Павловден — голем христијански празник од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 јуни, односно на 13 јули по стариот календар. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост.[1]

Павловден
Павловден
Икона на Св. Павле од 1546 година од Светогорскиот манастир Ставроникита
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
ЗначењеСобор на 12 Апостоли и ден на Апостолот Павле
Датум29 јуни/13 јули
Обичаиобредно пеење, ритуали

Житие уреди

Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс (старогрчки: Σαούλ (Саул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus или Paullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарс )[2] (c. 5 - c. 67 ),[3] е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот завет.

Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогонувањето на христијаните и убиството на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.

Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внел во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт и Шпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите.

Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле погубени на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим.

Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црква|црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затворање и прогонување.

Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.

Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.

Славење уреди

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата, 29 јуни според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар.

Македонија

Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.[4] Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град.

Бугарија

Павловден или Павлувден во Бугарија претставува народен празник, кој се прославува главно во Источна Бугарија. Го слават како ден за заштита од оган, пожар, гром и поретко од град. Се поврзува со старите народни претстави за уништувачката моќ на огнот. На Павловден строго се следи да не се работи (не се жнее), да не се пали оган (дури ни за подготовка на храна). Во Источна Тракија не се меша леб, за да не црвјоса истото.

Наводи уреди

  1. Денеска се слави Павловден. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-07-12.
  2. Bauer lexicon; Acts 13:9, from "The New Testament of Our Lord and Saviour Jesus Christ: According to the Received Greek Text" (University Press, Cambridge 1876)
  3. Harris, p. 411
  4. Денес е Петровден, а утре Павловден

Надворешни врски уреди