Регистриран заштитен знак

(Пренасочено од Заштитен знак)

Регистриран заштитен знак е посебен знак кој покажува на определена поединечна или бизнис организација или некој друг правен субјект, кој исклучиво се идентификува со своите потрошувачи преку овој знак од останатите ентитети. Регистрираниот заштитен знак е интелектуална сопственост и вообичаено е поврзан со име, збор, фраза, лого, симбол, дизајн, слика или комбинација од овие елементи.

Регистриран заштитен знак е карактеристичензнак или индикатор кој се користи од страна на поединец, бизнис организации, или други правни лица за да го идентификуваат производот или услугата до потрошувачот и со тоа да направат разлика на своите производи или услуги од оние на другите лица.

Сопственикот на регистрираниот заштитен знак, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на заштитниот знак. Исто така овој термин може да се употреби за јасно препознатливи атрибути кај познати личности.

Во Република Македонија, за спроведување и регистрирање на заштитени знаци се грижи државниот завод за заштита на индустриска сопственост.

Регистрираниот заштитен знак може да биде означен од страна на следните симболи:

  • (за нерегистриран заштитен знак, односно знак што се користи за промовирање или бренд на добра)
  • (за нерегистриран симбол за услуга, односно знак што се користи за промовирање или бренд услуги)
  • ® (за регистриран заштитен знак)

Регистриран заштитен знак е обично име, збор, фраза, лого, симбол, дизајн, слика, или комбинација на овие елементи.[1]

Исто така постојат и голем број на неконвенционални регистрирани заштитни знаци, како што се знаци кои не спаѓаат во овие стандардни категории, оние кои се засновани на боја, мирис, или звук.

Сопственикот на регистрираниот заштитен знак може да започне правна постапка за да се спречи неовластено користење на неговиот заштитен знак. Често правото за ова е познато и како "обичајно право". Нерегистриран знак е обично само заштитен во географската област во која се користи или географските области во која се очекува дека може да се прошири.

Терминот регистиран заштитен знак е исто така се користи неформално за било кој атрибут по кој едно лице е лесно да се идентификува, како што се познатите одлики на познатите личности. Кога знакот се користи за услуги, а не за производи, понекогаш може да се нарече и заштитен знак за услуга, особено во САД.[1]

Основни концепти

уреди

Oсновната функција на регистриран заштитен знак е да се идентификува исклучиво комерцијален извор или потекло на производи или услуги. Со други зборови, заштитните знаци служат за да се идентификува одредена фирма како извор на стоки или услуги. Користењето на знакот на овој начин е познат како употреба на регистриран заштитен знак. Постојат и одредени ексклузивни права за регистриран заштитен знак, преку кои може да се спроведе тужба за заштитен знак.

Треба да се напомене дека правата на регистрираниот заштитен знак обично се јавуваат заради употреба или за да се задржат ексклузивни права над тој знак во врска со одредени производи или услуги, под претпоставка дека не постојат никакви други приговори.

Разната стока и услуги се класифицирани од страна на Меѓународниата класификација на стоки и услуги во Ница во 45 класи на регистрирани заштитни знаци (1-34 покриваат стока и 35-45 услуги). Идејата на овој систем е да се одреди и ограничи продолжувањето на правото на интелектуална сопственост со утврдување на тоа кои стоки или услуги се покриени од страна на знакот и да ги обедини класификациите на системите ширум светот.

Историја

уреди

Иако постојат многу спорови, ковачите на мечеви во Римско Царство се сметаат за првите корисници на регистрирани заштитни знаци.[2]

Други значајни регистрирани заштитни знаци кои се користат долго време се Löwenbräu, чиј заштитен знак е сликата на лав од 1383,,[3] и Стела Артоа, која се користи од 1366 година.

Регистрирани заштитни знаци вклучуваат регистрирање на знакот со владата. Најстарите регистрирани заштитни марки во различни земји се:

  • Велика Британија: 1876 - Црвениот триаголник за пиво во пиварата Bass е првиот заштитен знак кој бил заведен како регистиран заштитен знак во 1875 година.[4]
  • САД: 1884 - сликата на Сампсон-борење со лав беше регистрирана со јаже на Сампсон.

