Бугаризација на македонското малцинство во Албанија

Политички процес организиран од Бугарија

Низ последните години различни сведоци од друштва што го претставуваат македонското малцинство во Албанија го истакнале надворешниот притисок од страна на Бугарија како обид на создавање вештачко малцинство на Бугари во Албанија.[4][5] Македонскиот политичар од Албанија, Васил Стерјовски водач на МАЕИ смета дека асимилацијата и бугаризацијата е претежно водено од бугарски државни институции и бугарските амбасадори во Тирана.[6] Според бугарските институции над 50.000 Бугари живеат во Албанија.[7]

За време на пописите на Албанија во 2023, првиот пописи што го нудело терминот „Бугари“ како опција, различни бугарски невладински организација којшто соработувале предвремено во Албанија активно се обидувале да го зголемат бројот на вештачкото малцинство. Виктор Стојанов, претставник и водач на бугарската фондација „Македонија“ активно се заканувал кон македонското малцинството во Пустец да се декларирале како Бугари или нивните бугарски пасоши би биле одземени.[1][2][3]

Некој македонски политичари од Албанија сметаат дека бугаризацијата се водело преку злоупотребата на бугарскиот пасош како доказ на бугарско малцинство, но голем дел од луѓето со бугарски пасош биле од албанско потекло и се аплицирале за пасошот заради економски причини наместо етнички.[8] Македонското друштво Преспа смета дека нема етнички бугари во Албанија освен во амбасадата во Тирана.[9]

По падот на комунизмот на Албанија во 1990, три пописи досега биле организирани, во 2001, 2011 и 2023. Во сите досегашни пописи од 1945 немало бугарско малцинство во резултатите но во најновиот попис во 2023 после внесувањето на Бугарите во уставот на Албанија се броени 7.057 Бугари, повеќе од 2.281 броени Македонци во Албанија.[10] Заради тоа резултатите не се признаени од Македонците во Албанија.

Темелите на бугаризација во Албанија

уреди

Приклучување во уставот

уреди

Во 2014 Европската Унија најавила дека еден од условите за влез во ЕУ на Албанија би била подобрувањето и признавањето на нејзините малцинства. Заради тоа во 2017 парламентот на Албанија ратификувале договор каде што ги признале Македонците, Србите, Црногорците, Власите, Бошњаците, Египќаните, Ромите и Грците во Албанија како малцинство со целосни јазични права покрај региони со мнозинство.[11] Во оригиналното издание било планирало само да се приклучат 8 малцинства но заради тогашниот притисок од премиерот на Бојко Борисов дека Албанија би добила вето за нејзиниот влез во ЕУ ги приклучиле и Бугарите во уставот како малцинство.[12]

Планот

уреди
 
Корицата на брошурата „Бугарската политика спрема Република Македонија“ објавена во 2008, делото е еден од најраните планови за бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија

Во 31 март, 2008 година, Љубомир Иванов, тогашен историчар од Бугарија и претставник на русофилската историографија во Бугарија во средба во хотелот „Шератон“ во Софија[13] ја претставил неговата брошура „Бугарската политика спрема Република Македонија“ за прв пат. Брошурата била пишана од различни историчари од Бугарија помеѓу јануари 2007 и јануари 2008 година. Во брошурата се дискутирало различни теми за македонскиот народ и историја, но под дел 2.2.4 во категоријата „Дејности“ се истакнало целта. Којшто според авторите било:

„ Клучната дипломатска концепција треба да биде интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и НАТО како повод за приопштувањето кон бугарската нација на бугарите од Република Македонија, Србија, Албанија и Косово, со достигање на бараниот стандард за национални и етнички малцинства во рамките на ЕУ.“

— Љубомир Иванов, [14]

Во статијата „Екслузивно: Меѓу измислените Бугари повеќето Албанци“ објавена во 2022 во македонскиот весник во Албанија „Илинден“ се истакнува како брошурата на Иванов бил еден од основните темели за почетокот на бугаризацијата, којшто била финансирана и планирана во 2008 но би била спроведена во 2017 година кога бугарите биле приклучени во уставот.[15][16]

Првите обиди

уреди
 
Карта на малцинствата во Албанија, регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора се прикажани со македонско мнозинство. Дел од бугаризацијата во Албанија било обидот на докажување бугарски идентитет во тие региони.

