Реми Кабелја (француски: Rémy Cabella р. 8 март 1990 во Ајачо) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Олимпик Марсеј, на заем од Њуксал Јунајтед.[1]

Франција Реми Кабелја
Rémy Cabella
Лични податоци
Роден на 8 март 1990(1990-03-08)(34 г.)
Роден во Ајачо, Корзика, Франција
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Марсеј Олимпик Марсеј
Број 13
Младинска кариера
ФК Ајачо
Газелек Ајачо
АФА Фа
Газелек Ајачо
Монпелје
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2014 Монпелје Монпелје 97 (24)
2010-2011Арл Арл 17 (3)
2014- Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 31 (1)
2015-Марсеј Олимпик Марсеј 1 (0)
Репрезентација
2010-2012 Франција Франција 21 17 (4)
2014- Франција Франција 4 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Тој е офанзивен играч од средниот ред, опишан како некој кој има извонредна контрола на топката и квалитетен дриблинг, како и потребната брзина.

Животопис

уреди

Реми е роден во Ајачо, Корзика од мајка корзиканка и татко италијанец. Тој е третото во семејство со четири деца, и израснал во областа на От де Бодисион во Ајачо. Фудбалот почнува да го интересира уште на возраст од три години и во 1993 започнува да игра во ФК Ајачо, а потоа и во Газелек Ајачо. Извесно време тренирал и во екипата на АФА, а потоа се врати во Газелек каде останал до својата 14 година.[2]

Клупска кариера

уреди

Монпелје

уреди

Следен од неколку клубови, тој ја напуштил Корзика во 2004 година и му се приклучил на Монпелје. Кабелја ги поминал сите младински категории играјќи за тимовите под 14, 15, 16 и 18 години. На 9 мај 2009, тој ги импресионирал присутните на Стад де Франс во финалето на Гамбардела купот кога со соиграчите Бенжамин Стамбули и Јунес Белханда го совладале Нант. Кабелја го постигнал вториот гол за својот тим во победата со 2-0.[3].

Во јули 2009 година, Кабелја го потпишал првиот професионален договор со клубот во вредност од три години.[4]. Сепак сериозната повреда која ја заработил на тренинг во септември го принудила да се подложи на операција на предниот вкрстен лигамент во десното колено, пропуштајќи го почетокот на својата професионална кариера и бил надвор од акција за неколку месеци.[5] Така, својот прв повик за настап во првиот тим во Лига 1, го имал на 10 април 2010 за време на натпреварот против Ле Ман, во кој останал на клупата како неискористена замена.[6] После тоа тој се нашол на клупата уште во два други натпревари но без можност да го направи своеот деби. По завршувањето на сезоната го продолжил својот договор со Монпелје до 2014 година.[7].

Во јули 2010, Кабелја бил позајмен на една година на Арл-Авињон, кој само што изборил промоција во Лига 1.[8]. Сепак, како и претходната година, тој се повредил рано во сезоната овој пат ги скинал кинење квадрицепсите.[9]. Конечно, дебито во Лига 1, Кабелја го имал на 4 декември 2010 година, во натпреварот против Нанси на домашен терен.[10] Својот прв старт го имал на 22 декември 2010 против Ница,[11] а првиот гол го постигнал на 12 март 2011 против Лорјан.[12] По осумнаесет одиграни натпрвари во кој постигнал три гола, тој се вратил во Монпелје.

 
Кабелја во дресот на Монпелје во 2012.

Кабелја го направил своето деби за Монпелје во победата со 3-1 над Осер на Стад де ла Мосон игран на 6 август 2011.[13] На 21 септември 2011, го постигнал првиот гол за клубот и тоа во својот роден град, против ФК Ајачо (1-3).[14] На 8 јануари 2012, Кабелја за првпат постигнал два гола на еден натпревар против екипата на При-ле-Мезјер од Шарлевил Мезјер во Купот на Франција. На 24 јануари 2012 година, уште еднаш го продолжил неговиот договор со својот прв клуб за уште две сезони до 2016 година.[15] и е избран за млад фубалер на годината во Лига 1 за сезоната 2011-2012.[16]. На 20 мај 2012, станал шампион на Франција откако во драматичен крај на првенството Монпелје ја освојува титулата со три бода повеќе пред Париз Сен Жермен. Кабелја придонел со три гола и две асистенции во 29 настапи.

