Портал:Социологија/Избрана статија
Глобализација е термин кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драматично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа сè повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните страни и негативните страни. Прочитајте повеќе