После признавањето на Бугарите во Албанија различни бугарски невладини и државни организации се обидувале да го докажат бугарско мнозинство во регионите Мала Преспа,[17] Голо Брдо[18] и Гора.[17] Првиот обид бил преку хуманитарни дела каде што се обидувале да го подобрат гледиштето на Македонците во Пустец кон Бугарија. Според сведоци во Пустец, пред пописот во 2023 различни претставници од бугарската амбасада во Тирана го посетувале селото и донирале хуманитарни амбуланти, коли, школски книги и друго.[19] Во школските книги различни македонски херои како цар Самоил биле претставени како Бугари.

Истовремено биле водени бесплатни здравствени прегледи од страна на бугарски лекари во Албанија на македонското малцинство преку проекти од бугарската фондација „Бугарска меморија“. Главниот водач на фондацијата бил Милен Врабески.[20] Во 2023 година имало обид за отворање бугарски културен клуб во Пустец како обид на провокација но при посетата на бугарските новинари учествувал и македонскиот историчар Бранислав Светозаревиќ којшто во интервјуто сурово ги критикувал бугарските претставници, обележувајќи им го нивниот јазик како дијалект на македонскиот јазик со додадени зборови од рускиот јазик.[21]

Преку хуманитарните дејства професорот Спас Тошев, професор на инстутитутот за население и хуманитарни истражувања, подгранка на БАН, се обидувал да го докажи бугарскиот карактер во Голо Брдо но обидот бил неуспешен.[22] Истовремено русофилската бугарската историографија и владата на Бугарија се обидувале да докажат дека бугарското малцинство во Голо Брдо и Пустец биле редовно дискриминирани од страна на Македонците во регионите, но според истражувањата на Марија Дојче, универзитетска професорка немало никакви тензии или дискриминација во тие дела:

„Во тој период, немаше апсолутно никаков сигнал за конфликт или бугарски претензии во овој регион. Локалното население се декларираше дека е Македонско и зборува македонски јазик, и сите останати му се обраќаа на ова малцинство како што секогаш било традиционално признаено, имено како македонско етничко малцинство во регионот на Корча“

— Марија Дојче, [23]

Како обид да се докажело бугарскиот карактер во тие региони, бугарката Тања Мангалакова ги посетила Голо Брдо и Мала Преспа во 2004 за да врши истражување на Бугарите во тој регион. При нејзината посета таа истакнала:[24]

„Влеговме во селото во октомври рано попладне, заедно со рахатниот автобус кој пристигнува од Горица, возило кое се чинеше дека секој момент ќе се распадне. Наоколу се гледаа уредни куќи со суви црвени пиперки и јажиња од кромид обесени на ѕидовите. Поминувавме покрај жени со пријателски изглед во здолништа со памук, носејќи бели или шалови со шари; мажите ги извршуваа секојдневните работи надвор од куќите, некои беа зафатени со работа со нивните чамци. Локалните луѓе фаќаат игра во езерото. Додека ги обиколувавме калливите селски улици, ги распрашувавме луѓето од кое потекло. Ги прашавме на бугарски, тие одговорија на свој дијалект. „Сите сме Македонци“, беше најчестиот одговор.“

— Тања Мангалакова

Милена Селими, државни претставници од комитетот за националните малцинства и Фитим Бали, секретар на советот на општина Булчица во јуни 8 2023 планирале посета за селото Големо Острени, Голо Брдо за средба за интересите на Бугарите во Албанија и за олеснувањето процесот на добивање бугарски пасош. Нивната посета била многу оспорена помеѓу граѓаните во селото и заради тоа Милена Селими во идна објава заклучила дека во селото немало бугарско население.[25]