Во 1980 година, имало помалку од десет илјади регистрирани заштитни знаци во САД. Во 2011 година, има повеќе од 300.000.[5]

Симболи

уреди

Двата симболи поврзани со американските заштитни знаци ™ (заштитен симбол) и ® ( регистриран заштитен симбол) претставуваат статус на знакот и соодветно неговото ниво на заштита. Додека ™ може да се користи со било кое обичајното право за употреба на знак, ® може да се користи од страна на сопственикот на знакот по регистрација со релевантните национални органи, како што е канцеларијата за Патенти и регистирани заштитни знаци во САД (USPTO или del Torrente).

Терминологија

уреди

Термините како "знак", "бренд" и "лого" понекогаш се мешаат со "заштитен знак". "Заштитен знак", исто така вклучува било кој уред, бренд, етикета, име, потпис, збор, писмо, број, обликот на стоки, пакување, боја или комбинација од бои, мирис, звук, движење или било која комбинација која е способна за разликување на стоките и услугите на еден бизнис од оние на другите. Мора да биде овозможена за графичко претставување и мора да се применува за стоката или услугите за кои е регистрирана.

Специјализираните типови на регистриран заштитен знак содржат сертифицирана марка и, колективна трговска марка и дефанзивна трговска марка. Марка која популарно се користи да се опише еден производ или услуга (наместо да прави разлика на производ или услуги од оние на трети страни) понекогаш е позната како генерален заштитен знак. Ако знакот станува синоним за тој производ или услуга до степен до кој сопственикот не може да ги спроведе своите сопственички права, заштитниот знак станува генерички.

Регистрација

уреди

Законот го смета заштитниот знак како форма на сопственост. Комерцијално право во однос на заштитниот знак може да се воспостави преку моментално користење на пазарот, или преку регистрација на заштитниот знак во канцеларијата за регистрација на одредена јурисдикција. Во некои јурисдикции, правата на заштитниот знак може да се утврдат преку едниот или двата начина. Одредени јурисдикции, генерално, не ги признаваат правата преку употреба. Ако сопствениците на заштитните знаци немаат регистрации за нивните ознаки во такви јурисдикции, степенот до кој тие ќе бидат во можност да ги остварат своите права преку постапката за заштитен знак ќе бидат ограничени. Во случај на спор, овој диспаритет на правата често е нарекуван "прво да поднесе" наспроти "прво да се користи." Други земји, како Германија, нудат ограничена количина на обичајните права за нерегистрирани знаци каде за да добијат заштита, стоките или услугите мора да заземаат многу значајна позиција на пазарот - каде тоа би можело да биде 40% или повеќе процентен удел на пазарот за продажба во одредена класа на стоки или услуги.

Во САД процесот на регистрација вклучува неколку чекори пред заштитниот знак да добие сертификат за регистрација.[6] Прво, барателот, физичко или правно лице поднесува барање за регистрација, за соодветниот заштитен знак. Пријавата потоа се става во ред со цел да биде примена и да се испита од страна на адвокатот на САД за патенти и заштитни знаци. Второ, по периодот од три до шест месеци примената пријава се разгледува од страна на адвокатот за да биде во сигурнуст дека е во согласност со сите барања со цел да има право за регистрација.[7]

Овој преглед содржи процедурални прашања како што се да се стане сигурен дека стоките или услугите на барателот се идентификувани правилно. Исто така вклучува повеќе суштински прашања, како што е да се стане сигурен дека знакот на барателот не е само описен или дека би можело да предизвика забуна со постоечки регистриран заштитен знак.[8]

Ако апликацијата има некоректно барање испитувачкиот адвокат ќе издаде барање до барателот за решавање на одредени прашања или одбивање пред регистрација на знакот. По прегледот на заштитниот знак доколку нема никакви проблеми да се решат или барателот има одговори на поставените прашања од испитувањето на адвокатот, барањето ќе биде објавено за опозицијата. Во текот на овој 30-дневен период трети лица кои можат да бидат погодени од регистрацијата на овој знак можат да поднесат приговор постапката да се запре.[9] Под услов да не се прифатат забелешките на третите лица и да се одлучи во корист на кандидатот за регистрација на знакот, знакот ќе бидат регистриран во соодветно време.

Надвор од САД, процесот на регистрација е значително сличен на оние кои се наоѓаат во САД освен има еден голем исклучок, во многу земји: регистрацијата се случува пред опозицијата да го каже мислењето. На кратко, ако барањето се разгледува од страна на испитувачот и резултатот е во ред, тогаш се издава предметот за регистриран заштитен знак да биде отворен за опозицијата за период од обично 6 месеци од денот на регистрацијата.

