Црква „Св. Атанасиј“ - Селци
црква во селото Селци
Свети Атанасиј — селска црква во селото Селци.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Трета струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′00.9″N 20°37′15.9″E / 41.400250° СГШ; 20.621083° ИГД |
Место | Селци |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Архитектонски опис |
Историја
уредиВо 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени пет вредни икони, кои подоцна се пронајдени кај колекционер од Албанија. Станува збор за икони „Свети Ѓорѓи“ и „Вознесение на Пророк Илија“ од Дичо Зограф, „Жртвата на Пророк Илија“ и „Бегството на Лот со своите ќерки“ од син му Аврам Дичов, и незабележана икона на Архангел Михаил која отпрвин стоела на владичкиот стол под иконата на Христос Велик Архијереј.[2]
Иконостас
уредиИконите на иконостасот биле изработувани во неколку наврати во периодот 1849-1853 година од страна на дебарскиот мајстор Дичо Зограф.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Т., Д.. „Икони од Радожда, Ѓавато и Преспа во мрежата на албански колекционери, Утрински весник. 20 февруари 2014.
- ↑ „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот Регион“. Премин Портал. 10 октомври 2008./
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Селци на Ризницата ?