Во 2023 година двајца новинари од албанскиот телевизиски канал „Фикс фаре“ откриле нелегална станица во Големо Острени, Голо Брдо изградена од братот на тогашниот градоначалник на општина Булчица Фестиме Мјештри со фундови директно од Бугарија, во нејзе можело да се купи сертификати за бугарско потекло за бугарски пасоши за 50.000 леки (околу 30.750 денари во 2024) Двајцата новинари ги купиле како експеримент и откриле во нив дека содржиле лажни информации, во двете сертификати пишувало дека албанските новинари имале бугарски корени од населби каде што немале потекло или бугарско население.[26][27]

Пописот во 2023 година

уреди

Пописот на Албанија во 2023 претставувало можност на Бугарија за бугаризацијата на македонското малцинство, заради тоа што пописот бил првиот попис во албанска историја кадешто терминот „Бугарин“ бил понуден за еден од одговорите во прашањето за народност. Кога пописот почнал во септември 2023 потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова со нејзината делегација ја посетиле Тирана каде што отвориле школо за бугарски јазик и ја промовирале книгата „Бугари во Албанија“.[28][29]

Различни македонски организации во Албанија се обидувале да го спречат притисокот на странската бугарска пропаганда во македонските региони. Кога почнало потписот бил издржан собор во Пустец каде што Едмонд Темелко најавил дека секој Македонец не требало да се срами на својот сопствен идентитет. Во средбата потврдиле дека населението е македонско, којшто го користи македонскиот јазик како главен јазик.[30] Многумина македонски дружини ја контактирале албанската влада да го спречи влезот на бугарскиот шовонист Виктор Стојанов бидејќи во порани најави спомнал дека тие што би се декларирале како Бугари во пописите би добиле стипендија за факултети во Бугарија. Кога почнале пописите Бујар Османи најавил во видео дека македонскиот народ не требало да се срами на својот сопствен идентитет и да се декларирале како Македонци во пописиот.[31]

Исто било пријавено дека за време на пописот сите којшто аплицирале за бугарски пасош биле повикувани кај амбасадата за да се потпишале како Бугари. Почнале да посетуваат различни села и градови со македонско мнозинство или големо македонско малцинство како Горица со различни подароци, во вториот ден откако почна пописот го посетиле Голо Брдо со различни поклони.[32] Третиот ден откако почна пописот Илијана Јотова ги посетила претседателот, премиерот, претседател на парламентот и други за да можела да ја гарантира позицијата на вештачкото бугарско малцинство.

При посетета на Илијана Јотова со нејзе присустувала и Спас Тошев којшто се судрил со Стерјовски заради тоа што во неговиот Фејсбук профил прикажал слики за резултатите на пописот во македонските региони порано отколку што требало законски. Во постара статија исто објавено од Спас Тошев во 2020 тој признал дека бугарското малцинство било создадено и постоило само заради политички и дипломатски причини.[32][33]

За време на изборите, Виктор Стојанов, водач на бугарската фондација „Македонија“ редовно ги посетувал места со македонско мнозинство каде што им подарувал поклони и ги објавувал во Фејсбук како Бугари, тој исто така активно се заканувал кон тие со бугарски пасоши да се потпишеле како Бугари.[32] При една посета подарувал таблети каде што после ги сликал како ја заокружувале опцијата „Бугари“ за народност.[32] Во друга најава се заканувал кон населението во Требишта дека градоначалник на селото добивал плата директно од Скопје, и дека останатото македонско население би ги преселил во Скопје.[34]

После пописот и нејзините последици

уреди

Амбасадорот на Република Албанија, Данчо Марковски негативно реагирал кон пописот. После пописот бил повикуван од министерот за надворешни работи во Скопје за да се дискутирало како да постапиле правилно со резултатите од пописот. Новиот МНР изјаснил дека се грижиле за техничките нерегуларности во Албанија за време на пописот и внатрешното мешање на бугарските партии и невладинските организации.[35] Во идна објава МНР истакнале како не го сметале пописот како претставител на реалната бројка на Македонците во реонот. Тие исто така го истакнале нивното разочарност кон користењето на терминот „северномакедонци“ во резултатите на пописот бидејќи било против Преспанскиот договор.[36]

