Екатерина Захариева

Екатерина Спасова Гечева-Захариева (родена на 8 август 1975 година) — политичарка од Бугарија, која од 4 мај 2017 година ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Бугарија. Таа била привремен заменик-премиер и министер за регионален развој од 2013 година.

Екатерина Захариева
Екатерина Захариева во 2017 година
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил
4 мај 2017
Премиер Бојко Борисов
Претходник Ради Најденов
Министер за правда
На должноста
3 јануари 2015 – 27 јануари 2017
Премиер Бојко Борисов
Претходник Христо Иванов
Наследник Марија Павлова
Лични податоци
Роден(а) 8 август 1975(1975-08-08)(49 г.)
Пазарџик Бугарија
Партија Реформаторски блок
Установа Пловдивски универзитет

Животопис

уреди

Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.

Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев. Кога Плевнелиев станал Претседател на Република Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година[1]. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Во 2013 година била министер за регионален развој. Од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година. Таа станала министер за надворешни работи на Бугарија на 4 мај 2017 година[2].

Наводи

уреди
  1. Visit of Ekaterina Zaharieva, Bulgarian Deputy Prime Minister and Minister for Regional Development and Public Works, to the EC, March 2013, retrieved January 2014
  2. „Minister of Foreign Affairs“. The Republic of Bulgaria. Архивирано од изворникот на 2014-07-08.
Политички функции
Претходник
Христо Иванов
Министер за правда
2015–2017
Наследник
Марија Павлова
Претходник
Ради Најденов
Министер за надворешни работи
2017–денес
На должноста