Лиска
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Семејство: Блатни кокошки
Род: Fulica
Вид: Лиска
Научен назив
Fulica atra
Linnaeus, 1758
Синоними
  • Fulica prior De Vis, 1888[2]

Лиската (научFulica atra) е птица од семејството блатни кокошки. Ја има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Лиската живее во целиот Стар Свет крај слатките води. Се размножува во Европа, Азија, Австралија и Африка. Во последно време, видот се проширил и во Нов Зеланд. Во поблагите региони лиската е постојан жител, а од постудените се сели во јужна и западна Азија зиме кога водите замрзнуваат.

Опис

уреди

Лиската е долга 32-42 см и тежи од 585 до 11000 грама. Претежно е црна со голем бел штит на лицето. Бидејќи е вид што плива, цврстите прсти се делумно поврзани со ципи. Младенчињата се посветли од возрасните, имаат белкави гради и им недостасува фацијалниот штит. Прејето на возрасни им се развива на 3-4 месечна возраст, а белиот фацијален штит на едногодишна возраст. Ова е бучна птица која создава различни повторливи звуци на прпорење, експлозивни или трубачки повици, често ноќе.

Поведение

уреди
Родители со пилиња

Лиската е многу помалку таинствена од другите блатни кокошки и може да се види како плива во отворени води или оди низ тревни површини. Таа е агресивна и многу територијална за време на сезоната на парење и тогаш обата родитела ја бранат територијата.[3] Вон сезоната на парење може да формира големо јато, можно заради избегнување на потенцијалните грабливци.[4] Не сака да лета, и кога полетува, всушност трча по површината на водата со многу прскање. Истото го прави, всушност без вистинско летање кога патува на кратки растојанија, потскокнува и поттрчнува по површината. Нејзиниот слаб лет не ветува дека може да прелета поголеми растојанија, но сепак, таа е во состојба да се сели и да прелета изненадувачки долги растојанија, претежно ноќе. Тогаш главата ѝ оди лево-десно, како кога плива и прави скокови и нурнувања при летот.

Размножување

уреди

Гнездото го гради од трски и треви, како и од парчиња од пластика и хартија и го сместува на работ од крајбрежјето или на подводни плотови кои излегуваат од водата. Обично несат повеќе од 10 јајца, понекогаш два-трипати во сезона. Само неколку од младите преживуваат. Тие се чест плен на чапјите и галебите.

Лиските можат да бидат многу сурови кон своите пилиња кога има недостаток од храна. Тие ќе ги удираат пилињата што молат за храна и ќе го прават тоа додека не престанат и не умрат од глад. Ако молењето продолжува, тие можат да го удираат пилето додека не го убијат.[5]

Исхрана

уреди

Лиските се сештојади, и се исхрануваат со голем спектар на мали живи пленови вклучувајќи ги и јајцата на другите водни птици. Јадат алги, растенија, семиња и овошје.[6] Покажува разни варијанти и техники на лов и исхрана и на земја и во вода. Се храни и од површината, но и нурка во потрага по храна.[7]

Статус

уреди

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Fulica atra. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Condon, H. T. (1975) Checklist of the Birds of Australia: Non-Passerines Royal Australasian Ornithologists Union, 57:311
  3. Cave,A.J.; J.Visser; A.C. Perdeck. (1989). "Size and quality of the Coot (Fulica atra) territory in relation to age of its tenants and neighbours". Ardea 77: 87 - 97
  4. van den Hout PJ (2006) "Dense foraging flotillas of Eurasian coots Fulica atra explained by predation by Ganges soft-shell turtle Aspideretus gangeticus?". Ardea 94 (2): 271-274
  5. Attenborough, David (1998 Episode 9, 12 mins ff.). The Life of Birds. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-01633-7. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  6. Martin R. Perrow, J. Hans Schutten, John R. Howes, Tim Holzer, F. Jane Madgwick and Adrian J. D. Jowitt (1997) "Interactions between coot (Fulica atra) and submerged macrophytes: the role of birds in the restoration process". Hydrobiologia 342/343: 241–255 doi:10.1023/A:1017007911190
  7. Brigitte J. Bakker and Robin A. Fordham (1993) "Diving behaviour of the Australian Coot in a New Zealand lake Архивирано на 27 јануари 2009 г.". Notornis 40 (2): 131–136

Надоврешни врски

уреди