Македонското друштво Преспа остро реагирале кон резултатите на пописот. Главниот водач на здружението го обвинувал градоначалникот на Општина Пустец за неговото неправилно постапување кон надворешниот притисок од бугарските невладински организации. Тие исто така биле незадоволни со реакцијата на единствената партија на Македонците во Албанија МАЕИ кон резултатите на пописот. Друштвото најавиле дека планирале да организираат нивен сопствен попис во Пустец слично како што најавиле Грците во Албанија за јужните делови на државата.[37] После објавувањето на резултатите Красамир Каракачанов ги прифатил и игноранто истакнал дека македонските медиуми во последните 30 години се обидувале да создадат вештачко македонско малцинство то реагионот, Каракачанов не сфатил дека тоа било токму истиот тактик што ја користеле бугарската влада.[38]

Самопрогласениот македонски албански аналитичар Ридван Исмаили ги потсмевнел резултатите. Во една објава во албански портал во Македонија тој истакнал како селото Отља, Кумановско имало повеќе Албанци отколку Македонци во целата држава. Бил критикуван заради неговите негативни гледишта.[39][40] Претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски негативно реагирал кон резултатите на пописот. Во една најава во македонскиот весник од Албанија „Аргументум“ тој истакнал како за време на пописот добивале редовни закани од екстремни бугарски фигури и Македонци биле понудени 300 евра за да се декларираат како Бугари во пописот. Според Стерјовски, за време на пописот во Пустец наместо шест недели ги посетувале само за три неделе, и според некој писма којшто добил Стерјовски, некој албански аналитичари не посетиле некој од домовите на граѓаните. Заради тоа Стерјовски и неговата организација не ги признаваат резултатите.[41][42]

После пописот македонскиот новинар од Канал 5 Александар Видиновски го посетил Пустец и при неговата посета истакнал како сите граѓани се именувале како Македонци и немало присуство на бугарско малцинство. После неговата посета претседателот на ксенофобиската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов остро реагирал бидејќи Видиновски открил дека немало Бугари во Албанија. Заради тоа во Фејсбук Виктор Стојанов почнал да се заканува кон новинарот и му се заканил дека би лежил во затвор ако продолжил да го негира вештачкото бугарско малцинство.[43][44][45] Поранешен премиер на Македонија Никола Груевски исто така остро реагирал кон пописот и не ги признал резултатите. Според него имало три главни причини зошто и како бугарската пропаганда во регионот успеало. Првото било внатрешното вмешање на бугарските политичари во Албанија за време на пописот, како посетата на Илијана Јотова и други. Второто било заради тоа што за време на пописот не користеле хартија туку користеле таблет. Третата била дека за време на пописот Македонците биле малтретирани и вознемирени.[46]

Васил Стерјовски исто така добил закани од водачот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов после пописот. Стојанов му се заканувал дека бил неправен и рацист. Стојанов се заканил дека ако Стерјовски продолжил со неговите критки кон пописот и вештачкото бугарско малцинство во Албанија би бил осуден и однесен во затвор.[47][48] Стерјовски истакнал дека коментарите на Стојанов не биле нешто ново и дека редовно добивал закани од него. Стерјовски потврдил во објава од МАЕИ дека ќе продолжи да се бори против бугаризацијата и дека ќе продолжи да не го признава вештачкото бугарско малцинство во Албанија.[49] Заради тоа во 12 јули бугарската фондација „Бугарска меморија“ објавиле дека го тужиле Стерјовски, тужбата би била одржано во судскиот центар во Горица и Стерјовски требал да плаќал 10.000 евра за оштета. Друга причина што фондацијата ги тужеле е заради тоа што во 24 јануари 2024 година пратиле писмо кај Еди Рама каде што побарале забрана за влезот на фондацијата.[50]

МАЕИ истакнале како тужбата била нелогична заради тоа што во телевизијата Топ чанел и емисијата „Фикс Фаре“ се докажало дека само во општина Булќиза издале илјадници лажни бугарски пасоши каде што го бугаризирале македонското малцинство.[51] Бугарската фондација исто така побарале од МАЕИ да објавиле извинување во нивниот личен партиски вебсајт. Виктор Стојанов исто така се заканил дека би го тужел Стерјовски во судскиот центар во Тирана поради ставовите на Стерјовски дека немало присуство на Бугари во Албанија.[52] За тужбата Васил Стерјовски истакнал:

„Ова беше очекувано. Познавајќи ја бугарската пропаганда и тоа што изминативе години се случуваше во Албанија, тие ги негираат Македонците и задушување на македонските активисти. Ние кога побаравме да се забрани фондацијата имавме докази, и спремни сме пред судот да докажеме, и нивната жалба да падне на суд. Фактите се јавни, што правела таа фондација. Во Албанија имавме повеќе струи за асимилација на Македонците, една беше бугарската амбасада, фондацијата „Македонија“ и други фондации, фашистичката струја од бугарската десница. На сите методи Бугарија се обидуваше да не задуши, да не асимилира и го постигна тоа на пописот. Оваа фондација има ангажирано адвокатско друштво, ние ги имаме фактите но треба некој добар адвокат да не брани. Ние ќе продолжиме. Откако со попис инжинеринг успеаа да извадат Бугари во Албанија, тогаш уште повеќе може да има притисоци, тоа ќе биде следна цел на бугарската држава.“

— Васил Стерјовски, [53]

Во 17 јули, по иницијатива од Албанските Македонци и Албанските Грци се задржало средба помеѓу двете малцинства во Тирана. Средбата била организирана со цел да се заклучи како малцинствата ќе го толерираат резултатот на пописот од албанскиот државен завод за статистика. Во средбата учествувале еден делегат од сите признаени малцинства во уставот, со исклучок на бугарското вештачко малцинство, заради тоа што таква средба е против политиката на министер на надворешни работи на Бугарија и бугарските невладински организации. Главната одлука којшто ја донесле во средбата е дека сите малцинства, со исклучок на бугарската, не би ги признале резултатите од пописот во 2023 година и побарале нов и неутрален попис организиран директно од ЕУ.[54] Следниот ден Васил Стерјовски најавил дека и македонското малцинство не ги признаваат резултатите и дека би пратиле апел кон водачите на пописот и парламентот на Албанија.[55]

Во 5 август 2024 година официјално ја усвоиле декларацијата којшто содржи петнаесет точки што истакнува дека немале да го признат пописот. Одлука била донесена од централниот комитет на македонската партија во Албанија. Заклучиле дека пописот бил фалсификат со внатрешно бугарско мешување и ги критикувале сите мрежи и организации што Бугарија формирала после признавањето на бугарското вештачко малцинство во албанскиот устав во 2017 година. Тие исто така истакнале дека би продолжиле да се борат против агресивната бугарска пропаганда во реонот.[56] Водачот на македонското друштво „Илинден“ Никола Ѓурѓај одлучил да прати пожалба за условите на македонскиот народ за време на пописот кон албанскиот државен завод на статистика и нивниот водач и посакал да се обнови пописот со минимално мешање на бугарските политичари во пописот, но во идна најава потврдил дека никогаш не добил одговор.[57]

Гледишта на македонските организации кон бугаризацијата

уреди

Васил Стерјовски, водачот на единствената македонска политичка партија во Албанија бил остар критичар на делата на Стојанов, тој како сите македонски дружини не ги признавале резултатите на пописот. Стерјовски истакнувал како Албанија од 1945 година имала 11 пописи каде што немало Бугари но на најновиот да имало 7.057 било сомнително на Стерјовски.[58]

политичката партија Левица исто така не го признале резултатот на попис, во некој најави спомнале како предвремено комуницирале со албанскиот премиер со надеж да се спречило бугаризацијата но обидот бил неуспешен. Заради тоа ја сметале тогашната македонска власт како квислинска.[59]

Никола Ѓурѓај, водачот на македонската друштво Илинден - Тирина ја критикувал бугарската администрација за злоупотребата на бугарските пасоши, истакнал дека ако Албанија и Македонија биле во ЕУ тогаш бугаризацијата би немало толку моќ врз населението.[60] Во едно интервју истакнува како обидот на создавање вештачко малцинство во Албанија е дел од програмата на Бугарија да ја обиколи Македонија со региони со вештачко бугарско население:[61]