Регистриран заштитен знак има ексклузивно право, вклучувајќи го и правото на ексклузивно користење на заштитниот знак во однос на производите или услугите за кои тој е регистриран. Законот во повеќето надлежности исто така му овозможува на сопственикот да се спречи неовластено користење во однос на производи или услуги кои се идентични или слични на "регистрираните" производи или услуги, а во одредени случаи, да се спречи употреба во однос на целосно различни производи или услуги. Тестот е секогаш дали потрошувачите на стоки или услуги ќе бидат збунети во однос на идентитетот на изворот или потеклото.

Откако правата за заштитен знак се утврдени со посебна надлежност, овие права обично се само извршни во таа јурисдикција, со квалитет кој понекогаш е познат како територијалност. Сепак, постојат голем број на меѓународни заштитни знаци и системи кои се во повеќе од една судска надлежност.

Пребарувања

уреди

Во САД, база на податоци на регистрирани заштитни знаци ја одржува USPTO. Базата на податоци е отворена за јавноста, но лиценциран адвокат само може да ги бара и да ги толкува резултатите од пребарувањето. Исто така како што знаците се регулирани со федералниот закон, државниот закон и обичајното право, темелното пребарување во однос на достапноста е многу важно. USPTO внатрешно има повеќе информации за трговски марки од она што е јавно обелоденето на официјалното мрежно место за пребарување. На пример, USPTO собира информации за тоа што точно е прикажано во секое лого на заштитниот знак.

Заштитните знаци, исто така, може да се пребаруваат од трети лица во бази на податоци, како на пример LexisNexis, Дијалог (онлајн базата на податоци) и Compu-Марк.

Можност за регистрирација

уреди

Во повеќето системи, заштитниот знак може да се регистрира ако е во состојба да разликува стоки или услуги и нема да ги збуни потрошувачите за односот меѓу една страна и друга и нема да ги мами потрошувачите со однос на квалитет на производот.

Права на одржување

уреди

Правата на заштитните знаци мора да се одржуваат преку вистинско законско користење на заштитниот знак. Овие права ќе престанат ако знакот не се користи активно за одреден временски период, обично 5 години во повеќето држави. Во случај на регистрација на знакот, неуспехот да се користи активно законски, може да ја изложи регистрацијата на отстранување од регистарот после одреден период на време врз основа на фактот дека "не-се користи". Не е неопходно сопственикот да преземе акција против сите прекршоци ако може да се покаже дека повредата на сопственикот се смета за мала и безначајна. Ова е со цел да спречи сопствениците постојано да се врзани во судски спор за страв од откажување.

Сите јурисдикции со зрел систем за регистрација на заштитен знак обезбедуваат механизам за отстранување во случај на некористење, кој обично е период од или три или пет години. Намерата да се користи знакот може да се докаже со широк спектар на дела како што е прикажано во случаите на "Wooly Bull" и "Ashton v Harlee".

Во САД, неуспехот да се користи знак за овој период на време, настрана од соодветното влијание врз квалитетот на производот, ќе резултира со напуштање на знакот, при што секоја страна може да го користи знакот. Еден отстранета марка не е неповратно отстранета во јавна сопственост и може повторно да се регистрира од страна на партија која повторно може да воспостави ексклузивно и активно користење и мора да биде поврзана со оригиналниот сопственик. Ако правилата на судот под кои заштитниот знак станал генерички, налагаат така, преку заедничка употреба, соодветната регистрација, исто така може да се исклучи да биде валидна.

Остварување на правата

уреди

Степенот до кој сопственикот на заштитен знак може да спречи неовластено користење на регистрираните знаци кои се исти или слични како неговиот заштитен знак зависи од различни фактори како на пример дали неговиот заштитен знак е регистриран, сличноста на знаците кои се вклучени, сличноста на производите или услугите кои се вклучени и дали заштитниот знак на сопственикот е познат.

Ако заштитниот знак не е регистриран, некои јурисдикции нудат заштита на бизнис репутација на нерегистрираните трговски марки преку ДЕЛИКТ. Доставувањето може да обезбеди лек во сценарио каде бизнис тргување под нерегистрирана трговска марка се одвивало многу години и соперник бизнисот започнува со користење на истиот или сличнот знак.

Ако знакот е регистриран, тогаш е многу полесно за сопственикот да ги опокаже правата на знакот и да ги засили овие права преку акција за прекршување. Неовластената употреба на регистрираниот заштитен знак не треба да се прави намерно со цел да се случи прекршок, иако штетата во прекршување обично ќе биде поголемa ако намерата e измамa.

