DJ LoPaTa
Здраво, DJ LoPaTa, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:
- Петте столба на Википедија - принципите на проектот
- Почетен курс - централно место за учење на основните работи, се препорачува да се разгледа
- Како да уредам статија - подетален водич за уредувањето
- Помошна табела - сите поважни команди наведени накратко во една табела
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}}
пред прашањето.
Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 15:01, 7 јули 2008 (UTC)
Потпис во статиите: НЕ
уредиЗдраво, браво за придонесот на Микропроцесори, но те молам, немој да оставаш потпис на крајот од статиите. Потписите се за на крајот од коментарите на страниците за разговор, како овој коментар на оваа страница, а никако за во статии. Со потписот можеби означуваш дека ти си ја уредувал статијата или дека „таа е твоја“ статија. Ако вака навистина размислуваш, тоа е погрешно, бидејќи статиите не припаѓаат никому, а секој може да придонесува кон нив. Затоа те молам, не се потпишувај во статиите. Поздрав, --Brainmachinewtf? 15:39, 7 јули 2008 (UTC)
За слики
уредиЗа ставање на слики во статии, види ја оваа страница. За да најдеш соодветни слободни слики, барај во Заедничката ризница, сестрински проект на Википедија за слики, само пребаруваш во пребарувачот (search) лево, на пр. Microprocessors (на англиски) конкретно за оваа статија и ќе најдеш слики. Можеш и да подигнуваш датотеки, но не ти препорачувам да подигнуваш слики сега, најпрвин уредувај малце, бидејќи за работи за кои може да се најдат слободни слики не смеат да се подигаат, па ќе бидат избришани. За повеќе инфо клик на Википедија:Подигнување на слики. --Brainmachinewtf? 15:52, 7 јули 2008 (UTC)
- Заборавив да те потсетам, заборави да удриш потпис на мојата страница за разговор кога ми остави коментар. Хаха :D --Brainmachinewtf? 16:04, 7 јули 2008 (UTC)
Копче Прегледај
уредиКога уредуваш статии, користи го копчето Прегледај (веднаш до Зачувај ја страницата). Прави поситни уредувања и прегледувај ги промените без да ја зачувуваш страницата, а кога си конечно готов, зачувај ја конечно страницата, бидејќи вака се создаваат голем број на различни верзии во историјата и е непрегледно. За овие статии што ги пишуваш ставај ги наместо во категорија:компјутери во Категорија:Компјутерски хардвер. Исто корисна работа, оди на англиската верзија за секоја статија и кликај edit, сосема на крајот од статијата ќе видиш една листа од типот:
[[af:Modem]] [[ar:مودم]] [[az:Modem]] [[bs:Modem]] [[bg:Модем]] [[ca:Mòdem]]
Овие се наречени интервики врски. Направи копи/пасте на овие од англиската на дното од статијата на македонски и додај го плус англиското интервики таму по абецеден ред (на пр. [[en:Modem]]), а таму (во англиската статија) стави македонска интервики врска - [[mk:Модем]]. Ова е важно за да се поврзуваат статиите од разни проекти, тие се всушност оние врски од левата лента со листата „Други јазици“. И уште нешто, првиот збор од статијата ставај го со задебелен текст, како што е и во сите други енциклопедии. Браво на работата, поздрав, --Brainmachinewtf? 08:28, 8 јули 2008 (UTC)
Категорија:Електроинженерство
уредиВидете Категорија:Електроинженерство таму има покатегорија Категорија:Телекомуникации, т.е. потребно е само да го ставите тагот [[Категорија:Телекомуникации]] во соодветната статија. Иначе од помош може да ви биде и Помош:Категоризација или en:Wikipedia:Categorization. BTW добредојде на википедија на македонски јазик.--brest 12:11, 11 јули 2008 (UTC)
- Гледам дека категоријата што ја бараш веќе е ставена под тие категории. Во секој случај, мило ми е што си ентузијаст и добредојден си да ме прашаш за било што или да побараш било каква помош. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 00:39, 12 јули 2008 (UTC)
Проблеми со авторските права за Слика:Потопна пумпа.png
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Потопна пумпа.png. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.
Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 19:36, 16 август 2008 (UTC)
Не беше посочен извор за Слика:Потопна пумпа.png
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Потопна пумпа.png. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.
Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.
Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 19:36, 16 август 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 19:36, 16 август 2008 (UTC)
Врска до Портал:Технологија на главна страница
уредиПС
уредиЗа малку ќе заборавев, слободно можете да го уредувате порталот, впрочем сте добредојдени да го сторите тоа ;) не се потребни никакви привилегии за тие уредувања. --Brainmachinewtf? 17:54, 1 октомври 2008 (UTC)
За порталите
уредиЗдраво. Го прочитав Вашето барање на Главната страница, а сега и одговорот кој го имате добиено од Корисник:Brainmachine. Еве јас веќе подолго време се занимавам со уредувањето на портали и доколку навистина имате желба во нивното уредување можете многу да ми помогнете. Исто така активно работи и ВикиПроектот Портали, во кој може да се зачлените и да ги прочитате основните секции и работи кои еден портал треба да ги содржи. Наскоро планирам во рамките на проектот да уредам и страница за лесно уредување на портали. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:49, 2 октомври 2008 (UTC)
- За ова планирам да уредам и статија која ќе биде како виодич за уредување на портали и да ја додадам во проектот. Но, ќе ти ги објаснам сите чекори:
- Се уредуваат 2 помошни статии: Портал:име на порталот/box-header и Портал:име на порталот/box-footer, такашто во статијата Портал:име на порталот/box-header се нанесува шаблон за создавање на кутијата која ќе биде повеќе пати застапена на порталот:
{{Portal:Box-header | title={{{1}}} |editpage={{{2}}} |border=#aaaaaa <!-- Ова е бојата на граничникот околу кутијата --> |titleforeground=black <!-- Ова е бојата на насловот--> |titlebackground=#DDEEFF <!-- Ова е бојата на позадината на насловот--> |background=f#f9f9f <!-- Ова е бојата на позадината на кутијата --> |foreground=black |noedit={{{noedit|}}}}} <!-- Ова е бојата на текстот на кутијата -->
Десно ти се дадени боите, а лево објаснето со која боја ќе биде обоена кутијата. Нека не те бунат боите како на пр.#aaaaaa или #f9f9f, тоа се само нијанси и мешавини од некои бои. Да те опоменам дека при промена на бојата секогаш нејзиното име нанеси го на англиски и без знакот # пред нејзиното име (на пр.black,red,gold и др., но не #black,#red,#gold). Но, овој текст обично се пренесува од веќе посртоечка ваква статија, едноставно со copy paste.
Статијата Портал:име на порталот/box-footer треба да биде со содржина:
{{Portal:box-footer | {{{1}}} }}
И ова е добро да се работи со copy paste од веќе постоечка статија. Всушност, со статијата Портал:име на порталот/box-header се создава кутија која треба да ја содржи порталот, а со статијата Портал:име на порталот/box-footer истата кутија се затвара, односно се користи за вметнување на текст (најчесто архива) во долниот десен агол од кутијата). Примери:Портал:Спорт/box-header и Портал:Спорт/box-footer.
