Баница (Леринско)

Баница (грчки: Βεύη, „Веви“) — село во општина Овчарани во округот Леринскиот округ, Егејска Македонија. До денес е населено исклучиво со Македонци.

Баница
Βεύη
Баница
Баница
Баница is located in Грција
Баница
Баница
Координати: 40°46′N 21°37′E / 40.767° N; 21.617° E / 40.767; 21.617Координати: 40°46′N 21°37′E / 40.767° N; 21.617° E / 40.767; 21.617
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаОвчарани
Население (2001)[1]
 • Селска684
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.539 74
Повик. бр.2385
Banitsa.jpg
Vevi Center.JPG
Vevi School.JPG

Географија и местоположбаУреди

Селото Баница се наоѓа на 23 километри источно од градот Лерин и 8 километри од Суровичево, во западните падини на планината Ниџе. Низ Баница минува главниот пат Солун-Лерин-Битола, а тука се одделуват патните јазли коишто водат кон Суровичево, Костур и Кожани, а друг директно оди за Битола кон Крушоради и Живојно[2]. Според записите на Ѓорче Петров селото Баница е расположено четири часа на исток од Лерин на солунско-битолскиот пат[3].

ИсторијаУреди

Најстарите археолошки пронајдоци укажуваат на римскиот период, како што е торзо од машка статуа [1]. Едни од најстарите пишани податоци за селото Баница се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото е запишано дека имало 35 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 44 товари, јачмен до 49 товари, 'рж до 14 товари, просо до 2 товари, граор до 3 товари, леќа, бостан, мед, се обработувале лозја и се чувале свињи за што селото остварувало свкупен приход од 2353 акчиња[4] За време на Османлиското Царство се спомнува во турските дефтери со името Баниче, коешто броело 132 христијански домаќинства, во Леринскиот вилает од 1626-1627 година. Црквата „Св. Николај“ е изградена во XVI век. На основа на податоците од записите на Ѓорче Петров во неговата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, селото Баница имало 250 куќи со 1500 жители од кои 725 биле Македонци – гркомани, а 775 биле Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, при што административно тоа спаѓало во Воштаранската нахија, а црковно-духовно припаѓало на Охридската бугарска епархија[3]. Кај Стефан Верковиќ е регистрирано со 141 семејство и 682 жители, во статистиките на К’нчов од 1910 Баница се споменува со 1650 жители, додека Милоевиќ го забележал како село со 400 македонски куќи[2]. Поради страдањата во Втората светска и Граѓанската војна ви Грција, мнозина жители пребегнале во Македонија и во другите источноевропски држави, а по овој период започнало и помасовно иселување во прекуокеанските земји.

СтопанствоУреди

 
Лигнитните копови јужно от селото

На планината над Баница се наоѓа рудникот Веви, којшто работи од 1980-те години. Од него се добива лигнит со висок квалитет и таму работат повеќе луѓе од селото. Од земјоделството селото произведува големи количества жито[2].

ДемографијаУреди

Година Население
1913 1.167 [2]
1920 1.653 [3]
1928 1.995 [4]
1940 2.245 [5]
1951 2.062 [6]
1961 2.105 [7]
1971 1.049 [8]
2001 688 [9]

Општествени установиУреди

Во селото е сместена жандармериска поткоманда со неколку истурени жандармериски станици во околните села, како и пошта која ги опслужува и околните села[2].

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 140–141. ISBN 9989-9819-4-9.
  3. 3,0 3,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (изд. 2016.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 331–332.

Надворешни врскиУреди