Фондација „Македонија“
Фондација „Македонија“ — оспорена невладина организација создадена во Софија, Бугарија којшто функционира претежно во Македонија со главна цел на жирејќи современата бугарска пропаганда во Македонија и бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија. Основано во април 2021 година со првиот и сегашен водач Виктор Стојанов, организацијата е вмешана во различни спорови помеѓу македонски организации и дружини заради нејзината промоција на ксенофобиските пристранети и псевдоисториски гледишта дека македонскиот народ и нивната историја паѓа под склоп на бугарската историографија.
Гесло | Лулка на бугариштината[1] |
---|---|
Основана | 26 април 2021 година |
Вид | Невладина организација |
Цел | Ширење современа бугарска пропаганда во Македонија и на македонското малцинство во Албанија. |
Седиште | Софија, Бугарија |
Службени јазици | македонски и бугарски |
Клучни лица | Виктор Стојанов |
Матична организација | Министерство за надворешни работи на Бугарија[2] |
Мреж. место | https://www.foundationmacedonia.com/ |
Историја
уредиФондацијата е основана во 26 април 2021 година, главно седиште и адреса на организацијата е ул. „Брезите“ број 3 во Софија, Бугарија.[3] Организацијата е според водачите основана од страна на Бугари од Бугарија, Македонија и Албанија.[4] Главната цел е според нивниот устав подобрувањето на соработката помеѓу Македонија и Бугарија. Сегашниот водач на фондацијата е Виктор Брајков Стојанов роден во Бугарија.[5]
Стојанов имал искуство како претприемач, со две други организации освен фондацијата „Македонија“ под негов склоп, тие се „Аданс Бугарија“ и „Аданс 2“.[6] Пред нејзиното основање во 28 март 2021 година Стојанов се обидувал да донесе 920 бугарски книги во Македонија со цел да ги издаде во Скопје. Но во Деве Баир бил спречен и Захариева строго реагираше кон случајот и се заканувала.[7] Некој портали сметаат дека случајот со Деве Баир во март било поврзано со основањето на фондацијата.
2021
уредиПо нејзиното основање фондацијата почна да ја промовира бугарската пропаганда во Македонија, во 2021 година според фондацијата, успешно донеле 30 илјади бугарски книги и посетиле над 50 населени места. Успешно скенирале 3.000 документи од главниот архивски центар во Македонија и друго.[8] Во септември 2021 година пратиле апел кон парламентот на Бугарија со надеж дека тогашната нова влада би вложила економски проекти за подобрувањето на условите на вештачкото малцинство во Македонија, но апелот немал успех.[9]
По објанувањето на резултатите на оспорениот пописот во 2021 година Стојановски пратил писмо кај Апостол Симовски кадешто се заканувал и го бедил дека го потценувал вештачкото бугарско малцинство во Македонија.[10] Во 29 октомври 2021 година било пријавено дека во населбата Мичурин, фондацијата издавала книга од Кузман Шапкарев со насловот „Голема бугарска читанка“. Книгата била издадена во кесе со текстот „подарок од бугарскиот народ за нашите браќа“. Книгата немало автор ниту уредувач именувано или од каде било испечатено делото. Во едно истражување од Мета.мк потврдиле дека фондацијата „Македонија“ била таа којшто ги издавала книгите.[11]
2022
уредиВо февуари 4 2022 година за време на прославата на 119-то раѓање на македонскиот херои и револуционер Гоце Делчев биле забранети да учествуваат, Стојанов го обнивил тогашниот претседател на Македонија Стево Пендаровски дека злонамерно дал наредба за забраната на влезот на Бугари за време на прославата. Во идна објава било потврдено дека тоа што Стојанов најавил било неточно и ставајќи зборови во устата на претседателот [sic].[12] Во 4 мај 2022 година Виктор Стојанов бил забранет да преминува со неговата фондација преку границата за време на почитувањето на смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Наведената причина била дека претставувал опасност за националната безбедност.[13]
Во извештај во август 2022 година лажеле дека покрај крајот на годината 21 нови бугарски клубови би биле отворени низ 17 различни градови, исто така ветиле дека Македонија би добила бугарска политичка партија.[14] Нивната најава била неисполнета додека друга група директно платена од Софија формирала полупризнаена бугарска партија во Македонија со името АМБ-ДНЕС. Во август 2022 година изјавиле дека секој ученик од Македонија и Србија би добил 30 евра месечна стипендија од фондација ако одиле во курсови за бугарскиот јазик како дел од жирејќи ја бугарската пропаганда во Македонија и Србија, курсовите биле преку училиште онлајн основано во истата година со името „Св. Наум Преславски“, училиштето е регистрирано во Бугарија.[15][16]