За трговски марки за кои се смета дека се добро познати, нарушувањето на употреба може да се случи каде што употребата се случува во врска со производи или услуги кои не се слични, во однос на знакот на кој сопственикот е регистриран.[10]

Други аспекти

уреди

Јавна политика

уреди

Заштитниот знак е дизајниран да ја исполни целта на јавната политика во врска со заштита на потрошувачите, каде треба да се спречи, јавноста да добие погрешен впечаток во однос на потеклото или квалитетот на производот или услугата. Со идентификување на комерцијалниот извор на производи и услуги, заштитниот знак ја олеснува идентификацијата на производи и услуги кои ги задоволуваат очекувањата на потрошувачите, како квалитетот и други одлики.

Заштитните знаци, исто така, може да послужат како поттик за производителите, доследно да се обезбедат квалитетни производи или услуги за одржување на нивниот бизнис углед. Понатаму, ако сопственикот на заштитниот знак не одржува контрола на квалитетот и соодветен надзор во однос на производството за обезбедување на производи или услуги, сето тоа негативно ќе влијае врз правата на сопственикот на трговска марка.

На истиот начин, сопствениците на знаци мора да бидат претпазливи во продажбата на свој знак поради слични причини што важат за лиценцирање. Кога постои интерес за заштитниот знак, ако поврзаниот производ или услуга не се пренесува со него, тогаш ова може да доведе до губење на правата на знакот. Сè уште е можно да се направат значајни промени на основните стоки или услуги за време на продажбата без загрозување на знакот, но компаниите често прават договор со продавачите да им помогнат во транзицијата на знакот и стоките или услугите на новите сопственици да обезбедат континуитет на трговската марка.

Споредба со патенти, дизајн и авторско право

уреди

Додека законот за знак има за цел да ги заштити индикациите за комерцијален извор на производи или услуги, законот за патент генерално има за цел да заштити нови и корисни пронајдоци, а законот за регистриран дизајн генерално има за цел да го заштити изгледот или појавата на произведот. Заштитните знаци, патенти и дизајни се колективна форма или подмножество на интелектуалната сопственост познат како индустриска сопственост, бидејќи тие се често создадени и се користи во индустриска или комерцијална смисла.

За споредба, законот за авторски права генерално има за цел да заштити оригинални литературни, уметнички и други креативни дела. Продолжувањето на активното користење и ре-регистрацијата може да го направат знакот вечен, додека авторското право обично трае за време на траењето на животниот век на авторот плус 70 години за работи од страна на поединци, а некои кратко време по создавањето за работи на корпорациите.[11]

Иако законите за интелектуална сопственост, се теоретски различни, повеќе од еден вид можат да си дозволат заштита на истиот член. На пример, дизајн на шише може да се квалификува за заштита на авторските права како скулптура, или за заштитата со знак врз основа на неговата форма, или изгледот на шишето како целина. Наслови и имиња на карактери од книги или филмови може да се заштитат како знаци, додека делата од кои тие доаѓаат може да се квалификуваат за заштита на авторските права во целина.

Јасна претстава за овие разлики е потребна, но често се предизвик за судовите и адвокатите, особено во јурисдикциите каде што патентите и авторските права поминуваат во јавна сопственост, во зависност од надлежноста. За разлика од патенти и авторски права, кои во теоријата се доделуваат за еднократни фиксни термини, за заштитните знаци важи додека сопственикот активно ги користи и се одржува нивната регистрација кај надлежните органи. Ова често вклучува плаќање надомест за периодично обновување.

Како што знакот мора да се користи за одржување на права во однос на тој знак, заштитниот знак може да се "напушти" или регистрацијата може да се укине или поништи ако знакот не се користи постојано. За споредба, патентите и авторските права не може да се "напуштат" и носителот на патентот или сопственикот на авторските права генерално може да ги оствари своите права без да се некоја посебна акција за одржување на патентот или на авторски права.

Продажба, трансфер и лиценцирање

уреди

Во различни јурисдикции регистрираниот заштитен знак може да се продава со или без основните бизнис добра кој опстануваат во бизнисот поврзан со ознаката. Сепак, ова не е случај во САД, каде што судовите сметаат дека ова ќе биде "за измама на јавноста". Во САД, регистрацијата на заштитен знак може само да се продаде и се додели во придружба на продажба на основните средства. Примери на средства чија продажба вообичаено би поддржала доделување на знак вклучуваат продажба на машини кои користи за производство на стоки кои го носат знакот, или продажба на корпорацијата (или подружница) која ги произведува производите со тој знак.

