Црква „Св. Никола“ - Селци (нова)

главна селска црква во селото Селци

Свети Никола — главна селска црква во селото Селци.[1] Сместена е на околу стотина метри западно од сретселото.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′57.9″N 20°37′20.3″E / 41.399417° СГШ; 20.622306° ИГД / 41.399417; 20.622306
Место Селци
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено XIX век
Зограф Дичо Зограф
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена во XIX век.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со десетаголна апсида на источната страна и забележителна кромидеста купола. Главниот влез е сместен на западната страна, а спореден влез има и од јужната. Над споредниот влез има празна ниша. Објектот е изграден од варовник и е покриен со лимен кров. Куполата има осумаголна основа со по еден прозорец на секоја од страните и истата е изработена од лим.

Во дворот на црквата се наоѓа гробот на свештеникот Јон Попов (1856-1943), кој бил убиен од страна на балистите на 11 јули 1943 година.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди