Стратони
Стратони (грчки: Στρατώνι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стратони бил дел од општина Стагира-Акант [2].
Стратони Στρατώνι | |
---|---|
Координати: 40°31′N 23°49′E / 40.517° СГШ; 23.817° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.057 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСтратони се наоѓа на 16 километри северно од градот Ерисово и на 111 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на северниот дел од полуостровот Света Гора, во подножјето на планината Пијавица (Стратонико).
Историја
уредиАнтички период
уредиЧовековата активност во регионот започнала околу 600 година п.н.е. Во близина на селото биле откриени наоди од римската епоха, од кои најважна е гробницата која датира од крајот на 1 век п.н.е., две статуи на маж и на жена, познатата „Госпоѓа од Стратони“, кои денеска се изложени во музејот во Полигеро. Археолошките ископувања од 1962 година покажале дека населбата била изградена на местото на античкиот Стратоники, град споменат од Клавдиј Птоломеј[3].
Северно од населбата во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриено ранохристијанска базилика[4].
Отоманско Царство
уредиМестото каде денеска се наоѓа селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Појавата на населбата Стратони датира од крајот на XIX век и е тесно поврзана со рударството. Богатите рудни наоѓалишта, познати уште од антиката и византискиот период, се главен извор на богатството на селото. Стратони ја игра улогата на пристаниште на соседното село Извор (денес Стратоники).
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Во 1932 година селото претрпило големи штети од земјотресот во Ерисово[5][6], но во следните неколку години било речиси целосно обновено.
Демографија
уредиЗа првпат селото се споменува на пописот од 1920 година, каде биле евидентирани 331 жител. Во 1928 година селото броело 756 жители, додека во 1940 година селото броело 778 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1127 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1156 жители, во 1971 година имало 1257 жители, во 1981 година имало 1294 жители, додека во 1991 година имало 1421 жител[7]. Денеска, населението на селото е 1057 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 778 | 1127 | 1156 | 1257 | 1294 | 1421 | 1174 | 1057 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ Δήμος Αριστοτέλη
- ↑ „// Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-10.
- ↑ „Stratoni“. dimosaristoteli.gr. Посетено на 15 July 2014.
- ↑ „Ιστορία Στρατωνίου“. stratoni.net. Архивирано од изворникот на 2017-02-09. Посетено на 15 July 2014.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173.