Текирдаг

град во Турција

Текирдаг (турски: Tekirdağ) — град во Источна Тракија во Турција и главен град на истоимената провинција. Населението на градот, според податоци од 2009 година е 140.535 жители[3]. Во градот се наоѓаат конузлатите на Бугарија и Унгарија.

Текирдаг
Текирдаг is located in Turkey
Текирдаг
Текирдаг
Координати: 40°58′40″N 27°30′55″E / 40.97778° СГШ; 27.51528° ИГД / 40.97778; 27.51528
ЗемјаТурција
ПокраинаТекирдаг
Управа
 • ГрадоначалникКадир Албајрак (CHP)
Површина[1]
 • District1.111,53 км2 (42,916 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003700000037 м
Население (2012)[2]
 • Градскo150.112
 • District176.848
 • District густина1,6/км2 (4,1/ми2)
Мреж. местоwww.tekirdag.bel.tr
 
Османлиски плоштад во градот
 
Османлиска куќа
 
Бедестен

Текирдаг во минатото бил познат како Бизанте или Бисанте (грчки: Βισάνθη/Βυσάνθη)[4][5]) и како Редестос (Ῥαιδεστός). Второто име се користело во византискиот период[6]. Од страна на Османлиите, градот бил нарекуван Родосчук. Од 18 век, градот бил познат како Текфурдаг, врз основа на турскиот збор текфур, што значи „византиски господар“. Со текот на времето, името било променето во Текирдаг, име кое се користи до денес.

Историја

уреди

Антички период

уреди

Историјата на градот Текирдаг датира од околу 4.000 година п.н.е.[7] Градот е основан од грчки колонисти од островот Самос, кои му го дале името Бизанте. Во Анабаза на Ксенофонт, Бизанте е споменат како територија на тракискиот цар Севт, кој му ја понудил на Ксенофонт „најубавата од тврдините крај морето“ како награда за неговите услуги. Многу автори сметаат дека денешната планина Текирдаг е познатата Света планина на Тракијците (Άγιον Όρος), за која зборуваат многу антички автори. Градот исто така се споменува и од страна на Херодот.

Византиски период

уреди

Во византискиот период се појавиле и другите две грчки имиња на градот - Родосто (Ρωδοστο) и популарното Редестос (Ραιδεστός). Византискиот писател Прокопиј Кесариски пишува дека царот Јустинијан I во 6 век го обновил градот и изградил ѕидини околу него за одбрана од варварските инвазии. Во 813 градот бил освоен и разграбен од бугарскиот хан Крум, додека во 1206 од цар Калојан, по кое бргу бил обновуван. Во периодот од 1204 до 1235 година градот бил управуван од страна на Венецијанците.

Османлиски период

уреди

Во османлискиот период градот бил наречен Текфурдаг и бил дел од Румелија, потоа од покраината Капудан Паша, пашалакот Силистра и Одринскиот вилает. Во градот од 1720 до неговата смрт во 1735 живеел во егзил унгарскиот патриот Ференц Ракоци и неговата куќа - архетектурен споменик од 17 век, денеска е претворена во музеј. Музејот денес е во сопственост на унгарската влада и е често посетуван објект од унгарски туристи, заедно со црквата „Света Богородица“, во која се закопани унгарските револуционери, побегнати во градот заедно со својот водач.

Градот долги години бил главно пристаниште на Одринскиот вилает, но со изградбата на железничката линија од Одрин до Дедеагач, градот започнал економски да паѓа. На крајот на 19 и почетокот на 20 век во градот живееле Турци, Грци, Ерменци, Евреи. Во 1905 година населението на градот било околу 35.000, од ​​кои половината биле Грци.

За време на Првата балканска војна градот бил освоен од бугарската армија на 23 октомври 1912 година. Во текот на мировните преговори со Отоманското Царство, Бугарија се обидела да го добие градот како важно пристаниште на Мраморно Море и инсистирала на граница во Тракија по линијата Мидија - Текирдаг. Овие аспирации на бугарската дипломатија не биле прифатени од Русија, која сметала дека градот како дел од околината Цариград, порано или подоцна мора да биде присоединет кон Русија. Градот повторно бил освоен од турскиот башибозук на 1 јули 1913 година по избувнувањето на Втората балканска војна и голем дел од христијанското население - Ерменци и Грци биле принудени да го напуштат.

Турски период

уреди

Во 1919 година градот според договорот од Севр, заедно со речиси цела Источна Тракија бил вклучен во составот на Грција, но по поразот на Грција во Грчко-турската војна, градот бил вратен на Турција и целото негово христијанско население го напуштил регионот.

Денеска Текирдаг е местото каде живеат голем број на население бидејќи градот се наоѓа на само два часа возење до Истанбул преку новиот автопат со четири ленти. Селата Сарќој, Мурефте и Кумбаг се особено популарни кај турските туристи. Денеска постојат неколку јавни плажи во близината на Текирдаг. Освен тоа, градот е трговски пристаништен град за земјоделски производи.

