Снежен був
Мажјак снежен був
Женка снежен був
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Семејство: Утки
Род: Був
Вид: Снежен був
Научен назив
Bubo scandiacus
(Linnaeus, 1758)

     Размножувалиште      Живеалиште
Синоними

Strix scandiaca Linnaeus, 1758
Nyctea scandiaca Stephens, 1826

Снежен був (науч. Bubo scandiacus) — голем бел був од вообичаеното бувовско семејство. Тие можат да се забележат во областа на Арктикот области во Северна Америка и Евроазија. Помладите снежни бувови првично имаат темно перје, кои стануваат посветли како што стареат. Мажјаците се скоро целосно бели, додека пак женките имаат темни дамки или пак сиво перје.

Таксономија уреди

Снежениот був е една од многуте видови на птици опишани од Лине во значајното X издание од 1758 година од делото Систем на природата (Systema Naturae), каде му било дадено биномното име Strix scandiaca.[2] До неодамна, се сметал за единствен член на поединечниот род, познат под името Nyctea scandiaca, но анализата на низата од цитохром b на мтДНК (Олсен и др. 2002) покажала дека е многу сроден со утките од родот бувови. Сепак, некои научници сè уште ја дебатираат оваа класификација, принавајќи ја старата класификација Nyctea.[3]

Опис уреди

 
Приказ 121 од Птици на Америка од авторот Џон Џејмс Одибон, на која може да се види снежниот був.

Оваа жолтоока, црноклуна бела птица е лесно препознатилива. Со должина од 52 до 71 см, и распон на крилја од 125 до 150 см. Исто така, овие бувови можат да тежат меѓу 1,6 до 3 кг.[4] Станува збор за еден од најголемите видови на бувови, во Северна Америка тој е во просек еден од најтешките бувови. Возрасниот мажјак був е целосно бел, но женките и ммладите птици имаат темни дамки, а во некои случаи темните дамки можно е и да преовладуваат. Неговите густи пердуви, и стапала со долги канџи, и бела боја го прават овој був соодветно прилагоден за живот на северот од Северниот Поларник.

Повиците на снежниот був се различни, но повикот за предупредување наликува на лаеж, како и да квака кре-кре,женката исто така има помеко цимолење пии-пии или прек-прек. Огласувањето е длабоко повторувачко гаа. Тие исто така може да плескаат с клунот кога се под дејство на закана или пка се изнервирани. Иако наречено плескање звукот всушност потекнува од јазикот, а не од клунот.

Живеалиште уреди

 
Млад снежен був покрај своето дубло во тундрата, Алјаска. Снежните бувови ги губат своите црни пердуви со текот на времето, додека пак одредени женки задржуваат одреден дел од овие пердуви.

Снежниот був може да се забележи во северната цикумполрна област, каде се гнезди за време на летниот период 60º СГШ. Сепак, станува збор за особено преселна птица, и бидејќи промената на бројот на неговиот омилен плен го принудуваат да се пресели, познато е дека се размножува на многу појужни напоредници. За време на последното ледено време, имало и средноевропски подвид Bubo scandiacus gallicus, но тој исчезнал и денес не постојат подвидови.

Овој вид на був се гнезди под земја, правејќи вдлабнатина или гнездо под камен или јама. Се избира место со добра видливост, како врв на рид со подготвен приод до ловните области и отсуство на снег. Тие можат да се вгнездат и во наносен насип и напуштени орлови гнезда. Женката ископува плитка вдлабнатина за ги снесе јајцата. Размножувањетоп се случува во периодот мај/јуни, и во зависност на изобилието на плен, гнездото може да брои од 3 до 11 јајца, кои се поединечно снесени, приближно со разлика од еден ден меѓу секое снесено јајце во текот на неколку денови. Изведувањето се случува приближно по пет недели од снесувањето, и за младите се грижат и двата родители. Иако младенчињата се изведуваат во различен временски период, при што најголемото во гнездото е понекогаш поголемо 10 до 15 пати од најмалото младенче, не постојат судири меѓу младенчињата и не се познати случаи на братоубиство. И мажјакот и женката го бранат гнездото и нивните младенчиња од грабливци, понекогаш и со одвлекување на вниманието на тие грабливци. Мажјаците можат да се спарат и со две женки кои се на меѓусебно растојание од еден километар.[5] Some individuals stay on the breeding grounds while others migrate.

