Меѓусловенски јазик
Меѓусловенски јазик (меджусловјанскы на кирилица и medžuslovjansky на латиница; пред 2011 година исто така и словјански на кирилица и slovjanski или slovianski на латиница) — сесловенски вештачки јазик, осмислен во 2006 г. од страна на јазичари од разни места на светот. Неговата цел е да ја олесни комуникацијата помеѓу говорниците на било кој словенски јазик, како и да помогне на луѓе кои не зборуваат еден таков јазик да комуницираат успешно. Во популарната култура првпат е употребен во филмот „Обоена птица“ на Вацлав Мархул, каде игра улога на неспецифициран источноевропски јазик.[4]
Меѓусловенски | |
---|---|
Medžuslovjansky Меджусловјанскы | |
Знаме на меѓусловенскиот јазик | |
Создаден од | Ондреј Речник, Габриел Свобода, Јан ван Стенберген, Игор Пољаков, Војтјех Мерунка, Стивен Раѓиковски |
Датум | 2006 |
Прилики и употреба | Помошен јазик за општење помеѓу говорници на разни словенски јазици |
Народ | Словени |
Говорници | 7000 (2020)[1] |
Причина | Вештачки
|
Писмо | латиница, кирилица, глаголица |
Статус | |
Регулативен орган | Меѓусловенска комисија[2][3] |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | isv |
Меѓусловенскиот е полувештачки јазик. Базира се на старословенскиот, а исто така и произлегува од импровизираните јазични форми кои Словени ги користеле со векови да комуницираат со други Словени од различни народности.[5] Целта на словјански е да ги втемели научно овие јазични форми, така што граматиката и речникот се засновани на словенските јазици. За разлика од Словио кој е шематски јазик со граматика заснована на Есперанто[6], меѓусловенскиот јазик е повеќе природен, отколку вештачки. Главната цел е разбирање, а не лесно учење.[5]
Меѓусловенскиот може да се пишува со кириличното или латиничното писмо. Јазикот веќе има 37.000 зборови.[7]
Азбука
уредиМеѓусловенскиот јазик се пишува на две азбуки: кирилица и латиница. Латинската азбука користи скоро сите стандардни букви од латиницата но додатно на тоа се користат и дијакритички знаци (ě č š ž) за означување на изговор.
Кирилица | а | б | ц | ч | д | е | є | ф | г | х | и | ј | к | л | љ | м | н | њ | о | п | р | с | ш | т | у | в | ы | з | ж |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Латиница | a | b | c | č | d | e | ě | f | g | h | i | j | k | l | lj | m | n | nj | o | p | r | s | š | t | u | v | y | z | ž |
Изговор (МФА) | [ɑ] [a] |
[b] | [ts] | [tʃ] | [d] | [ɛ] [e] |
[jɛ] [je] |
[f] | [ɡ] [h] [ɦ] |
[x] | [i] [ɪ] [ɨ] |
[j] [ʲ] |
[k] | [l] | [lʲ] [ʎ] |
[m] | [n] | [nʲ] [ɲ] |
[o] [ɔ] |
[p] | [r] | [s] | [ʂ] [ʃ] |
[t] | [u] | [v] [ʋ] |
[i] [ɪ] [ɨ] |
[z] | [ʐ] [ʒ] |
Граматика
уредиМеѓусловенскиот јазик е синтетички јазик, и граматиката на меѓусловенскиот јазик е слична со граматиките на природните словенски јазици. Меѓусловенските именки, како и придавките, имаат род, број и седум падежи, глаголи имаат два глаголски вида, четири времиња и два залога.
Пример
уредиКирилица | Латиница | Македонски |
Одкогда Ленка оставила Не уродила се Ленка Перви год поминал И на ноч когда Луна |
Lenka Odkogda Lenka ostavila Ne urodila se Lenka Pervi god pominal I na noč kogda luna |
Ленка Откако Ленка остави Не беше Ленка родена Прва година помина И ноќе кога месечко |
Наводи
уреди- ↑ Kocór, p. 21.
- ↑ „Interslavic – Introduction“. steen.free.fr. Посетено на October 21, 2019.
- ↑ „CISLa 2018“. conference.interslavic-language.org. Архивирано од изворникот на December 30, 2018. Посетено на October 21, 2019.
- ↑ ЗБОРУВАТЕ ЛИ МЕЃУСЛОВЕНСКИ?. Off.net.mk, 20.09.2019.
- ↑ 5,0 5,1 http://steen.free.fr/interslavic/introduction.html - accessed 26 May 2010
- ↑ Katherine Barber, "Старословенскиот јазик и 'Словенскиот идентитет'" Архивирано на 7 јуни 2010 г.. University of North Carolina at Chapel Hill.
- ↑ Програмер прави „суперсловенски” јазик за сите Словени. Fakulteti.mk, 27.06.2017.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на меѓусловенскиот јазик (англиски)
- Информативен портал на меѓусловенски
- Учебник Архивирано на 28 јануари 2014 г.
- Речници
- Slovjani.info – Академично списание на меѓусловенски
- Марко Прелевиќ, Словијански да свако разуме. Вечерње новости, 18 февруари 2010 (српски)
- Вештачки словенски јазици
- Medžuslovjansky Vikisbornik
- Група на Фејсбук
- Свете мисли, збирка на духовни цитати на меѓусловенски Архивирано на 5 февруари 2020 г.