Географија

уреди

Текирдаг се наоѓа на европскиот дел од северниот брег на Мраморно Море, на 135 километри западно од Истанбул и на стотина километри од границата со Грција. Градот се протега по должината на Мраморно Море на надморска височина од 37 метри, веднаш под планината Текир Даг, која е висока 600 метри. Вкупната површина на областа зафаќа 1,111.53 км2.

Клима

уреди

Текирдаг има гранична средоземна влажна суптропска клима. Летата се долги, топли и влажни, додека зимите се ладни и влажни. Снежни врнежи најчесто има меѓу месеците декември и март, и тој се задржува најмногу една или две недели.

Климатски податоци за Текирдаг
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 21.5
(70.7)
24.7
(76.5)
28.1
(82.6)
34.3
(93.7)
33.5
(92.3)
40.2
(104.4)
38.4
(101.1)
37.5
(99.5)
39.7
(103.5)
35.1
(95.2)
27.9
(82.2)
23.5
(74.3)
40.2
(104.4)
Прос. висока °C (°F) 8.2
(46.8)
8.9
(48)
11.0
(51.8)
15.8
(60.4)
20.6
(69.1)
25.3
(77.5)
28.0
(82.4)
28.1
(82.6)
24.4
(75.9)
19.6
(67.3)
14.7
(58.5)
10.5
(50.9)
17.93
(64.27)
Сред. дневна °C (°F) 4.9
(40.8)
5.4
(41.7)
7.4
(45.3)
11.9
(53.4)
16.9
(62.4)
21.3
(70.3)
23.8
(74.8)
23.8
(74.8)
20.0
(68)
15.4
(59.7)
11.0
(51.8)
7.2
(45)
14.08
(57.33)
Прос. ниска °C (°F) 2.1
(35.8)
2.4
(36.3)
4.1
(39.4)
8.2
(46.8)
12.6
(54.7)
16.6
(61.9)
18.9
(66)
19.3
(66.7)
16.0
(60.8)
12.0
(53.6)
8.0
(46.4)
4.4
(39.9)
10.38
(50.69)
Најниска забележана °C (°F) −12.3
(9.9)
−13.3
(8.1)
−10.4
(13.3)
−1.2
(29.8)
3.5
(38.3)
8.6
(47.5)
10.9
(51.6)
12.0
(53.6)
3.7
(38.7)
−1.8
(28.8)
−6.9
(19.6)
−10.9
(12.4)
−13.3
(8.1)
Прос. врнежи мм (ин) 69.0
(2.717)
54.1
(2.13)
54.9
(2.161)
41.3
(1.626)
38.5
(1.516)
37.7
(1.484)
23.2
(0.913)
14.0
(0.551)
36.3
(1.429)
64.3
(2.531)
74.6
(2.937)
81.2
(3.197)
589.1
(23.192)
Прос. бр. дождливи денови 12.4 10.8 10.7 9.8 8.2 7.2 3.6 2.5 4.8 7.6 9.6 12.9 100.1
Сред. бр. сончеви часови месечно 86.8 98 133.3 177 241.8 270 303.8 279 216 155 102 74.4 2.137,1
Сред. бр. сончеви часови дневно 2.4 3.2 4.1 5.4 7.4 9.6 9.5 9.0 7.2 4.5 3.2 2.3 5.65
Извор: Turkish State Meteorological Service [8]

Образование

уреди

Во Текирдаг се наоѓа Универзитетот Намик Кемал, која бил основан во 2006 година со три факултети. Тој се наоѓа на источниот дел од градот.

Знаменитости

уреди
 
Музеј Ракоци
  • Музеј на археологија и етнографија. Музејот содржи археолошки артефакти пронајдени во и околу покраината, како и етнографски предмети што се користат од страна на жителите на регионот и кои се однесуваат на историјата на културниот живот.
  • Музеј на Намик Кемал. Музејот е посветен на животот и делото на турскиот поет Намик Кемал (1840-1888).
  • Музеј Ракоци. Музејот се наоѓа во куќа од 18 век, каде унгарскиот национален херој, Франсоа II Ракоци живеел во егзил од 1720 до неговата смрт во 1735 година. Денес, музејот е во сопственост на Унгарија.
  • Орта џамија. Џамијата била изградена во 1855 година
  • Црква Св. Богородица. Во црквата се наоѓаат гробови со долги латински натписи, како и на Унгарците кои живееле во градот во егзил.
  • Споменик во природна големина на Мустафа Кемал Ататурк.

Луѓе

уреди

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. http://report.tuik.gov.tr/reports/rwservlet?At[мртва врска] the 2012 census, the population of the city was 150,100 adnksdb2=&report=idari_yapi_09sonrasi. RDF&p_il1=59&p_yil=2009&p_dil=1&desformat=html&ENVID=nufus2000db2Env
  4. „A System of Geography, Ancient and Modern“. google.gr.
  5. „Full text of "Hellenica; Books I-II". archive.org.
  6. See: Warren Treadgold, The Middle Byzantine Historians (Palgrave Macmillan, 2013)
  7. „History of Tekirdağ“. Архивирано од изворникот на 2007-02-06. Посетено на 22 March 2007.
  8. „Tekirdağ“. Turkish State Meteorological Service. Посетено на 2 September 2016.[мртва врска]
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Negotiations in progress

Надворешни врски

уреди