Новата сезона ја започнува со настап во Суперкупот на Франција во кои Монпелје се соочува со Олимпик Лион, 28 јули 2012 на Ред Бул Арената во Харисон во близина на Њујорк. Во регуларниот дел натпреварот завршил без победник 2-2, по што се шутирале пенали во кој Лион победил со 4-2. Кабелја го започнал натпреварот и играл до 64-тата минута кога бил заменет со Сулејман Камара. Тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2012-2013 во Лига 1, на гостувањето кај Сошо, на 1 септември 2012 година. Кабелја го има своето деби во Лигата на шампионите на 18 септември 2012 во двобојот против Арсенал.

За време на сезоната 2013-14, Кабелја постигнал 14 голови во 34 натпревари и беше најзаслужен што Монпелје избори опстанок во Лига 1.

Њукасл Јунајтед

уреди

На 13 јули 2014 година, Кабелја потпишал шестгодишен договор со Њукасл Јунајтед.[17] Тој го направил своето деби во официјален натпревар за новиот клуб на 17 август, кога Њукасл ја започнал сезоната со пораз од 2-0 на домашен терен од Манчестер Сити, играјќи ги комплетните 90 минути.[18]

Титули

уреди

  Монпелје

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Remy Cabella: Newcastle United sign French midfielder“ (англиски). BBC. 13 јули 2014. Посетено на 24 март 2015.
  2. Fiche de Rémy Cabella Архивирано на 27 мај 2012 г., sur fff.fr, consulté le 17 јануари 2012
  3. Les jeunes Pailladins remportent la Coupe Gambardella ! Архивирано на 22 август 2010 г., sur mhscfoot.com, објавено на 9 мај 2009
  4. Saihi et Yanga-Mbiwa prolongent, Cabella passe Pro Архивирано на 4 јануари 2010 г., sur mhscfoot.com, објавено на 2 јули 2009
  5. Montpellier : Cabella blessé à un genou Архивирано на 25 мај 2014 г., sur footrends.com, објавено на 17 јануари 2011
  6. Le Mans - MHSC : Sans Dernis, avec Cabella Архивирано на 30 јуни 2013 г., sur webmhsc.com, објавено на 10 април 2010 година
  7. Les échéances des contrats Архивирано на 30 јуни 2013 г., sur webmhsc.com, објавено на 22 мај 2010
  8. Реми Кабелја позајмен на Арл-Авињон, Goal.com, објавено на 12 јули 2010 година
  9. Реми Кабелја ќе го пропушти стартот на сезоната Архивирано на 29 јуни 2013 г., laprovence.com, објавено на 22 јули 2010
  10. Arles-Avignon 1-1 Nancy le 4 décembre 2010 Архивирано на 25 мај 2011 г., sur lfp.fr
  11. Arles-Avignon 0-0 Nice le 22 décembre 2010 Архивирано на 22 јануари 2011 г., sur lfp.fr
  12. Arles-Avignon 3-3 Lorient le 12 mars 2011 Архивирано на 24 јануари 2016 г., sur lfp.fr
  13. Montpellier 3-1 Auxerre le 6 août 2011 Архивирано на 13 август 2011 г., sur lfp.fr
  14. Ajaccio 1-3 Montpellier le 21 septembre 2011 Архивирано на 26 септември 2011 г., sur lfp.fr
  15. Rémy Cabella prolonge jusqu'en 2016 Архивирано на 19 јули 2012 г., sur mhscfoot.com, објавено на 24 јануари 2012
  16. Rémy Cabella nommé pour le Trophée UNFP du meilleur espoir de Ligue 1 Архивирано на 30 април 2012 г., објавено на 28 април 2012 година
  17. Marshall, Anthony (13 July 2014). „United Complete Cabella Capture“. Newcastle United F.C. Посетено на 13 July 2014.
  18. Chowdhury, Saj (17 August 2014). „Newcastle 0-2 Man City“. BBC Sport. Посетено на 17 August 2014.