Вид Белец (роден во Марибор на 6 јуни 1990) — словенечки фудбалер, голман на АПОЕЛ и на словенечката репрезентација.

Вид Белец
Лични податоци
Роден на 6 јуни 1990(1990-06-06)(34 г.)
Роден во Марибор, Словенија
Држава Словенија Словенија
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб АПОЕЛ АПОЕЛ
Број 27
Младинска кариера
Марибор Марибор
Интер Интер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2015 Интер Интер 0 (0)
2010-2012Кротоне Кротоне 50 (0)
2013-2014Ољаненсе Ољаненсе 22 (0)
2011-2012Конијаспор Конијаспор 14 (0)
2015-2017 Карпи Карпи 56 (0)
2017-2018 Беневенто Беневенто 13 (0)
2018-2020 Сампдорија Сампдорија 2 (0)
2019-2020АПОЕЛ АПОЕЛ 21 (0)
2020-2022 Салернитана Салернитана 57 (0)
2022- АПОЕЛ АПОЕЛ 59 (0)
Репрезентација
2006 Словенија Словенија 17 3 (0)
2007-2009 Словенија Словенија 19 6 (0)
2014- Словенија Словенија 20 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Интер

уреди

Белец ја започнал својата фудбалска кариера во 2002 година, кога како дванаесеттгодишно момче се приклучил во академијата на фудбалскиот клуб Марибор. На возраст од 16 години, Белец заедно со својот соиграч од младинскиот сектор на Марибор Рене Крхин се преселил во Италија каде му се приклучил на Интер.[1] Тој поминал 3 и пол сезони во Примавера тимот. Во првата сезона тој бил резерва на Паоло Торнаги и го освоил Скудетото во примавера првенството за таа сезона.[2] Исто така, тој играл и за Алиеви национали тимот под 17 години во сезоната 2006-2007.[3] Во сезоната 2007-2008, тој најпрво се натпреварувал за место во почетниот тим на Примавера со Енрико Алфонсо сè додека Алфонсо не го напуштил клубот во јануари 2008. Тој потоа станал четврти голман на првиот тим на Интер,[4] и прв избор во Примавера тимот, со кој го освоил Турнирот Вијареџо во 2008[5] и завршил како финалист во првенството.[6] Под водство на Жозе Мурињо, Белец добил неколку повици во првиот тим уште во сезоната 2008-2009 и го направи своето деби за првиот тим на 17 јули 2009 година, во пред-сезонски пријателски натпревар.[7]

Во ноември 2009 година, тој потпишал 5 годишен договор со клубот.[8]

Кротоне

уреди

На 6 јули 2010, заминал на позајмица во екипата на Кротоне во Серија Б, за да се здобие со повеќе искуство во италијанскиот фудбал.[9] Одиграл 29 натпревари во Серија Б. На почетокот на сезоната не бил стартер, но по неколку кола од сезоната, по повредата на голманот Емануел Концети, дебитирал за новиот тим играјќи како стартер на домашен терен против Торино; натпреварот завршил со резултат 1-1. Под водство на Леонардо Меникини, тој започнал од првата минута, дури и во текот на следните шест натпревари. Меѓутоа, од 13 октомври веќе не бил стартер; се вратил на теренот на 4 декември за време на поразот со 3-0 од Новара на Стадионот Силвио Пиола. Од тогаш па сè до крајот на првенството, Белец останал прв голман на Кротоне.

На 8 јули 2011 ја обновил својата позајмица во Кротоне за уште една сезона, играјќи 21 настпревар во Серија Б.

Враќање во Интер

уреди

По две-годишната позајмица во Кротоне, Белец се вратил назад во Интер за годишна плата од 180.000 евра.[10] На 30 август 2012, тој конечно го направил своето деби за првиот тим на Интер во натпреварот од квалификациската плејоф рунда за Лигата на Европа против Васлуи, влегувајќи од клупата на местото на Антонио Касано за да го замени голманот Лука Кастелаци кој добил црвен картон; Белец примил два гола, а натпреварот завршил 2-2. На 22 ноември за првпат бил стартер на голот на Интер во поразот со 3-0 на гостувањето против Рубин Казањ, повторно во Лига Европа.

