Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Рулја

црква во Рулја, Костурско

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Kοίμησης της Θεοτόκου) — преродбеничка црква во селото Рулја, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Kοίμησης της Θεοτόκου
Карта
40°41′32.50″N 21°10′14.94″E / 40.6923611° СГШ; 21.1708167° ИГД / 40.6923611; 21.1708167
МестоРулја, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1865
Управа
ЕпархијаКостурска

Црквата е гробишен храм сместен во јужниот крај на селото, изграден во 1860 или во 1865 г. заедно со отворањето на народното училиште. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив[2] Во неа едноподруго служеле свештениците поп Каранфил Бурџунов, поп Христо Бурџунов, поп Трајко Петков и поп Павле Настов (1912 г.).[3] Црквата има вредни украси од времето на преродбата.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Μπαλασάς, Αθανάσιος Κ (2015). „Ιστορικά Στοιχεία, αρχιτεκτονικός πλούτος και μια πρόταση αναβίωσης της περιοχής των Κορεστείων Καστοριάς“ (PDF). Βαλκανικά σύμμεικτα (грчки) (17): 228.
  2. Μπαλασάς, Αθανάσιος Κ (2015). „Ιστορικά Στοιχεία, αρχιτεκτονικός πλούτος και μια πρόταση αναβίωσης της περιοχής των Κορεστείων Καστοριάς“ (PDF). Βαλκανικά σύμμεικτα (17): 229.
  3. Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 100