Ратевски бамбурци

Ратевски бамбурци — манифестација во селото Ратево, Малешевија, која се одржува на 20 јануари (Свети Јован Крстител), кога жителите се маскираат и дефилираат низ селото со маски направени од животински кожи.[1]

Вообичаениот изглед на подготвените маски

Бамбурците се симбол на селото, за чиј настан се верува дека постои од првите жители на селото Ратево.

Потекло на поимот

уреди

Селаните за името „бамбурци“ сметаат дека најверојатно е некоја варијанта на името „бабари“, додека постарите жители дека првиот термин за маскираните поворки бил „русалије“.[1]

Подготовка

уреди

Подготовката на маските се правела во посебно одредени простории и посебни дружини, најчесто во периодот на некрстени денови, односно од Божиќ до Водици.[1]

Учесниците најчество подготвуваат костуми од животински кожи, овчи или козји. Покрај шиењето на кожите, се собираат и рогови, ѕвонци и клопотарци.[1] Кожите се обработуваат со сол, а подоцна се оставаат да се исушат. Подготовката на кожите трае околу две недели, а дел од нив се тешки и до 70 килограми.[2]

Одржување

уреди

Бамбурците имаат пагански елементи, но се одржуваат на празникот Свети Јован Крстител (20 јануари) секоја година. Поворките излегуваат маскирани на мегданот и по одреден ред ги извршуваат обредните елементи.[1]

Покрај локалниот карактер, манифестација вклучува и дефиле на групни маски од други градови во Македонија, а во последните години е посетен и од групи од соседните држави.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Аговска, Лилјана (2009). Ратевски бамбурци - пагански обред кој живее до денешни дни. Скопје. стр. 4.
  2. „Малешевскиот карневал „Ратевски бамбурци" на 20 јануари“. Вечер. 17 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 2017-01-18. Посетено на 20 ноември 2017.
  3. „И оваа година ратевски бамбурци ќе ги растеруваат злите духови“. Општина Берово. Посетено на 20 ноември 2017.