Песнопојни
Песнопојни или песнопојки (науч. Passeri) — подред птици од редот на врапчевидните (Passeriformes) со преку 5.000 вида[1][2] распространети низ целиот свет, чиј гласилен орган е способен да произведува разновидни и сложени огласувања или „песни“.
Песнопојни Период: ипрес - денес | |
---|---|
Обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus) | |
Песна на обичната врапчешка стрнарка (Spizella passerina) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Подред: | Песнопојни Linnaeus, 1758 |
Семејства | |
многу (во текстот) | |
Синоними | |
во текстот |
Овие птици сочинуваат една од двата големи соја на врапчевидните птици, од кои другиот го чинат пискалките (Tyranni), кои се најразновидни во неотропите, но отсутни во многу краишта на светот. Пискалките имаат поедноставна гласилна мускулатура; иако нивното огласување е подеднакво сложено и изразено, истото има помеханички звук. Третиот помал сој го претставуваат новозеландските палчиња (Acanthisitti), од кои денес преостануваат само два вида.[3] Постојат наоди дека песнопојните птици се појавиле пред 50 милиони години во оној дел на суперконтинентот Гондвана од кој подоцна се одвоиле Индија, Шри Ланка, Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и Антарктикот, за потоа да се рашират низ целиот свет.[4]
Опис
уредиПесната на овој клад е во основа територијална. Со неа птицата разгласува која е и каде се наоѓа, но и ја приопштува намерата за размножување. Половата селекција меѓу песнопојните во голема мера се заснова на способноста за подражавање. Најпривлечни се оние мажјаци со најголем репертоар на песни.[5] Ваквите огласувања се поинакви од повиците за тревога или воспоставување гласовни врски, кои се од особена важност за птиците што се хранат во јата и вршат заеднички преселби. Иако речиси сите постоечки птици имаат некакво огласување, добро развиените пејачки можности се присутни само кај песнопојките и уште некои соеви вон нив.
Другите птици (особено неврапчевидните) неретко се огласуваат за да ја зачуваат својата територија и да привлечат женки, но овие нивни песни се прости и повторливи, за разлика од разновидноста на песнопојките. Ваков пример е монотоното повторување на кукавицата или малата барска кокошка споредено со појот на славејчето или блатниот трскар. Сепак, тоа не значи дека сите песнопојни птици имаат милозвучен пој. На пример, враните (Corvidae) општат со гракање и врескање, кое е непријатно за човечкото уво. Некои пак, како лироопашките и потсмевалките имаат извонредна способност да ги повторуваат огласувањата на сите птици, па дури и на неприродните звуци од околината.[6][7]
Семејства
уреди- лироопашки и честарки (Menuroidea)
- лироопашки (Menuridae)
- честарки (Atrichornithidae)
- сеничарки и ползачки (Menuroidea)
- австралиски ползачки (Climacteridae)
- сеничарки (Ptilonorhynchidae)
- медојади и сојузници (Meliphagoidea)
- австралиски палчиња (Maluridae)
- медојади (Meliphagidae)
- четкоклунчиња (Dasyornithidae)
- дијамантки (Pardalotidae)
- шилоклунчиња (Acanthizidae)
- австралиски дрдорци
- австралиски дрдорци (Pomatostomidae)
- земни дроздови
- земни дроздови (Orthonychidae)
- други базални соеви
- сатенки (Cnemophilidae)
- бобинкари (Melanocharitidae)
- новозеландски сколовранци (Callaeidae)
- новозеландски медојади (Notiomystidae)
- вранови (Corvoidea)
- бобинкарски сипки (Paramythiidae)
- камшичарки (Psophodidae)
- брадооки (Platysteiridae)
- грмушни сврачиња (Malaconotidae)
- чуноклуни (Machaerirynchidae)
- ванги (Vangidae)
- четкоглави (Pityriasidae)
- ластовичини сколовранци (Artamidae)
- шарени свиркачи (Rhagologidae)
- јори (Aegithinidae)
- гасеницојади (Campephagidae)
- мохуи (Mohouidae)
- сители (Neosittidae)
- ралоклунци (Eulacestomidae)
- цуцулести свиркачи (Oreoicidae)
- свиркачи (Pachycephalidae)
- сврачиња (Laniidae)
- зеленкари (Vireonidae)
- жолни (Oriolidae)
