Филип Никодем "Фил" Џагиелка (роден на 17 август 1982) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Евертон и на англиската репрезентација.

Англија Фил Џагиелка
Лични податоци
Роден на 17 август 1982(1982-08-17)(42 г.)
Роден во Сеил, Англија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 6
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2007 Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед 254 (18)
2007-2019 Евертон Евертон 322 (14)
Репрезентација
2008- Англија Англија 40 (3)
* Ажурирано на: 5 мај 2019
** Ажурирано на: 15 ноембри 2016

Џагиелка ја започнал својата кариера во Шефилд Јунајтед, играјќи како внатрешен играч од средниот ред, но по трансферот во Евертон бил вратен една линија по назад и прекомандуван во централен одбранбен играч. Откако му помогнал на Шефилд Јунајтед да се врати во Премиер лигата, следната сезона по нивното испаѓање, тој му се приклучил на сегашниот тим, Евертон, з за сума од 4.000.000 фунти.

За англиската репрезентација одиграл 30 натпревари досега, и бил дел од составот за Европското првенство 2012 и Светското првенство 2014. Но исто така, Џагиелка, имал право да настапува и за селекцијата на Полска преку потеклото на неговиот дедо Никодем, но тој ја избрал Англија.

Ран живот

уреди

Џагиелка е роден во Сеил, Грејтер Манчестер, и играл за фудбалскиот клуб Холи Фемили, кој не бил директно поврзан со истото име на училиштето во кое учел, на возраст од 8-11 години. Тој најпрво играл како десно крило, бидејќи поседувал огромна брзина, па дури и играл во натпревари против момчињата кој биле неколку учебни година постари од него. Сепак, тој првиот впечаток на скаутите им го оставил додека играл за неговиот локален тим Хеил Барнс Јунајтед во Олтринчам. Тој претежно играл во средниот ред за време на неговите настапи со клубот. За тоа време тој тренирал и со неколку професионални клубови како Стоук Сити, Евертон и Манчестер Сити, пред и официјално да стане играч на Шефилд Јунајтед во 1998 година на возраст од 15 години.

Клупска кариера

уреди

Шефилд Јунајтед

уреди

Џагиелка го поминал својот пат низ младинските редови на Шефилд Јунајтед, пред да го направи своето официјално деби за првиот тим на 5 мај 2000 против Свиндон Таун во последниот лигашки натпревар за сезоната 1999-2000, додека сè уште бил тинејџер. Тој бил награден со професионален договор следниот ден и ја унапредувал својата игра пред почетокот на следната сезона. Договорот кој го потпишал бил на три-годишна верност кон клубот до јануари 2001 година.

Тој се утврдил како првотимец во Шефилд Јунајтед во сезоната 2002-03 и започнал да го привлекува вниманието на други клубови, вклучувајќи го Лидс Јунајтед, кои биле поврзувани со испраќање на понуда вредна 6 милиони £ за двајца играчи на Шефилд, Џагиелка и неговиот тимски колега Мајкл Браун, но од Шефилд Јунајтед стигнала изјава дека тие ќе се спротивстават на секој обид да се ангажираат овие двајца играчи.

Во април 2005 година, Џагиелка изјвил дека тој е среќен во Јунајтед и сака да остане во клубот, и покрај неколкуте солидни понуди од Премиер лигашки клубови заинтересирани за потпишување со него. Менаџерот на Јунајтед Нил Ворнок, во јуни 2005 година му наговестил на Вест Хем Јунајтед дека Џагиелка не е на продажба, а во јули Виган Атлетик испратил понуда од 4 милиони фунти за Фил, по што од таборот на Јунајтед се огласиле дека за Џагиелка нема цена. До ноември немало нови понуди, сè додека Болтон не испратил сума од 4 милиони фунти, но Нил Ворнок ја одбил и оваа понуда изјавувајќи дека меѓу двата клуба немало контакт во врска со играчот. Откако останал во Шефилд Јунајтед тој му помагнал на клубот да избори промоција во Премиер лигата за сезоната 2006-2007.