Следната сезона (2013-2014) со доаѓањето на Валтер Маѕари на клупата на Интер, тој повеќе не добил шанса да брани.[11]

Ољаненсе и Конијаспор

уреди

На 15 јули 2013 бил позајмен на португалскиот клуб Ољаненсе во Примеира лига.[12] Собрал 16 натпревари, но на крајот на сезоната не успеал да се утврди во клубот и се вратил во Интер. Потоа бил позајмен на турскиот тим Конијсапор каде што тој одиграл 14 натпревари пред да се врати во Интер на 2 февруари 2015.

Карпи

уреди

Бидејќи не добил ниту еден настап за Интер во остатокот од сезоната 2014-2015, Белец одлучил да го раскине договорот со клубот од Милано и на 31 август потпишал договор со екипата на Карпи, новиот член на Серија А. Белец го направил своето деби на 3 октомври 2015 во натпреварот на домашен терен против Торино, каде Емилијаните ја забележале првата победа во највисоката лига на Италија во историјата на клубот. Во почетокот неговите перформанси биле неубедливи, особено во натпреварот против Аталанта кога примил гол директно од корнер, меѓутоа неговите настапи подоцна биле се подобри. На 6 декември во натпреварот против Милан имал неколку одлични одбрани од кој најдобрата при ударот на Алекс со глава во 86-тата минута, соочувувајќи ја својата мрежа празна во ремито 0-0.[13]

Репрезентативна кариера

уреди

Откако одиграл пет натпревари за репрезентацијата до 19 години, во 2011 година го добил првиот повик во сениорскиот тим; дебито го имал на 7 јуни 2014 во пријателскиот натпревар Аргентина-Словенија 2-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Словенија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
07-06-2014 Ла Плата Аргентина   2 – 0   Словенија Пријателска -2
30-5-2016 Малме Шведска   0 – 0   Словенија Пријателска
5-6-2016 Љубљана Словенија   0 – 1   Турција Пријателска −1
14-11-2016 Вроцлав Полска   1 – 1   Словенија Пријателска −1   84'
23-3-2018 Клагенфурт Австрија   3 – 0   Словенија Пријателска −3
27-3-2018 Љубљана Словенија   0 – 2   Белорусија Пријателска −2
2-6-2018 Подгорица Црна Гора   0 – 2   Словенија Пријателска
Вкупно Настапи 7 Голови -9

Титули

уреди

  Интер

уреди

Наводи

уреди
  1. „THREE NEW PLAYERS FOR INTER PRIMAVERA“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 5 January 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 18 October 2010.
  2. „Primavera: Inter win Scudetto!“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 19 May 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-04. Посетено на 18 October 2010.
  3. „Under-17 squad for playoffs“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 1 June 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 18 October 2010.
  4. „Mancini names squad for cup semi-final return“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 6 May 2008. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 18 October 2010.
  5. „Carnival Cup: Inter win 7-6 after penalties“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 13 February 2008. Архивирано од изворникот на 2012-10-10. Посетено на 18 October 2010.
  6. „Primavera: Inter 2-3 Sampdoria“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 8 June 2008. Архивирано од изворникот на 2012-10-10. Посетено на 18 October 2010.
  7. „Pre-season: UCLA Bruins 2-2 Inter“. FC Internazionale Milano. www.inter.it. 17 July 2009. Архивирано од изворникот на 2012-08-19. Посетено на 18 October 2010.
  8. Laudisa, Carlo (7 November 2009). „Khrin e Belec C' è l' intesa sino al 2014“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 19 October 2010.
  9. „Mercato: Belec, prestito al Crotone“. Inter.it. 2010. Посетено на 22 мај 2012.[мртва врска]
  10. tuttomercatoweb.com (уред.). „Rivoluzione ingaggi: la lista attuale e il tetto futuro, che taglio dei costi!“. Посетено на 10 февруари 2013.
  11. „F.C. Internazionale Milano - Sito Ufficiale“. Архивирано од изворникот на 2015-10-28. Посетено на 2015-12-08.
  12. inter.it, уред. (15 јули 2013). „Mercato, Belec e Bessa in prestito all'Olhanense“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 16 јули 2013.
  13. Carpi – Milan 0-0: Belec e Donnarumma insuperabili, spettacolo a reti inviolate

Надворешни врски

уреди