- Откако ќе ги создадеш овие 2 статии веќе може да се уредува страницата на порталот (Портал:име на порталот). За да се создаде еден портл потребно е да се додаде содржина од овој тип:
{{ВикиПроект Спорт хипер навигација}} {{browsebar_brest}} {{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}} {{/Вовед}} {{/box-footer|}} <div style="float:left; width:55%;"> <!-- This width add to the margin below to equal 98%--> {{/box-header|Избрана статија|Портал:Спорт/Избрана статија}} {{/Избрана статија}} {{/box-footer|}} {{/box-header|''Дали знаете...''|Портал:Спорт/Дали знаете|}} {{/Дали знаете}} {{/box-footer|}} </div> <div style="float:right; width:44%"> <!-- This margin should be right of the above --> {{/box-header|Избрана слика|Портал:Спорт/Избрана слика}} {{/Избрана слика/}} {{/box-footer|}} {{/box-header|''Категории''|Портал:Спорт/Категории|}} {{/Категории}} {{/box-footer|}} {{/box-header|''[[Википедија:ВикиПроект Спорт|Википроект:Спорт]]''|Портал:Спорт/ВикиПроркт:Спорт|}} {{/ВикиПроект:Спорт}} {{/box-footer|}} </div> <div style="float:right; width:100%"> {{/box-header|align=left|''Субпортали''|Портал:Спорт/Субпортали|}} {{/Субпортали}} {{/box-footer|}} <div style="float:right; width:100%"> {{/box-header|Спорт на останатите вики проекти...|Портал:Спорт/Викимедиа|}} <center>{{/Викимедиа}}</center> {{/box-footer|}} {{портали}}
И тука е добро да се работи со copy paste. Шаблонот browsebar_brest е шаблон кој содржи директни линкови кон основните портали на Википедија. Останатите групи од по 3 реда се кутиите кои ќе ги има порталот. Во првиот ред:{{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}} важно е да знаеш дека елементите означуваат зголемен наслов, текстот кој се наоѓа помеѓу /box-header| и |Портал:Спорт/Вовед е насловот на кутијата. Насловот е потребно да се запише и на крајот на првиот ред. Како на пр.Портал:Спорт/Вовед. Во случајов, станува збор за насловна кутија на страницата, па затоа наместо насловот Вовед се запишува името на статијата што треба да се пшрименува со сите статии. Во вториот ред:{{/Вовед}} стои насловот на кутијата која ќе ја отвара линкот. Тоа значи дека доколку пишува вовед ќе се отвори вовед, доколку пиѓува избрана статија ќе се отвори избрана статија и сл. Обично тука секогаш се пишува насловот од првиот ред. Исклучок е воведот каде во првиот ред стои насловот на порталот, а во вториот вовед. Поради ова нема многу овде да се задржувам. Во третиот ред:{{/box-footer|}} стои дел од насловот на една од статиите која треба да се создаде за уредување на порталот. Всушност, тоа е и статијата којашто е потребно да се уреди. Овде секогаш внимавај и на крајот не ја бриши цртата |. Но, и ова работи гоп со copy paste.
Внимавај и не ги бриши елементите
. Тие се ознака дека кутиите ќе бидат во вертикален редослед. Првиот ваков извадок означува дека ќе бидат сместени од левата страна, а вториот од десната. Процентот може да се менува од 0 до 100 и со него е означена дебелината на кутиите од левата односно десната страна. Овој пример каде се дадени 100% се применува за уредување на воведниот дел и најдолните кутии во кои се наведуваат секциите:Поврзани портали и Останати Викимедиа проекти. Добро е секогаш, елементите на левата страна да бидат со дебелина поголема од оние на десната страна, а нивниот збир добро е секогаш да е 99, а разлика помала од 5 (на пр. 50 и 49, 51 и 48). Ова може да го забележиш на горната шема.
Но, сепак многу портали се направени со соодветна дебелина на редовите, па затои и тука работи со copy paste.
- Друга важна работа е рамката околу порталот. Таа се нанесува со запишување на следново:
{| width="100%" cellpadding="5" cellspacing="10" style="background:lighpurple ; border-style:solid; border-width:3px; border-color: purple ; " | valign="top" style="padding: 0; margin:0;" |
Доколку сакаш да ја промениш бојата на граничникот слободно запиши ја саканата, а бојата на позадината добро е да ја задржиш бела, бидејќи останатите бои може да делуваат збунувачки аз читателите. Исто така добро е граничникот да биде со темна боја за да не одвлекува внимание.
