Пивофест
Пивофест — пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на Општина Прилеп и стопанските субјекти од градот.
Пивофест | |
---|---|
Главната сцена на „Пивофест“ 2018 година | |
Датум | Јули |
Зачестеност | Секоја година |
Локација | Прилеп |
Првпат | 2002 |
Жанр | Пивски фестивал |
Поддржувач | Општина Прилеп |
Мрежно место | |
www.pivofestival.mk |
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.
Историја
уредиНастанот е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност[1]
.
Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северина.[2] Во 2010 била Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во 2011 Здравко Чолиќ, во 2012 Лепа Брена, во 2013 Горан Бреговиќ, во 2014 Жељко Самарџиќ,[3] во 2015 Дино Мерлин. И многу други познати музичари како Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Халид Бешлиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Харис Џиновиќ, Данијела Мартиновиќ, Емина Јаховиќ, Тони Цетински, Јелена Розга, Тијана Дапчевиќ,Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и многу други.
Во 2007 година
уредиНа фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара[4]. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.
Период 2009 — 2016 година
уредиГодина | Дати | Посетеност | Изведувачи |
---|---|---|---|
2009 | 16-19 јули | 200.000 | Северина Вучковиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Ван Гог, Електирчни Оргазам. |
2010 | 15-18 јули | 320.000 | Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Гуча Оркестар, Даниела Враниќ. |
2011 | 14-17 јули | 340.000 | Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ. |
2012 | 14-17 јули | 400.000 | Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Џеј Рамадановски. |
2013 | 18-21 јули | 300.000-400.000 | Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ, Данијела Мартиновиќ, 2Cellos, Inna |
2014 | 17-20 јули | 300.000-400.000 | Жељко Самарџиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Маид Хечимовиќ,Тијана Дапчевиќ |
2015 | 16-19 јули | 300.000-400.000 | Прљаво Казалиште, Дино Мерлин, Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан,Саша Ковачевиќ |
2016 | 14-17 јули | 300.000-400.000 | Тропико Бенд, Аца Лукас, Рада Манојловиќ, Каролина Гочева, Парни Ваљак, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ[5] |
Галерија
уреди-
Главната сцена на плоштадот „Александрија“
-
Штандови на „Пивофест“
-
Штанд на наше македонско пиво на „Пивофест“
-
Штанд на Скопско на „Пивофест“
-
Штанд на златен даб на „Пивофест“
-
Буриња со пиво за точење
-
Посетители на „Пивофест“
-
Штандови на „Пивофест“ 2019 година во центарот на Прилеп
Наводи
уреди- ↑ Уредник. „ЗА ФЕСТИВАЛОТ“. pivofestival.mk. Посетено на 2018-07-14.
- ↑ Завршува „Пиво Фест“, вчера настапи Северина, А1 телевизија, 19 јули 2009
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-12-07. Посетено на 2014-07-18.
- ↑ * Рекордна посетеност на „Пиво фест“, Утрински Весник, 21 јули 2009
- ↑ http://pivofestival.mk/programa
Поврзано
уреди- Пивски фестивал
- Октоберфест, прочуен германски пивски фестивал
Надворешни врски
уреди„Пивофест“ на Ризницата ? |
- Пиво фест Архивирано на 8 август 2020 г. (англиски)
- Кригла Пиво Архивирано на 10 септември 2019 г. (македонски)