Трајан Јовковски (15 февруари 1942, Селци, Струшко) - македонски електроинженер и кајакар на диви води, првак на Македонија и Југославија.[1]

Трајан Јовковски
Лични податоци
НационалностМакедонија Македонија
НародностМакедонец
Роден(а)15 февруари 1942
Селци, Струшко
УстановаУКИМ - Скопје
Активен период1957 - 1975
Успеси и титули
Обласни првенстваПрвак на Македонија
Државни првенстваПрбак на Југославија

Животопис

уреди

Јовковски е роден во струшкото село Селци на 15 февруари 1942 година. Завршил Електротехнички факултет во Скопје. Бил член на Бродарското друштво „Мирче Ацев“ во Скопје од 1957 година. Од 1959 до 1971 година бил шампион на Македонија во повеќе дисциплини. Од 1959 до 1970 година, полни 10 години бил шампион на Југославија во дисциплината слалом. Од 1961 до 1971 година бил член на југословенската кајак репрезентација со која учествувал на сите значајни меѓународни кајак натпревари. Во репрезентацијата бил неколку години капитен, а потоа од 1972 до 1975 година и нејзин тренер. Исклучително е заслужен за квалитетниот напредок на македонскиот кајакарски спорт на диви води. Тој е член на Олимпискиот Совет при МОК и Собранието на МОК. Член на Клубот на Великаните на МОК од 2000 година.[2]

Светски првенства
  • Хеинсберг, ДДР Ф-1 - 13-то место;
  • Мерано, Италија - 3-то место;
  • Шпитал, Австрија - 2-ро место;

Наводи

уреди
  1. Душко Симоновски, Кајакот во Македонија, Скопје, 1994.
  2. Видиниќ и Јовковски - нови членови на Клубот на великаните