Сурлово

село во Кукушко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Сурлево)

Сурлово или Сурлево (грчки: Αμάραντα, Амаранда, до 1927 Σούρλοβο, Сурлово)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Сурлово
Αμάραντα
Сурлово is located in Грција
Сурлово
Сурлово
Местоположба во областа
Сурлово во рамките на Кукуш (општина)
Сурлово
Местоположба на Сурлово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°11′N 22°48′E / 41.183° СГШ; 22.800° ИГД / 41.183; 22.800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000276000000276 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно408
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 21 километри југозападно од градот Кукуш, на 4 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 276 метри.

Сурлово опфаќа површина од 30 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Саламаново се состоело од 86 семејства и 104 жители муслимани и 127 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сурлово имало 260 жители Македонци и 200 Турци[6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 255 Македонци и работело егзархиско училиште.[7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. На нивно место се населуваат македонски патријаршистички семејства од селото Зубово, струмичко. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано 346 жители додека на пописот од 1920 година биле регистрирани 528 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Според Тодор Симовски околу 110 македонски семејства заминале во Струмица и Струмичко, додека 40 заминале во Петрич, Бугарија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Амаранда.[8]

Демографија

уреди

Пред почетокот на Балканските војни, во Сурлово живееле 325 Македонци (под Егзархијата) и 178 Турци. По војната, ситуацијата драстично се променила, кадешто Македонците егзархисти го напуштиле селото, а на негово место се населиле Македонци патријаршисти и муслимани, односно имало 383 патријаршисти и 396 муслимани.[9] Во 1920 година е забележано со 528 жители, но со заминувањето на муслиманското население во Турција и на дел од патријаршиското македонско население во Бугарија и СХС, веќе во 1923 година пристигнуваат 314 нови грчки бегалци.

До 1928 година во селото се населиле уште 292 бегалци.[10], така селото се зголемило на 621 жител, додека во 1940 година селото броело 847 жители. Доселените луѓе воделе потекло од:

● Источна Тракија: 43%

● Мала Азија: 1%

● Понт: 6%

● Кавказ: 50%[11]

Селото во пописот од 1951 година броело 527 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 676 жители, во 1971 година имало 551 жител, во 1981 година имало 468 жители, додека во 1991 година имало 471 жител. Денеска, населението на селото е 408 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 847 527 676 551 468 471 408
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
Родени во Сурлово

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Σούρλοβο
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Carte ethnographique de la Macédoine grecque août 1915“.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Προέλευση προσφύγων που εγκαταστάθηκαν στoν οικισμό: Αμάραντα“.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 52.
  13. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 99.