Манастир „Пресвета Богородица Богопокриена“ - Сухо
манастир кај Сухо, Лагадинско
Пресвета Богородица Богопокриена или Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Θεοσκεπάστου) — женски манастир кај селото Сухо, Лагадинско, Егејска Македонија. Претставува метох на светогорскиот манастир Дохијар.[1]
Пресвета Богородица Богопокриена | |
---|---|
Παναγίας Θεοσκεπάστου | |
40°49′15″N 23°19′46″E / 40.82083° СГШ; 23.32944° ИГД | |
Место | Сухо, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1994 |
Манастирот се наоѓа на 2 км западно од селото, на рид на Богданска Планина. Основан е во мај 1993 г. од игуменот на Дохијар, архимандритот Григориј. За една година е изградено едно крило и црквата „Св. Јован Богослов“. Почнал да работи во јули 1994 г., кога во него трајно се вселиле првите монахињи.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας Λαγκαδά“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]