Доколку го знаеш ова, веќе си способен да изработиш некој портал. Најважно што треба да знаеш е дека најлесно се работи со пронципот copy paste. Секогаш работи водејќии се по овие чекори. Исто така не заборавај да додадеш надворешни врски со истоимените портали на останатите Википедии и не аборавај да создадеш категорија со името на порталот (Категорија:Портал:име на порталот).
- Откако ова ќе го направиш зачувај ја страницата и порталот е готов. На страницата на порталот во кутиите ќе здогледаш линкови кон статии кои не постојат (обоени со црвена боја).Кликни на нив и во зависност од нивниот наслов уреди ги со соодветен материјал(пр.Портал:Социологија/Избрана статија).
Најпрвин, пред да почнеш со работа, разгледај како се создадени некои портали. Добро е потоа да видиш и кој елемент каде стои по зачувувањето јна уредувањето на порталот. Но, сепак те молам немој веднаш да разгледуваш некои портали кои навистина се уредени на многу повисок стил и бараат поголемо познавање во уредувањето. Затоа за почеток ти преорачувам да ги разгледаш порталите: Портал:Физика, Портал:Геологија, Портал:Социологија.
За уредување на нов портал ориентирај се според листата на портали. Не создавај портали со наслов на тема за која нема доволно статии. Не е добро на страницата на порталот да има линкови кон непостоечки статии (обоени со црвено).
При уредувањето добро е да ги следиш начелата дадени во ВикиПроектот Портали.
Доколку имаш нешто нејасно слободно прашај ме. Поздрав.
- Готово е. Сега ти ја средив работата, а за друг пат треба да внимаваш заклучниот дел да го оставиш со празен ред пред него. Исто така внимавај во уредувањето на секцијата избрана слика. Планот за изградба на Оаза на морињата е веќе избрана слика на Портал:Транспорт. Не може истовремено една слика да биде избрана на 2 портала. А, при уредувањето на избрана статија добро е да има и слика на телефон. Ќе ја променам бројата на насловот за да може полесно да се чита. Овие работи можам да ги средам веднаш ако сакаш. Ако имаш нешто друго слободно прашај ме. Само напред. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:56, 2 октомври 2008 (UTC)
Иницијатива 22,222
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)
Здраво. Ти благодарам за подршката. На Википедија на македонски јазик, бројот на статии најчесто расте кога неколку корисници се специјализирани за уредување на статии од иста област. Обично тоа се никулци, но сепак се статии. Најсвеж пример е активноста на Корисник:Тиверополник во уредувањето на статии повразни со џамии, а предтходно тоа се имка случувано и од страна на други корисници. Голем проблем е и тоа што немаме статии за некои работи кои секојдневно ги споменуваме. МНа пр. до неодамна немавме статии а боите. Немаме голем број на статии и за странските градови (надвор од Балканските земји), како и од многу други области. Овде особено значајна улога имаат и ВикиПроектите кои ја овозможуваат специјализацијата, а исто така овозможуваат и подобрување на квалитетот на статиите. Оваа иницијатива подразбира уредување на околу 40 статии на ден, што бара одлична организација на работата и голема активност од сите корисници. Само на пр. ако еден корисник уреди барем по 5 статии на еден ден, доколку тоа го следат 10 корисници, тоа веќе се 50 статии. Но, сепак и на квалитетот и должината мора да се обрне внимание, но сепак со новиот ВикиПроект Рецензија мислам дека ќе се има контрола и над статиите кои бараат промена на квалитетот, а исто така и ќе дојде до класификација на статиите по квалитет. Сепак, во право си. Мора да докажеме дека и Виокипедија на македонски јазик е богата со содржини од сите области. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:57, 10 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 02:05, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 02:05, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива за градови во Македонија
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 30 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 14:17, 23 јануари 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:56, 1 февруари 2009 (UTC)
Вики средба
уредиЗдраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:01, 24 август 2009 (UTC)
Лидери по година
уредиЗдраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:34, 12 октомври 2010 (CEST)
10 години Википедија
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
Покана за Вики средба
уреди Здраво, DJ LoPaTa! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |