornstein, David (28 June 2014). „Brazil 1–1 Chile“. BBC Sport. Посетено на 28 June 2014.
  25. „Brazil 2–1 Venezuela: Thiago Silva and Firmino seal top spot“. Goal.com. 21 June 2015. Посетено на 21 June 2015.

Надворешни врски

уреди