„Ние, како македонско малцинство во Албанија, на своевиден начин сме колатерална штета на плановите и стратегијата на Бугарија да ја опколи Македонија со бугарско малцинство. На бугарските политичари им успеа, под слична уцена со ветото за ЕУ, да ги внесат Бугарите во Законот за малцинства во Албанија, а сега се обидуваат да го направат тоа и во Косово. Во Србија, Бугарите веќе имаат малцински статус. Но во Албанија и во Косово нема Бугари, па се настојува тоа да се направи на штета на Македонците што се дел од овие држави. Албанија како држава речиси педесетина години беше изолирана, па тешко одеше комуникацијата преку границата со Македонија, а не пак со Бугарија. Во Албанија никогаш немало Бугари, а сега сме соочени со тоа да се справуваме со бугарската пропаганда во Албанија“

Голем дел од македонски дружини и Македонска алијанса за европска интеграција престанале соработка со владата на Еди Рама заради пописот и не ги признавале резултатите. Некој побарале повторување на пописот во региони со македонско мнозинство или големо македонско малцинство но под водство на неутрална фигура од Европска Унија, но таков договор не бил исполнет.

Друштвото Преспа, најстарото друштво за македонците во Албанија во Тирана ги сметале резултатите на пописот во 2023 како фалсификат, тие истакнале во еден интервју како немало присутво на бугарско малцинство од 1945 до 2023. Најавиле дека пратиле апел кон владата на Албанија каде што остро го критикувале нејзиниот квислински однос на ситуацијата сметајќи дека целосно подпаднале под бугарски притисок од грижа дека би биле примени во ЕУ.[62]

После реакците на македонските дружини во Албанија, македонскиот амбасадор во Албанија Данчо Марковски бил повикуван од министерот за надворешни работи на Македонија на новата формирана владата на Христијан Мицкоски. После средбата со амбасадорот, МНР имале средба и со албанската влада каде што вклучиле договор да се корегираат резултатите и наместо „северномакедонци“ да пишувало Македонци, којшто биле еден од главните проблеми на македонските дружини.[63]