Распостранетост уреди

Снежните бувови се гнездат на арктичката тундра во најсеверните делови на Алјаска, Канада и Евроазија. Зимата ја минуваат хужно во Канада и северна Евроазија, но понекогаш може да се сретнат и многу понајуг. Снежните бувови ги привлекуваат отворени области како приморски дини и прерии кои наликувааѕ на тундрата. Забележани се на југ сè до американската држава Тексас, Џорџија, заливските американски држави, најјужните делови на Русија, и северна Кина. Во доцен плеистоцен тие ја населувале и Бугарија (80.000–16.000 години, пештерата Козарника, западна Бугарија).[6]

Во февруари 1886 година, снежен був слетал на оградата на новошкотскиот пароброд Улунда на работ од Гранд Банкс, на 60 км од најблиското копно. Истиот бил фатен и подоцна препариран и денес е изложен во музејот на Нова Шкотска.[7]

Меѓу 1967 и 1975 година, снежните бувови се размножувале на далечниот остров Фетлар дел од Шетландските Острови северно од Шкотска. Женките го минуваат летото на островот од 1993 година, но нивниот статус на Британските Острови се води како редок зимски посетител на Шетланд, Надворешните Хебриди и Кернгормс.[8]

Во јануари 2009 година,снежен був се појавил во Спринг Хил, Тенеси, прва појава во државата од 1987 година. Исто така забележителна е и масовната јужна селидба во зимата 2011/2012 година, кога илијадници снежни бувови се забележани на различни места низ територијата на САД.[9] По ова следела уште поголема масовна селидба во 2013/2014 година кога биле забележани првите снежни бувови и во Флорида после неколку декади.[10][11]

Во декември 2014 година, снежен був бил забележан во Беркли Тауншип, Њу Џерси во државниот парк Ајланд Бич.[12]

Лов и исхрана уреди

 
Снежен був со својот улов, американска црна патка, при осека во басенот на Бидефорд Пул, Мејн.

Оваа моќна птица воглавно се храни со леминзи и други мали глодачи за време на сезонта за размножување, но во периодите кога има недостаток на плен, или за време на гнездењето на еребици, можно е да почнат да се хранат со еребиците. Тие се опортунистички ловци па така пленот може да се менува мошне често, особено во зима. Тие се хранат со разновидни мали цицачи како што се ливадски полјанки и белоноги глувци, но би нападнале и поголем плен, честопати посетувајќи ги од човекот поставени замки во потрага по храна. Некои од поголемиот плен цицачи се зајци, бизамски стаорци, мрмоти, верверици, ракуни, прериско куче, стаорци, кртови како и со крзнени животни фатени во стапици. Од птиците покрај белите еребици плен им се и други видови птици како што се: патки, гуски, пескари, фазани, тетреби, лиски, нуркачи, галеби, песнопојки, па дури и птици грабливки, вклучувајќи и други видови на бувови. Поголемиот дел од ловот на бувовите се состои од чекање, пленот може да биде уловен или на површината на земјата или пак во воздух, рибите пак се ловат од површината на водата со помош на острите канџи. Секоја птица треба да улови околу 7 до 12 глувци дневно за да ги задволи енергетските потреби па така годишно една птица може да изеде 1.600 леминзи. За разлика од повеќето бувови кои ловат во ноќта, снежниот був е птица која лови во текот на целото деноноќие.[13]

Снежните бувови, како и многу други птици, целосно го голтаат малиот плен. Силните киселини во стомакот ги разградуваат месото, додека пак неразградливите коски, забите, крзното и пердувите се спакувани како овални пелети кои птицата ги исплукува 18 до 24 часа по хранењето. Исплукувањето се одвива на исто место па така можат да се забележат и дузина пелети. Биолозите честопати ги истражуваат овие пелети за да го определат количеството и видот на плен со кој се хранеле птиците. Кога птиците јадат поголем плен , во тој случај нема да се создадат пелети.[14]

Природни закани уреди

 
Јајце, збирка Визбаденски музеј.