Џагиелка потпишал нов тригодишен договор со клубот во август 2006 година. Тој за првпат станал капитен на тимот во периодот кога Крис Морган отсуствувал од терените. Токму Џагиелка, бил човекот кој му ја донел првата победа на Шефилд Јунајтед во Премиер лигата од април 1994 година, кога во 91-вата минута ја погодил мрежата на Мидлсборо со прекрасен полуволеј удар за победа со 2-1 во септември 2006 година. И покрај тоа што бил признат како еден од клучните играчи на клубот, претседателот Кевин Mекејб признал дека Џагиелка може да биде продаден доколку добие некоја доволно висока понуда. Во домашниот натпревар против Арсенал на 30 декември 2006 година поради повреда на бутниот мускул на првиот голман Педи Кени и при водство на неговиот тим од 1-0, Џагиелка бил принуден да застане на голот до крајот на натпреварот. Во финишот од мечот Џагиелка го одбранил ударот на Робин ван Перси и ја сочувал предноста на својот тим за победа со 1-0. Во натпреварот тој ја покажал својата флексибилност но и способност да брани наместо голман, поради фактот што менаџерот Нил Ворнок не бил во можност да направи замена на голманската позиција затоа што немал резрвен голман на клупата, со цел да има повеќе тактички опции (бидејќи тогаш бројот на резервни играчи бил ограничен на само 5).

До крајот на сезоната 2006-2007, тој направил 133 последователни лигашки настапи за Јунајтед, вклучувајќи го секој лигашки натпревар во сезоната 2004-2005 и 2005-2006 и секоја минута од сезоната 2006-07. Кога Шефилд Јунајтед испаднал од Премиер лигата по само една сезона, Џагиелка бил поврзан со заминување од Шефилд, а и голманот Педи Кени изјавил дека верува дека е време тој да замине во некој поголем клуб. Новиот менаџер на клубот Брајан Робсон го замолил Џагиелка да почека со исходот од сослушувањето за арбитражата за време на последниот натпревар од лигата по кој клубот испаднал (поразот со 1-2 на домашен терен од Виган) пред да се одлучи дали ќе го напушти клубот.

Евертон

уреди
 
Џагиелка играјќи за Евертон во 2008.

Џагиелка на крајот потпишал за Евертон на 4 јули 2007 година, пет-годишен договор вреден 4.000.000 фунти. Тој бил воедно и некогаш најскапо откупениот фудбалер на Шефилд Јунајтед. Тој го направил своето деби пред домашната публика на Гудисон Парк на 31 јули 2007 година како замена во второто полувреме во пред-сезонскиот пријателски натпревар против Вердер Бремен, влегувајќи на местото на Жозеф Јобо во централниот дел на одбраната. По бавниот старт на неговата кариера во Евертон, Џагиелка сепак се развил во еден важен член на првиот тим. Тој го постигнал својот прв погодок за Евертон во Купот на УЕФА против АЗ Алкмар. Тој постигна автогол против Виган Атлетик, иако Евертон победи со 2-1. Тој направил серија на натпревари во кој бил избран за играч на натпреварот веќе во следните настпи, против Тотенхем, Бран и Манчестер Сити. Својот прв лигашки гол за Евертон го постигнал против Рединг на 9 февруари 2008 година.

Џагиелка ја започнал сезоната 2008-2009 како прв избор за позицијата централен одбранбен играч, играјќи во секоја минута од секој лигашки натпревар додека не се повредил во поразот со 2-1 на домашен терен од Манчестер Сити. Тој ја освоил наградата играч на месецот за февруари и ги освоил навивачите на Евертон кој го избрале за клупски играч на сезоната. Џагиелка исто така го постигнал победничкиот пенал за Евертон во пенал-серијата од полуфиналето на ФА Купот со кој го елиминирал Манчестер Јунајтед, но тој тврдел дека го фаулирал Дани Велбек во 68-мата минута, и признал дека требало да биде досуден пенал, по што судијата, сепак не досудил удар од 11 метри. Набргу потоа се здобил со напукнување во предниот вкрстен лигамент играјќи против Манчестер Сити, а како последица на тоа го пропуштил финалето на ФА купот 2009 година.

Откако го пропуштил крајот на сезоната 2008-2009, и повеќе од половината од сезоната 2009-2010, Џагиелка го одиграл својот прв натпревар на гостувањето кај Спортинг Лисабон во Лига Европа во февруари 2010 година, влегувајќи како замена за повредениот Филип Сендерос.

На 27 септември 2014 година, Џагиелка го постигнал својот прв гол по пауза од две сезони со фантастичен удар од околу 28 метри за да го израмни резултатот на 1-1 во 91-вата минута од Дербито на Мерсисајд против Ливерпул.[1]

Личен живот

уреди

Џагиелка има полско и шкотско потекло. Неговиот постар брат Стивен Џагиелка игра за Хеднесфорд Таун. Тој, исто така има две сестри, Барбара и Никола.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Jagielka stunner steals a point after pulsating derby“. EPSN. ESPN. 2014-09-27. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. Посетено на 2014-09-27.