Разговор:Главна страница/Расправа за редизајн

Види исто така:

Главната страница на википедија е првата страница која се прикажува доколку се пристапи од http://mk.wikipedia.org, со самото тоа дизајнот на главната страница е од круцијално значење за проектот википедија на македонски јазик.

Од тие причини секоја значителна промена на главната страница потребно е да помине низ различни филтри преку кој ќе се постигне согласност од страна на уредувачите на википедија за конечниот изглед на главната страница.

Доколку се покрене иницијатива за промена на дизајнот на главната содржина, под што се подразбира избор на содржини и начин на избор на содржини кои се појавуваат на главната сраница како и избор на бои и ускладеност на боите на прикажаните содржини и распоред на содржините на гавната страница во смисла на визуелно поимање, тогаш се отвора нова подстраница на страницата за разговор на главната страница на која се расправа за можниот редизајн на главната страница. Резултатите од расправата ќе бидат имплементирани на главната страница после постигнување на согласност од мнозинството на уредувачи кои учествувале ворасправата.

Право на учество во расправата има секој корисник на википедија на македонски јазик (регистриран или анонимен), додека право на гласање имаат само регистрираните корисници кои до моментот на гласање на одредена тема имаат направено барем 100 уредувања.

Назад на страницата „Главна страница/Расправа за редизајн“.