Иако снежните бувови имаат неколку непријатели, возрасните единки се грижат многу за своите младенчиња и се спремни да ги одбранат од секакви закани. За време на гнездењето, снежните бувови своите гнезда ги заштитуваат од поларни лисици, врани и брзите летачи понорници, како и од кучиња, сиви волци и птици грабливки. МАжјаците го чуваат гнездото додека женката ги квачи јајцата и ги одгледува младите. Двата пола ги напаѓаат грабливците кои се приближуваат до гнездото, слетувајќи на нив или пак изведуваат движења со кои го одвлекуваат вниманието на грабливците од гнездото.

Тие исто така се вклучени во натпревар за лов на леминзите со другите грабливци, меѓу кои се гаќестиот сокол, златниот орел, сивиот сокол, арктичкиот сокол, понорниците, поларниот галеб, блатниот був, вирџинискиот був, големиот ушест був, гавранот, волци, поларни лисици и големата ласица. Тие се вообичаено поуспешни од останатите птици грабливки, но понекогаш тие можат да ги загубат двобоите со другите птици грабливки како бувовите, златните орли и помалите но побрзи сиви соколи. Некои видови на се гнездат во близина на снежните бувови, како на пример снежни гуски, кои имаат заштита од снежните бувови кои ги изгонуваат останатите грабливци во непосредната близина на гнездото.[15]

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Bubo scandiaca. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Linnaeus, Carl (1758). Systema Naturae per Regna Tria Naturae, Secundum Classes, Ordines, Genera, Species, cum Characteribus, Differentiis, Synonymis, Locis. Tomus I. Editio decima, reformata (латински). Stockholm: (Laurentii Salvii). стр. 92. Text "Holmiae " ignored (help)
  3. Potapov, Eugene and Sale, Richard (2013). The Snowy Owl. T&APoyser. ISBN 978-0713688177.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. National Geographic Society. "Snowy Owl". National Geographic.
  5. Watson, Adam (1957). „The behaviour, breeding and food-ecology of the Snowy Owl Nycea scandiaca“. Ibis. 99 (3): 419–462. doi:10.1111/j.1474-919X.1957.tb01959.x.
  6. Boev, Z. (1998). „First fossil record of the Snowy Owl Nyctea scandiaca (Linnaeus, 1758) (Aves: Strigidae) from Bulgaria“. Historia naturalis bulgarica. 9: 79–86.
  7. Conlin, Dan (2 October 2013) "An Owl Oddity", Maritime Museum of the Atlantic
  8. "Hope of first owl chicks in years", BBC News. 13 May 2008.
  9. Zuckerman, Laura (28 January 2012) Snowy owls soar south from Arctic in rare mass migration Архивирано на 29 октомври 2013 г.. Reuters
  10. Leung, Marlene Leung. „Snowy owl invasion: Birds spotted as far south as Florida“. CTV News. Посетено на 12 January 2014.
  11. Schwartz, John. „SInflux of Snowy Owls Thrills and Baffles Birders“. New York Times. Посетено на 31 January 2014.
  12. "Snowy owl search causing increased dune trampling at Island Beach State Park, officials say". NJ.com.
  13. „Snowy Owl (Nyctea Scandia)“. animals.nationalgeographic.com. National Geographic. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 2015-08-19.
  14. Snowy Owl — Bubo scandiacus, formerly Nyctea scandiaca. owlpages.com
  15. ADW: Nyctea scandiaca: Information. Animaldiversity.ummz.umich.edu. Посетено на 19 October 2010.

Надворешни врски уреди