Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
Корица на книгата
Корица на книгата

Идеите зад шаховските отворања — шаховска книга од познатиот американски велемајстор Рубен Фајн. Содржината на книгата се однесува на отворањата и суштината на многубројните варијанти, како и толкување на влијанието на овие варијанти во развојот на играта во понатамошната фаза. Делото е одличен пример за започнување на шаховската партија, а истото им служело на многу познати шахисти. Книгата е напишана на англиски јазик во 1943 година и има 245 страници. Прочитајте повеќе


ноември

Избрани партии и спомени — шаховска книга од рускиот и советски велемајстор и познат шаховски автор Григори Левенфиш. Книгата претставува збирка на најдобрите и поучни партии на авторот против неговите современици, меѓу кои соаѓаат и светските прваци Ласкер, Капабланка и Алехин, но и други силни шахисти како Рубинштајн и Тараш. Воведната содржина и приодот кон анализата на партиите е исполнета со силни автобиографски елементи. Книгата е издадена постхумно, во 1967 година, напишана е на руски јазик и има 200 страници. Прочитајте повеќе


октомври

Психолошка подготовка на шахистот — шаховска книга, дело на рускиот велемајстор, психолог и теоретичар Николај Крогиус. Книгата е напишана во 1975 година и во неа е извршена анализа на сите елементи од шаховската партија, но не преку стручни совети на таблата, туку со совети од психолошки аспект. Во книгата се дадени одговори на прашања за тоа со колку варијанти може да се сретне шахистот во текот на партијата или што остава впечаток при оценката на конечната позиција. Делото претставува зивонреден пример за улогата и значењето на психологијата во шахот. Книгата е напишана на руски јазик и има 136 страници. Прочитајте повеќе


септември

Основни шаховски завршници — шаховска книга од американскиот шаховски велемајстор и автор Рубен Фајн. Во неа се претставени и објаснети основните позиции во завршницата, како фаза на шаховската игра. Делото претставува прв систематски преглед на англиски јазик за играта во завршницата. Делото и денес претставува најдобар пример на англиски јазик за играта во завршницата. Книгата е напишана во 1941 година и е посветена на светскиот првак Емануел Ласкер, кој починал во истата година. Делото е ревидирано од страна на Пал Бенко во 2003 година. Прочитајте повеќе


август

Средишница. План — шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1960 и е прво дело од двете посветени на средишницата (другото е Средишница. Комбинација, напишано во 1963). Во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии, во кои се посочени елементите и фазите при смислувањето на план, како неопходно средство за продолжување на борбата. Во ова дело, вниманието е обрнето на планот, неговата улога во развојот на партијата, како и неговото смислување и спроведување. Книгата е напишана на руски јазик и има 264 страници. Прочитајте повеќе


јули

Живот - на шахот — шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година и има 185 страници. Прочитајте повеќе


јуни

Стратегија и тактика во шахот — шаховска книга, дело на советскиот шахист Георги Лисицин. Ова дело е едно од најобемните шаховски книги, која некогаш е напишана. Книгата многу богато ги илустрира тактичките и стратешки согледувања на различните позиции во една шаховска партија, а во него се дадени и методолошки совети и одговори на најзначајните прашања поврзани со шаховската борба. Содржината е објаснета со помош на извадоци од најдобрите партии, кои биле одиграни во првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик во 1952 година и има 545 страници. Прочитајте повеќе


мај

Моите 60 незаборавни партии — шаховска книга на познатиот американски шахист и поранешен светски првак (1972-1975) Боби Фишер. Книгата за прв пат била издадена во 1969, а претставува збирка на одиграни партии од страна на авторот во перидотe од 1957 (од шаховски турнир одржан во Њу Џерси до 1967 (меѓузонскиот шаховски турнир во Сус). За разлика од многу други антологиски збирки кои во дел од насловот ги содржат зборовите Моите најдобри партии или нешто слично, во кои се анализирани само партиите во кои авторот победил, делото Моите 60 незаборавни партии содржи и 9 реми апартии и 3 порази. Прочитајте повеќе


април
Корица на книгата
Корица на книгата

100 партии — шаховска книга, дело на познатиот естонски и советски велемајстор и автор Паул Керес. Делото е напишано во 1966 година и претставува збирка од 100 впечатливи и поучни партии одиграни од страна на авторот во период од 35 години (1929-1964) од неговата шаховска кариера. Преку согледувањето на анализираните партии, читателот е во можност во голем дел да се запознае со стилот на игра и придонесот во шахот на авторот. Книгата е напишана на руски јазик и има 385 страници. Прочитајте повеќе


март
Корица на книгата
Корица на книгата

Метод на подготовка за натпреварувања — шаховска книга на познатиот советски и руски велемајстор, поранешен светски првак во шах (1947-1956, 1957-1960, 1961-1963), шаховски учител и автор Михаил Ботвиник. Книгата е напишана во 1992 година и претставува збирка на материјали кои го илустрираат методот на подготовка на шахистите за шаховските натпреварувања. Книгата е напишана на руски јазик и има 80 страници. Прочитајте повеќе


февруари

Како да се стане велемајстор — шаховска книга, дело на познатиот советски шахист Александар Котов. Книгата е издадена постхумно во 1985 (4 години по смртта на авторот). Ова дело е едно од првите, кое се насочува кон испитување на методите на решавање на проблемите на шаховската табла. Во неа, тој преку детални објаснувања на сите значајни елементи и принципи на шаховската игра, поткрепени со извадоци од велемајсторски партии се обидува да го запознае читателот со најзначајните работи, што еден „велемајстор“ мора да ги знае. Книгата е напишана на руски јазик и има 241 страница. Прочитајте повеќе


јануари
Корица на книгата
Корица на книгата

Шаховски самоучител — шаховска книга, дело на познатиот руски велемајстор Јури Авербах. Книгата е напишана во 1970 година и претставува одлично помагало, кое се препорачува за оние кои немаат големо шаховско искуство и познавање. Преку општите принципи, правила и анализи читателот е подготвен да ги разбере најзначајните шаховски елементи. Книгата е напишана на руски јазик и има 142 страници. Прочитајте повеќе


Архива на избрани дела
2010
Гетингенски ракописи · Ласкеров шаховски учебник · 300 избрани Алехинови партии · Модерни шаховски отворања · Libro de la Invención Liberal y Arte del Juego del Axedrez · Моите големи претходници · Handbuch des Schachspiels · 200 отворени партии · Здрав разум во шахот · Мојата шаховска кариера · Лекции за шаховската стратегија · Каиса и Вотан
2009
Шаховски самоучител · Како да се стане велемајстор · Метод на подготовка за натпреварувања · 100 партии · Моите 60 незаборавни партии · Стратегија и тактика во шахот · Живот - со шахот · Средишница. План · Основни шаховски завршници · Психолошка подготовка на шахистот · Избрани партии и спомени · Идеите зад шаховските отворања
2008
Средишница. Комбинација · Проблеми на современата шаховска теорија · Романтизам во шаховската уметност · Прашања за современата шаховска теорија · Мојот систем