Во октомври 2022 година откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација заклучила дека бугарскиот народ редовно го дискримнирале македонското малцинство во Бугарија добиле закани за убиство од страна на Виктор Стојанов и од водачот на бугарскиот клуб во Охрид „Ванчо Михајлов“, заканите биле кон тогашната водачка на КСЗД Весна Бендевска. КСЗД најавиле дека такви закани биле неприфатливи.[17] Во втората половина на октомври 2022 година најавиле во Фејсбук дека посакале Бугарите да ја злоупотребуваат економската ситуација во Македонија и да се обидуваат да ја купаат македонската економија. Тие сметале дека само 700.000 луѓе во Македонија биле вработени додека 500.000 од нив биле вработени во приватни сектори.[18]
2023
уредиВо јануари 23 2023 година, фондацијата остро реагираше кон уапсувањето на Христијан Пендиков, којшто според нив бил охриѓанец со бугарски идентитет, но министерот за внатрешни работи откриле дека во неговиот дом содржил дрога, сепак фондацијата продолжиле да го бранат. За време на осудувањата било откриено дека во постари објави во Фејсбук, бил македонски патриот, член на ВМРО-ДПМНЕ и се спротивставувал со бугарската пропаганда, заради тоа фондацијата брзо прекинале соработка со Пендиков.[22]
Во февуари 4 2023 година, фондацијата повторно пак пробале да ја преминат границата помеѓу Македонија и Бугарија за да го прославаат раѓањето на македонскиот народен херои Гоце Делчев, заради нивната полемичка посета во јануари 2023 година на денот на смртта на македонската атентаторка Мара Бунева биле повторно забренети да преминат Деве Баир.[23] Со разлика на претходните две посети, Стојанов понудил 200 евра на Фејсбук за името и презимето на полицаецот којшто го спречи, но никогаш не добил конкретно име.[24] Но следниот ден ја симна најавата, и после пак ја врати на 7 февуари. За време на спорот МВР го контактирале јавното обвинителството за решение.[25]
Заради забраната животната забрана на Стојанов да влезе во Македонија, за време на 4 мај 2023 година посакал да постави бугарски спомен плоча на Гоце Делчев во Баница, леринско, местото каде што Гоце Делчев трагично загинал, Стојанов потврдил дека посетата била одобрена од самата Грчка држава но никогаш не било потврдено дали посетата била успешна.[26] Водачот на политичката партија Левица Димитар Апасиев исто така го посетил местото.[27] Во јуни 2023 фондацијата најавила дека со новите промени донесени од министерството на правда би можел да добиеш бугарски пасош со само 250 денари ако граѓаните се сметале како етнички Бугари, но такви најави биле невистини.[28]
Во август 2023 година најавиле во интервју со А1.Он отворањето на пет медиуми во Македонија којшто би го широло современата бугарска пропаганда во Македонија, било потврдено дека две почнале да работаат додека другите три уште ги обработувале, но никогаш не ги спомнал имињата за петте медиуми.[29] Во август исто така било најавено дека Стојанов купил македонски футбалски клуб во трета лига и го претворил во бугарски клуб, тоа би било првиот бугарски футбалски клуб во Македонија после 80 години. Но намерно не го дал името на новиот клуб, заради тоа некој наводи сметаат дека најавата на Стојанов е невистина и само провокација кон македонскиот народ.[30]
За време на оспорениот попис во 2023 кај Албанија, фондацијата активно работела да ја прошири бугарската пропаганда кон македонското малцинство во државата како обид да се создадело вештачко бугарско малцинство. Стојанов во Фејсбук за време на пописот објавил закана кон сите Македонци во Албанија којшто веќе аплицирале за бугарски пасош дека ако не се претставиле како Бугари нивните пасоши би биле одземени.[31] Според Стерјовски, еден од поистакнатите македонски политичари во Албанија, Стојанов исто така активно се заканувал кон жителите при нивните посети во селата.[32] Во октомври 2023 година направил контроверзна изјава кадешто побарал Македонци да си го сменат името и наместо со „-ски“ да им завршело со „-ов“ или „-ев“. Тие којшто би си го смениле името биле ветувани 300 евра од Стојанов. Целта на Стојанов и фондацијата било да создадат вештачко бугарско малцинство во Македонија преку пари.[33]
2024