- дронга (Dicruridae)
- ладалоопашки (Rhipiduridae)
- монарси (Monarchidae)
- врани (Corvidae)
- зимовни сојки (Corcoracidae)
- мелампити (Melampittidae)
- ифрити
- рајски птици (Paradisaeidae)
- врапчеви (Passerida)
- австралиски славејчиња (Petroicidae)
- ќелави гаврани (Picathartidae)
- карпести скокачи (Chaetopidae)
- барококошни дроздови (Eupetidae)
- свиларки (Bombycillidae)
- свилести муварчиња (Ptiliogonatidae)
- свиларни сврачиња (Hypocoliidae)
- палмини ливадарчиња (Dulidae)
- † хавајски медојади (Mohoidae)
- жолтобоки дебелоглавки (Hylocitreidae)
- вилински муварчиња (Stenostiridae)
- сипки (Paridae)
- торбарести сипки (Remizidae)
- никатор (Nicatoridae)
- мустаклести сипки (Panuridae)
- чучурлиги (Alaudidae)
- арапски билбили (Pycnonotidae)
- ластовици (Hirundinidae)
- безопашни дрдорци (Pnoepygidae)
- африкански грмушарки (Macrosphenidae)
- краткокрили трскари (Cettiidae)
- грмушни трскари (Scotocercidae)
- жолти муварчиња (Erythrocercidae)
- долгоопашести сипки (Aegithalidae)
- свиркачи (Phylloscopidae)
- трскари (Acrocephalidae)
- штурчиња (Locustellidae)
- црноглави потсмевалки (Donacobiidae)
- мадагаскарски грмушарки (Bernieridae)
- тресиопашни грмушарки (Cisticolidae)
- дрдорци (Timaliidae)
- земни дрдорци (Pellorneidae)
- смешливи дроздови (Leiothrichidae)
- грмушарки (Sylviidae)
- белоочки (Zosteropidae)
- дамкогушки (Arcanatoridae)
- шеќерни медојади (Promeropidae)
- вилински синици (Irenidae)
- царчиња (Regulidae)
- дрдорливи палчиња (Elachuridae)
- сомотници (Hyliotidae)
- палчиња (Troglodytidae)
- комароловки (Polioptilidae)
- лазачки (Sittidae)
- карполазачки (Tichodromidae)
- ползачи (Certhiidae)
- потсмевалки (Mimidae)
- сколовранци (Sturnidae)
- говедари (Buphagidae)
- дроздови (Turdidae)
- муварчиња (Muscicapidae)
- водни косови (Cinclidae)
- лисјарки (Chloropseidae)
- цветојади (Dicaeidae)
- нектарници (Nectariniidae)
- врапци (Passeridae)
- ткајачи (Ploceidae)
- раскошни ѕвингалки (Estrildidae)
- вдовички (Viduidae)
- маслинови пејачи (Peucedramidae)
- попчиња (Prunellidae)
- тресиопашки (Motacillidae)
- Пржевалскиеви руменки (Urocynchramidae)
- ѕвингалки (Fringillidae)
- американски грмушарки (Parulidae)
- трупијали (Icteridae)
- жолти шеќерки (Coerebidae)
- стрнарки (Emberizidae)
- тангари (Thraupidae)
- крајпатници (Calcariidae)
- кардинали (Cardinalidae)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ IOC World Bird List 5.1. doi:10.14344/IOC.ML.5.1.
- ↑ Edwards, Scott V. and John Harshman. 2013. Passeriformes. Perching Birds, Passerine Birds. верз. 6 февруари 2013. http://tolweb.org/Passeriformes/15868/2013.02.06 in The Tree of Life Web Project, посет. 11 декември 2017 г.
- ↑ Barker, F. K; Cibois, A; Schikler, P; Feinstein, J; Cracraft, J (2004). „Phylogeny and diversification of the largest avian radiation“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 101 (30): 11040–5. Bibcode:2004PNAS..10111040B. doi:10.1073/pnas.0401892101. JSTOR 3372849. PMC 503738. PMID 15263073.
- ↑ Low, T. (2014). Where Song Began: Australia's Birds and How They Changed the World. Tyre: Penguin Australia.
- ↑ Byers, Bruce E; Kroodsma, Donald E (2009). „Female mate choice and songbird song repertoires“. Animal Behaviour. 77 (1): 13–22. doi:10.1016/j.anbehav.2008.10.003.
- ↑ Tapper, James. „The nation's favourite Attenborough moment“. Daily Mail Online. Associated Newspapers Ltd. Посетено на 18 јуни 2018.
- ↑ Fleming, Kaitlin. „The Northern Mockingbird: Nature's Copycat“. FSU ornithology: the bird blogs. Посетено на 18 јуни 2018.
Надворешни врски
уреди„Песнопојни“ на Ризницата ? |
- Песнопојни — портал PESI (англиски)
- Песнопојни птици на WikiAves (англиски)
- Песнопојни Архивирано на 9 август 2019 г. — Голема руска енциклопедија (руски)
- Песнопојни птици на Fauna Europaea
- Песнопојни птици Архивирано на 19 септември 2020 г. — „Дрво на животот“ (англиски)