Наводи

уреди
  1. „Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се заканува на Македонците од Албанија“. Infomax. 2023.
  2. ДТЗ (2023). „Македонците во Албанија под притисоци на пописот“. Deutsche Welle.
  3. Атанасов, Александар (2023). „Стојанов до жителите на Пустец: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени“. Миа.
  4. Балкан (2022). „Стерјовски на „Топ чанел": „Голем е притисокот за бугаризација на Македонците во Албанија". Република Онлајн.
  5. Мејдини, Фатјона (2023). „Albanian Census Opens New Front in Macedonian-Bulgarian Identity Row“. Balkan Insight. „Македонците во Албанија викаат дека Бугарија се обидува да ги направи да се идентификуваат како Бугари“
  6. „Стерјовски: Бугарија во нов поход за асимилација и бугаризација на Македонците во Албанија“. Expres. 2023.
  7.   Българите в Албания (2004) од Горешта Тема
  8. Дамческа, Марина (2023). „Стерјовски: Бугарското малцинство во Албанија постои само во закон, бугарските пасоши се бизнис, повеќе ги купуваат Албанци отколку Македонци“. Слободен Печат. „Досега ви гарантирам најодговорно дека од не знам колку илјади албански граѓани што имаат бугарски пасоши, мнозинството се Албанци, значи не се Македонци. Тоа е еден огромен бизнис кој трае изминатите години посебно кога Бугарија стана членка на ЕУ. Порано немаше никаков интерес и никој албански граѓанин немал аплицирано, не му требал таков пасош“
  9. Д., З. (2024). „There are Bulgarians in Albania, but only in the consular offices, the party Freedom for Small Prespa reacts“. Слободен Печат. „Не го признаваме пописот, бараме негово повторување таму каде што е доминантно македонското малцинство, со строга меѓународна контрола без никакво надворешно мешање. Бугари има во Албанија, но само во конзуларните претставништва - пописот нема релевантна основа за состојбата на терен“
  10. Резултати од пописот на Албанија во 2023 година
  11. ON THE PROTECTION OF NATIONAL MINORITIES IN THE REPUBLIC OF ALBANIA (2017) од Албанскиот парламент, одобрувано од Грамоз Речи
  12. Дамческа, Марина (2023). „Стерјовски: Бугарското малцинство во Албанија постои само во закон, бугарските пасоши се бизнис, повеќе ги купуваат Албанци отколку Македонци“. Слободен Печат.
  13. Представяне на книгата "Българската политика спрямо Република Македония" (2008) од Дојче Веле
  14. „Бугарската политика спрема Република Македониjа“ (2008) од Љубомир Иванов, дел 2.2.4
  15. Балкан (2022). „Весник „Илинден": Меѓу измислените Бугари во Албанија повеќето се Албанци“. Фактор.
  16. Тодоровска, Вера (2022). „Весник „Илинден": „Ексклузивно: Меѓу измислените Бугари во Албанија повеќето Албанци". Миа.
  17. 17,0 17,1 Антропол (2024). „По обидот во Албанија, Бугарија сака да ги бугаризира и Македонците во Косово и Метохија“. Антропол.
  18. „Реакција од Македонското друштво "Илинден" - Тирана на обидот за бугаризација на Македонците во Голо Брдо“. Весник Македониум. 2021.
  19. Елези, Елона (2024). „Дали Бугарија „ги купува" Македонците во Албанија?“. Дојче Веле.
  20. Петровски, Матеја (2023). „Бугарски лекари без пари лечеле „Бугари" во Албанија- нови провокации врз македонското малцинство“. Алфа.
  21. „Македонски историчар со факти "пошљака" бугарски новинари во Албанија, откако не успеа планот да се отвори бугарски клуб во Пустец (ВИДЕО)“. Маркукуле. 2023.
  22. Алексиеска, Кристина (2022). „„Нема Македонци во Албанија" – Бугарите го негираат македонското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Алфа.
  23. „Дали Бугарија „ги купува“ Македонците во Албанија?“ (2024) од Елона Елези, објавено во Дојче Веле
  24. Мангалакова, Тања (2004). Ethnic Bulgarians in Mala Prespa and Golo Brdo (PDF). INTERNATIONAL CENTRE FOR MINORITY STUDIES AND INTERCULTURAL RELATIONS (IMIR). стр. 2. line feed character во |publisher= во положба 46 (help)
  25. Антропол (2023). „Бугаризација на Македонците во Албанија – Албански државни службеници доделуваат бугарски пасоши“. Антропол.
  26. Фикс фаре (2023). „Скандал: Секретарот на општина Булќиза Фитим Бала и администраторот на Острен Луан Мјештри продаваат потврди за бугарско потекло во македонските општини (ВИДЕО)“. Весник на македонското друштво „Илинден“ - Тирана.
  27. „Новинари на „Фикс фаре" купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки“. Канал 5. 2023.
  28. ПОПИС ВО АЛБАНИЈА: Македонците ќе се попишуваат во услови на силна пропаганда за нивна бугаризација од официјална Софија (2023) од Денешен Весник