Повеќето јурисдикции обезбедуваат за користењето на трговски марки да бидат лиценцирани за трети страни. Носителот на лиценцата (обично сопственикот на заштитниот знак) мора да го следи квалитетот на стоката која се произведува од страна на корисникот на лиценцата за да се избегне ризикот дека знакот ќе се смета за напуштен од страна на судовите. Лиценцата мора да ги содржи и соодветните одредби кои се занимаваат со контрола на квалитетот, при што лиценцата обезбедува гаранции за квалитет и носителот на лиценцата има право за инспекција и надзор.

Меѓународно право

уреди

Важно е да се напомене дека иако постојат системи кои го олеснуваат аплицирањето, регистрацијата или спроведувањето на правата на заштитниот знак во повеќе од една јурисдикција на регионално или глобално ниво, во моментов не е можно да поднесе и да добие регистрација на знак што автоматски ќе се применува во целиот свет. Како и секое национално право, заштитните знаци се применуваат само во таа земја или јурисдикција.

Територијална примена

уреди

Самите ограничувања на територијална примена на трговски марки се ублажува со различни договори за интелектуална сопственост , меѓу кои е договорот за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост на Светската трговска организација. Оваа организација воспоставува правна компатибилност меѓу јурисдикциите во разни земји барајќи усогласување на Законот со важечките закони.

Системот Мадрид

уреди

Главниот меѓународен систем за олеснување на регистрација на заштитни знаци во повеќе јурисдикции е попознат како "Мадрид систем". Мадрид обезбедува централно администрирање на системот за обезбедување на регистрација на заштитен знак во јурисдикциите преку проширување на заштитата за "меѓународна регистрација" добиена преку светската организација за интелектуална сопственост. Оваа меѓународна регистрација е врз основа на некоја апликација или регистрација добиена од страна на барателот на заштитниот знак во своја надлежност.

Примарната предност на системот Мадрид е тоа што му овозможува на сопственикот на заштитниот знак да добие заштита со знакот во многу јурисдикции од страна на поднесување една апликација во една јурисдикција со едно множество на такси и да направи некакви промени (на пример, промена на име или адреса) и да ја обнови регистрацијата во сите важечки јурисдикции преку еден административен процес. Понатаму, "покривањето" на меѓународната регистрација може да биде продолжено во секое време.

Правен договор за заштитен знак

уреди

Договорот за правото на заштитен знак воспоставува систем во согласност со јурисдикциите и на кој тие се согласуваат да се стандардизираат процедуралните аспекти на регистрација на процесот за добивање на заштитен знак. Ова не е нужно според соодветните правила во поединечни земји.[12]

Добро познат статус

уреди

Добро познат статус на заштитен знак најчесто се доделува на познати меѓународни знаци во помалку развиени јурисдикции.[13][14] Добро познатиот заштитен знак не мора да бидат регистриран во јурисдикција за да се појави повреда на правото на знакот.

Погледни исто така

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Restatement (Third) of Unfair Competition § 9 (1995)
  2. Gary Richardson, Brand Names Before the Industrial Revolution, National Bureau of Economic Research available at National Bureau of Economic Research
  3. Packard, Ashley (2010). Digital Media Law. John Wiley and Sons. стр. 162. ISBN 978-1-4051-8168-3 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  4. United Kingdom Intellectual Property Office
  5. Colapinto, John (3 October 2011). „Famous Names“. The New Yorker. Посетено на 9 October 2011.
  6. Registration Process Архивирано на 23 декември 2011 г., additional text.
  7. TMEP Sec. 700, additional text.
  8. TMEP Sec. 1200, additional text.
  9. TBMP Sec. 300 et seq. Архивирано на 11 јануари 2012 г., additional text.
  10. See Jane Coleman, Secondary Trademark Infringement: A Short Treatise on Contributory and Vicarious Infringement in Trademark Архивирано на 13 септември 2012 г. (Revised, Sept. 2010).
  11. Directive harmonizing the term of copyright protection
  12. Full text of the Trademark Law Treaty. Архивирано на 20 септември 2011 г.
  13. Paris Convention: Article 6 bis, Paris Convention Архивирано на 10 февруари 2014 г.
  14. Hong Kong Trade Marks Ordinance section dealing with infringement: Cap 559, s.18

Надворешни врски

уреди