уредиВо јануари 2024 година повторно се обидувале да ја поминат границата за да го обноват спомен плочата на Мара Бунева во Скопје но не биле успешни, заради тоа европратеникот на Бугарија и фашист Ангел Џамбаски остро реагирал кон ситуацијата.[34] Во март 2024 година, Стојанов остро реагирал кон уапсувањето и тепањето на охриѓанецот Јане Мургоски бидејќи неговиот татко Владо Мургоски бил Македонец кој потпаднал под влијание на бугарската пропаганда во државата. Заради тоа Стојанов сметал дека тепањето било злонамерно и организирано заради нивниот бугарски идентитет,[35] но во соопштение од МВР било потврдено дека бил истепан и уапсан заради дрогата пронајдено во неговиот дом и кога полуцајците пробале да го уапсат Мургоски остро реагирал и ги нападнал.[36]
Во мај Стојанов ја обвинил македонската влада дека злонамерно го уништувале родниот дом на македонскиот писател и автор Димитар Талев, заради тоа министерот за култура на Бугарија Најден Тодоров се обидувал со бугарскиот државен буџет да го купи домот, но само 2/3 од газдите на домот се согласиле за 100.000 евра, но другиот не го прифатил предлогот бидејќи нејќел да го продаде имотот кон бугарската влада.[37] Стојанов го обвинил македонскиот министер за култура дека намерно се обидувал да го спречи договорот и истовремено го вандализирале домот на Талев.[38] Новинар и уредникот на Канал 5 Александар Видиновски во една посета во јули во Пустец најавил дека населението било македонско и немало присуство на Бугари, Стојанов заедно со неговата фондација остро реагирале кон најавата на Видиновски, заради тоа Стојанов објавил во неговиот Фејсбук разни закани кон новинарот бидејќи Стојанов нејќел да признае дека бугарското малцинство во Албанија е продукт од политиката на Бугарија.[39][40]
Во јули објавиле во една прес конференција дека би донирале околу 2.600 книги кон деца во Велес, Скопје и Штип. Книгите коштале околу 3.000 лева или околу 90.000 денари за произведување и содржиле познати ликови од бугарската историја како турчинот Аспарух, влавот Калојан и цар Симеон. Целта била да создадат интерес од македонските ученици кон бугарска историја за да можело ефикасно да ја шираат нејзината пропаганда.[41] После објавувањето на резултатите на пописот, Стерјовски, главниот водач на МАЕИ не ги признал заради вмешувањето на Бугарија за време на пописите. Стерјовски сметал дека целта на Бугарија била да го бугаризираат македонското малцинство, Стојанов остро реагирал кон коментарите на Стерјовски и се заканувал дека Стерјовски би бил осуден и би завршил во затвор.[42] Стерјовски изјаснил дека коментарите на Стојанов не биле нешто ново и дека редовно добивал закани од него. Стерјовски потврдил во објава од МАЕИ дека ќе продолжи да се бори против бугаризацијата и дека ќе продолжи да не го признава вештачкото бугарско малцинство во Албанија.[43]
Наводи
уреди- ↑ Геслото има долго трајна историја во фашистичка Бугарија, за време на втората светска војна геслото било користено за време на суровата бугарска фашистичка окупација на Добруџа, терминот исто бил користен во манифесто од Цар Борис III за регионот. После војната во Бугарија терминот бил сврзан кон македонскиот регион наместо Добруџа
- ↑ Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести“ (2023) од Орце Костов, објавено во А1on
- ↑ УЧРЕДИТЕЛЕН АКТ НА ФОНДАЦИЯ „ФОНДАЦИЯ МАКЕДОНИЯ“ (2021) член 1.4
- ↑ Фокус (20 јануари 2023). „Основачот на Фондација Македонија се закани: Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката!“. Фокус.
- ↑ "Вестимак" ООД
- ↑ Виктор Брајнов Стојанов (2022) Финансии.бг
- ↑ Фактор (28 март 2021). „ЗАХАРИЕВА СЕ ЗАКАНИ: Скандалот во кој е запрена пратката бугарски книги на Деве Баир ќе биде презентиран во Европската Комисија“. Фактор.
- ↑ Admin (2022). „Бугарската фондација „Македонија" ни ја чисти историјата и идентитетот а македонските институции не реагираат“. Алфа.мк.
- ↑ Трибуна (14 септември 2021). „Бугарска национална платформа и Фондација Македонија: Да го фатиме последниот воз за РС Македонија“. Трибуна.
- ↑ Стојанов, Виктор (22 септември 2021). „Отворено писмо до првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски“. Трибуна.
- ↑ Блажевски, Бојан (29 октомври 2021). „Бугарската Фондација „Македонија" во Скопје дели примероци на „Голяма българска читанка" на Кузман Шапкарев“. Мета.мк.
- ↑ Н., Ж. (2022). „New provocations: the Bulgarian Stojanov from the "Macedonia" foundation "put words in the mouth" of President Pendarovski“. Слободен Печат.
- ↑ Македонија (4 мај 2022). „На првиот човек на бугарската фондација „Македонија", Виктор Стојанов, му забраниле влез во Македонија, бил „опасност за националната безбедност"“. Лидер.
- ↑ Антропол (20 август 2022). „21 бугарско здружение до крајот на 2022 година во Македонија“. Антропол.
- ↑ Костов, Орце (12 септември 2022). „Деца од Македонија веќе зеле по 30 евра да учат бугарски, планот е јазикот да влезе во секој македонски дом“. А1он.
- ↑ Антропол (23 август 2022). „Нова бугарска пропаганда во Македонија: Стипендија по 30 евра месечно за секое дете што ќе сака да го учи бугарскиот јазик“. Антропол.
- ↑ Администратор (17 октомври 2022). „По одлуката за клубот „Ванчо Михајлов", повици за физичка ликвидација на Весна Бендевска на профилот на Виктор Стојанов“. Макпрес.
- ↑ „Пробугарска Фондација Македонија: Сега е време Бугарите да ја купат целата македонска економија“. Фактор. 25 октомври 2022.
- ↑ „Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се заканува на Македонците од Албанија“. Infomax. 2023.
- ↑ ДТЗ (2023). „Македонците во Албанија под притисоци на пописот“. Deutsche Welle.
- ↑ Атанасов, Александар (2023). „Стојанов до жителите на Пустец: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени“. Миа.
- ↑ Костов, Орце (23 јануари 2023). „Христијан Пендиков: Волонтер на Црвен крст со кривична за дрога, некогаш Македонец против Бугарија, денес Бугарин од Македонија“. А1он.
- ↑ Macedonia (24 јануари 2023). „Bulgarian nationalists plan a large gathering in Skopje on February 4th“. Република.
- ↑ Плусинфо (5 февуари 2023). „200 ЕВРА ЗА ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО Претседателот на бугарската „Фондација Македонија" го бара полицаецот“. Плусинфо. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Редакција (7 февуари 2023). „Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило обвинителството“. ЕМагазин. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Бугарската фондација „Македонија" сака да постави спомен-плоча на Гоце Делчев во Баница“. Локално.мк. 4 мај 2023.
- ↑ Независен (4 мај 2023). „Апасиев го претрка Виктор Стојанов – прв се поклони на Гоце Делчев во Баница“. Независен.
- ↑ Македонија (21 јуни 2023). „БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА САМО 250 ДЕНАРИ? Бугарската фондација Македонија за новата графа во изводите на родените“. Фактор.
- ↑ Костов, Орце (7 август 2023). „Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести"“. А1он.
- ↑ Костов, Орце (11 август 2023). „Прв бугарски фудбалски тим во Македонија после 80 години: "Купивме клуб, името не го кажуваме да не го избркаат од Трета лига"“. А1он.
- ↑ „Стојанов до жителите на Пустец: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени“. Рацин.мк. 22 септември 2023.
- ↑ Фактоје (2023). „The Census and Bulgarian "battle" in Pustec“. Фактоје.
- ↑ „Бугарската фондација „Македонија: Сменете го презимето на „ов" или „ев" и добиј 300 евра“. Сител. 31 октомври 2023.
- ↑ Д., А. (10 јануари 2024). „В петок Бугарите од Македонија ќе се соберат пред плочата на Мара Бунева на кејот во Скопје“. МКД.мк.
- ↑ Новините (21 март 2024). „Police Brutality Against Bulgarian Citizen in Macedonia“. Новините.
- ↑ „Стојанов тврди дека претепан е човек зошто е Бугар, од МВР велат: Му пронајдовме дрога и покажа агресија кон полицајците, ќе има мерки против нив“. Скопје Инфо. 22 март 2024.
- ↑ Атанасова, Марија (30 мај 2024). „And the government has announced that it wants to buy Dimitar Talev's house in Prilep“. Факти.
- ↑ Тодоров, Красимир (31 мај 2024). „Skopje is trying to stop the deal for Dimitar Talev's house, and there are systematic acts of vandalism on the building“. Факти.
- ↑ СкопјеИнфо (2 јули 2024). „Претседателот на Бугарската фондација „Македонија" со закани кон новинарот Видиновски“. Скопско Инфо.
- ↑ „Стојанов од бугарската фондација „Македонија" му се заканувал на новинарот Видиновски“. Локално. 2 јули 2024.
- ↑ „Над 2.000 деца од Македонија ќе добијат тетратки со ликови на бугарски владетели“. МКД.мк. 2 јули 2024.
- ↑ Ј., К. (јули 2024). „Bulgarian activist Stojanov continues his threats to Vasil Sterjovski for the census in Albania“. Слободен Печат.
- ↑ „Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов“. Независен. 7 јули 2024.