  29. VP Takes Part in "Bulgarians in Albania" Book Presentation in Tirana on Eve of 1st Census since Recognition of Bulgarian Minority (2023) од Bulgarian News Agency
  30. „Maкедонците во Албанија едногласни: Бугари во Албанија нема“. Илинден. 2023.
  31. Илинден (2023). „По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има, велат Македонците во Албанија“. Илинден.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 Фактоје (2023). „The Census and Bulgarian "battle" in Pustec“. Фактоје.
  33. Тошев, Спас (2020). „Asimilimi – sfida para bashkësive bullgare në Ballkanin Perëndimor“. Радио Бугарија. Архивирано од изворникот на 2020-09-14. Посетено на 2024-06-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. Ст., Д. (2023). „Во соседството продолжува агресијата над националниот македонски идентитет“. Илинден.
  35. Ристовски, Александар (16 јули 2024). „Контроверзите околу пописот во Албанија на кој се појави бугарско малцинство“. Вистиномер.
  36. РСЕ (29 јуни 2024). „МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува реалната бројка Македонци“. Радио Слободна Европа.
  37. „„Друштво Преспа" за груб пописен фалсификат ја смета бројката од 7.957 „Бугари" во Албанија и бара мерки од ЕУ“. Нетпрес. 29 јуни 2024.
  38. „Каракачанов ликува: Над две третини од Словените во Албанија се Бугари“. Инфомакс. 29 јуни 2024.
  39. „Исмаили се потсмева со Македонците во Албанија: Целата нивна заедница од 2281 луѓе не тежи ни колку селото Отља со 2538 Албанци!“. Експрес.мк. 29 јуни 2024.
  40. Исмаили, Ридван (28 јуни 2024). „Fshati Hotël 2538 banorë (shqiptarë) E gjithë Shqipëria 2281 banorë (maqedonas)“. ИНА.
  41. Џ., П. (1 јули 2024). „Пописот во Албанија ги „десеткуваше" Македонците и правослaвните – реакции од МАЕИ и од албански политичари“. МКД.мк.
  42. Sterjovski, Vasil (28 јуни 2024). „Censi 2023, përgjysmohet minoriteti maqedonas/ Reagon Aleanca e Maqedonasve për Integrim: Regjistrimi u manipulua nga Bullgaria“. Аргументум.мк.
  43. „ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично“. Фактор.мк. 2 јули 2024.
  44. СкопјеИнфо (2 јули 2024). „Претседателот на Бугарската фондација „Македонија" со закани кон новинарот Видиновски“. Скопско Инфо.
  45. „Стојанов од бугарската фондација „Македонија" му се заканувал на новинарот Видиновски“. Локално. 2 јули 2024.
  46. „ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени“. Фактор.мк. 3 јули 2024.
  47. МИА (7 јули 2024). „Васил Стерјовски добива закани од бугарски активист за пописот во Албанија“. МКД.мк.
  48. Ј., К. (јули 2024). „Bulgarian activist Stojanov continues his threats to Vasil Sterjovski for the census in Albania“. Слободен Печат.
  49. „Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов“. Независен. 7 јули 2024.
  50. „Бугарска фондација го тужи Васил Стерјовски“. Инфомакс.мк. 12 јули 2024.
  51. МИА (12 јули 2024). „Фондација „Бугарска меморија" ја тужи МАЕИ и бара 10.000 евра отштета“. Бизнис Вести.
  52. А1он (12 јули 2024). „Бугарска фондација ја тужи партијата на Македонците во Албанија“. А1онлајн.
  53. Алексиевска, Андријана (12 јули 2024) „Фондацијата „Бугарска меморија“ ја тужи партијата на Македонците во Албанија“ Алфа.мк
  54. МИА (17 Јули 2024). „Малцинствата во Албанија со заедничка декларација за непризнавање на пописните резултати и барање за нов попис“. Civil Media. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  55. „Стерјовски: Македонците и седум други малцинства не ги признаваат резултатите од пописот во Албанија“. Либертас. 18 јули 2024.
  56. „ЦК на МАЕИ усвои декларација за состојбата на Македонците во Албанија“. Вечер. 5 август 2024.
  57. „МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?“. Фактор.мк. 6 август 2024.
  58. The party of Macedonians in Albania does not recognize the census in which 8 citizens declared themselves Bulgarians (2024) од З.Д.
  59. Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија (2023) од Антропол
  60. Ѓурѓај од МД „Илинден“ – Тирана: „Уцена до Македонците да се пишат како Бугари на пописот – да беше Албанија или Македонија во ЕУ немаше да нудат пасоши“ (2023) од Н.П.
  61. Флагрантна потврда за агресивната политика на Софија за демакедонизација (2023) од Јасминка Павловска, објавено во Нова Македонија
  62. “Drustvo Prespa” from Tirana: The Albanian Government legitimizes a census forgery for Macedonians, allowing gross interference of Bulgaria in internal affairs (2024) објавено во Република Онлајн
  63. „Македонскиот амбасадор во Албанија на консултации со Муцунски по објавените податоци од пописот“. Info. 2024.