Бостанџиовци

поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија

Бостанџиовци — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Бостанџиовци
Бостанџиовци is located in Грција
Бостанџиовци
Бостанџиовци
Местоположба во областа
Бостанџиовци во рамките на Преспа (општина)
Бостанџиовци
Местоположба на Бостанџиовци во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.17′N 21°8.20′E / 40.83617° СГШ; 21.13667° ИГД / 40.83617; 21.13667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Голема Преспа и денес е маало на Р’мби.

Историја

уреди

Бостанџиовци било македонско село, кое многу подоцна станало албанско. Се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Боштани, хас на падишахот, со 16 христијански семејства и 16 ергени христијани.[1] При крајот на XVIII или почетокот на XIX век власта тука доселила Албанци[2]

Во XIX век Бостанџиовци било албанско село во Долнопреспанската нахија на Битолската каза. За време на Илинденското востание во 1903 г. Бостанџиовци е нападнато од македонски чети. Со време селото станало маало на Р’мби.

За време на Првата балканска војна селото е окупиарно од грчка војска, а по Втората балканска војна Бостанџиовци влегло во состав на Грција.

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор, населението како муслиманско било принудено да се исели во Албанија, а на негово место се доведени 8 грчки семејства од Кавказ.[3] Со егзодусот на Македонците од Р’мби, овие на овие семејства им бил доделен нивниот имот во главнината на селото.[2]

Наводи

уреди
  1. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 117.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 348. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 142. ISBN 9989-9819-6-5.