Бузалково

село во Општина Велес

Бузалково — село во северозападниот дел на Општина Велес под јужната падина на ридот Гроот, во сливното подрачје на реката Тополка.

Бузалково
Бузалково во рамките на Македонија
Бузалково
Местоположба на Бузалково во Македонија
Бузалково на карта

Карта

Координати 41°44′22″N 21°40′19″E / 41.73944° СГШ; 21.67194° ИГД / 41.73944; 21.67194
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 1.614 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29006
Бузалково на општинската карта

Атарот на Бузалково во рамките на општината
Бузалково на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото спаѓа во категоријата на ридски села со надморска височина од 500 метри. Од градот Велес селото е оддалечено 12 км.

Историја уреди

Стопанство уреди

Во селото има повеќе продавници - колонијали.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948368—    
1953438+19.0%
1961605+38.1%
1971504−16.7%
1981945+87.5%
ГодинаНас.±%
19911.241+31.3%
19941.273+2.6%
20021.456+14.4%
20211.614+10.9%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци и 50 Македонци.[2]

Од демографски аспект е интересно што во 1961 година селото имало 605 жители од кои 522 Турци и 24 Албанци. Но, со иселувањето на Турците во Турција, денес Бузалково има 1.273 жители од кои 1.248 се Албанци и 22 Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.614 жители, од кои 1 Македонец, 1.566 Албанци, 2 Бошњаци и 45 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 368 438 605 504 945 1.241 1.273 1.456 1.614
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови уреди

Според истражувањата во 1929 година, родови во селото се:

Муслимани (Албанци)

Православни (Македонци)

  • Доселеници: Маневи (1 к.) доселени се од селото Рлевци; Маневи (1 к.) и они се доселени од селото Рлевци; Караџовци (1 к.) потекнуваат од Еленоводица, па од таму се населиле во Рлевци, и на крај во ова село; Митушеви (1 к.) доселени се во 1916 година од Дреново; Стефанови (1 к.) доселени се од селото Белештевица; Трајкови (1 к.) доселени се од Ораов Дол.[8]

Општествени установи уреди

Во Бузалково се наоѓа амбуланта, осумгодишно основно училиште, пошта.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2201 и 2201/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.219 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости уреди

Споменик во чест на НОБ бил изграден во селото.

Редовни настани уреди

Личности уреди

Кошаркарскиот репрезентативец Владимир Брчков, моментално играч на КК Кожув, е роден во ова село. Тој основното училиште го завршил во своето родно село, а гимназија во градот Велес.

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села (српски). 33. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди