Дебарска Каза
Дебарска каза била помала административна единица во Отоманското Царство. Била дел од Дебарскиот санџак и Битолскиот вилает. Центарот на казата бил во Дебар. Во состав на казата имало вкупно 109 села и градот Дебар.[1] Во казата живееле Албанци, Турци, Роми, Македонци муслимани и христијани кои во поголем број биле под врховенството на Бугарската егзархија.[1]
Население
уредиСпоред податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Дебарската каза живееле 53 505 жители, од кои:
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Албанци | 23.695 | 44,28 |
Македонци / хрис. | 15.438 | 28,85 |
Македонци / мусл. | 10.292 | 19,23 |
Турци | 3.380 | 6,31 |
Роми | 700 | 1,30 |