BirdLife International
BirdLife International е глобално партнерство на природозаштитни организации кое има за цел да ги запази и заштити птиците, нивните живеалишта и глобалната биоразновидност, и за таа цел работи со месните населенија за да се постигне одржливо искористување на природните ресурси. Ова е најголемото партнерство на природозаштитни организации во светот, со преку 100 организации членки од земји на сите континенти. Како такво, BirdLife е врховниот орган за контрола на состојбата на птиците, нивните живеалишта и проблемите со кои се соочуваат.
Тип | заштита, добротворност |
---|---|
Oснована | 1993 |
Седиште | Кембриџ, Англија |
Клучни личности | ![]() ![]() |
Портал | http://www.birdlife.org/ |
Застапник на BirdLife во Македонија е Македонското еколошко друштво[1]
ИсторијатУреди
Организацијата BirdLife International е основана во 1922 г. од американските орнитолози Т. Гилберт Персон и Жан Теодор Делакур како „Меѓународен совет за заштита на птиците“ (англ. International Council for Bird Preservation). Сегашното име го добила во 1993 г.
Регионални активностиУреди
BirdLife води заштитни програми во разни региони од светот: Африка, Северна, Средна и Јужна Америка, Азија, Европа и Средна Азија, на Блискиот Исток, во Океанија и на Карибите.
Глобални програмиУреди
Во рамките ана секој регион, организацијата спроведува глобални програми: „Глобална програма за морски птици“, „Спречување на изумирања“, „Патишта на летање“, „Климатски промени“, Шуми на надежта, „Оспособување на месното население“ и „Важни птичји подрачја“.[2]
СписаниеУреди
Организацијата го издава тримесечникот World Birdwatch со новости и стручни написи за птиците, нивните живеалишта и нивната заштита во светот.
Црвен списокУреди
BirdLife International е органот надлежеб за птици во составувањето на црвениот список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „Критично загрозени“, „Загрозени“ и „Ранливи“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Партнери на BirdLife: Македонија (англиски)
- ↑ англ. Global Seabird Programme, The Birdlife Preventing Extinctions Programme, Flyways Programme, Climate Change Programme, Forests of Hope Programme, Local Empowerment Programme и Important Bird Areas Programme.
Надворешни врскиУреди
- BirdLife International (англиски)
- BirdLife - Информации и факти за сите видови птици во светот (англиски)