Аристотел (општина)

општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија
(Пренасочено од Стагира-Акант)
Општина Аристотел
Δήμος Αριστοτέλη

Карта на општина Аристотел
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Халкидик
Гео. област: Халкидик
Население: 20.966 (2021)
Седиште: Ерисово
Нас. места: 32
Пошт. бр.: 630 72
Пов. бр.: 2377
Портал: dimosaristoteli.gr

Аристотел (грчки: Δήμος Αριστοτέλη, Димос Аристотели) — општина на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Ерисово (Јерисос). Општината е наречена по големиот филозоф Аристотел, кој е роден во ова подрачје. Територијата на општината во најголема мера се совпаѓа со она што традиционално се нарекува Лариговско (или Лериговско).

Населени места

уреди
 
Карта со населени места на Општина Аристотел

Карта на населени места на Округот Халкидик

Општината Аристотел е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со спојување на три стари општини: Леригово (Арнеја), Ревеник (Панагија) и Стагира-Акант. Денешната општинска единица Стагира-Акант е наречена по два древномакедонски града, од кои првиот е родно место на филозофот Аристотел.

Општинска единица Леригово

уреди

Општинската единица Леригово со седиште во Леригово (Арнеја) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Леригово
 
Поранешната општина Леригово на картата на некогашниот округ Халкидик.
  • Општински оддел Варвара
  • Општински оддел Ново Село
  • Општински оддел Паљухор
  • Општински оддел Стано

Општинска единица Ревеник

уреди
 
Поранешната општина Ревеник на картата на некогашниот округ Халкидик.

Општинската единица Ревеник со седиште во Ревеник (Мегали Панагија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ревеник
  • село Ревеник (Μεγάλη Παναγία, Мегали Панагија)
  • Општински оддел Гомати
  • село Гомати (Γομάτι)
  • село Девелики (Δεβελίκι) новосоздадено
  • село Пиргос Хилијадус (Πύργος Χιλιαδούς)
  • Општински оддел Пиргадкија

Општинска единица Стагира-Акант

уреди
 
Поранешната општина Стагира-Акантос на картата на некогашниот округ Халкидик.

Општинската единица Стагира-Акант со седиште во Ерисово (Јерисос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ерисово
  • Општински оддел Амолјани
  • Општински оддел Метох Пирг
  • Општински оддел Провлака
  • село Провлака (Νέα Ρόδα, Неја Рода)[2] новосоздадено
  • манастир Свети Павле (Μετόχι Αγίου Παύλου, Методхи Агиу Павлу)
  • село Скала (Σκάλα)
  • Општински оддел Олимпијада
  • Општински оддел Стагира
  • Општински оддел Стратони
  • Општински оддел Стратоники
  • село Извор (Στρατονίκη, Стратоники)
  • остров Елевтера (Ελευθερόνησος, Елевтеронисос)
  • село Крионери (Κρυονέρι) новосоздадено

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
  2. Новоосновано село од грчки доселеници од Турција во 1923 г. на подрачјето на тогашната месност Провлака.

Надворешни врски

уреди