Рулја

село во Костурско/Преспанско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Руља)

Рулја (грчки: Κώτας, Котас, до 1927 г. Ρούλια, Рулја;[2] до 1932 г. Κατωχώρι, Катохори[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011) и до денес е сочинето исклучиво од Македонци.[4]

Рулја
Κώτας
Поглед на Рулја од патот Костур - Лерин
Поглед на Рулја од патот Костур - Лерин
Рулја is located in Грција
Рулја
Рулја
Местоположба во областа
Рулја во рамките на Преспа (општина)
Рулја
Местоположба на Рулја во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°41.61′N 21°10.20′E / 40.69350° СГШ; 21.17000° ИГД / 40.69350; 21.17000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаСмрдеш
Надм. вис.&10000000000000890000000890 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно22
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Стато и Веселина Козарови од Рулја со децата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 38 км југозападно од Лерин и на 30 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи во подножјето на планината Корбец, на надморска височина од 890 м.[4] Рулја е на десниот брег на Рулска Река, лева притока на Бистрица.

Историја уреди

Османлиско време уреди

Селото првпат се споменува во османлиски тефтер од 1530 г. под името Хровилја со 25 семејства.[5]. Според преданијата, селото изворно било сместено во месноста Горно Село, на самиот пат Лерин - Горица. Како крапатно место, страдало од османлиските војски што минувале по патот и го опустошувале, па затоа населението се преместило околу рушевините на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1865 г. во Рулја е изградена истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ и е отворено народно училиште.[6].

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рулја (Rulia), во Костурската каза, имало 36 доаќинства со 100 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рулја имала 500 жители Македонци.[4][7][9] На почетокот од XX век целото население било под врховенството она Цариградската патријаршија. Според грчки извор, во селото имало 70-90 семејства. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Истата година турските власти му забраниле на учителот Л. Поповски од Д’мбени да отвори народно училиште во селото[11] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Рулја има 600 Македонци[7] под езаргхијата и работи бугарско училиште.[12] Според Георги Константинов Бистрицки, Рулја пред Првата балканска војна имала 75 куќи, сите Македонски.[7][13]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Руља се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 75 куќи.[14]

За време на Илинденско востание во 1903 г. во Рулја се организирале две чети на ВМОРО: селската со 37 четници, раководена од кметот Ставре и четата на Коте Христов со 169 четници, која се распуштила во 1904 г. поради преминувањето на Коте Христов на страна на грчка вооружена пропаганда[15]

Во првите денови од април 1908 г. власта извршила рација селото, притоа спроведувајќи го претресот со мачење и насилства.[16]

Во Грција уреди

Со Букурешкиот договор селото е припоено кон дрчката држава, кога имало 572 жители.[4] Грчкит еединици го нападнале бугарското училиште и му ја одзеле сета училишна документација. Мештаните Л. Делов и Н. Лазаров биле уапсени под обвинание за пробугарско агитирање[17]. Во 1927 г. селото е преименувано во Катохорион, а во 1932 г. го добива името Котас, во чест на андартот Коте Христов.

Во 1995 г. во Рулја е отворен музејот „Капетан Коте“ во неговата родната куќа.

Население уреди

Населението на Рулја постојано опаѓа, уште од нејзиното потпаѓање под грчка власт. Ова се должи на големото иселување на населението во прекуокеанските земји низ децениите.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 586 210 182 99 59 49 53 22
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рулја, каде е единственото населено место.

Стопанство уреди

Селото важи за доста сиромашно. Се произведуваат жито, грав, јаболка и компири.[4]

Личности уреди

 
Биста на Коте Христов, цеец на ВМРО кој преминал на грчка страна и станал андартски капетан.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούλια - Κατωχώρι
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Χωρίον - Κώττας
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173–174.
  5. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 114
  6. Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 100
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  11. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  13. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  14. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  15. Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 99
  16. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  17. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 175, 183
  18. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 62.