300 избрани Алехинови партии

книга за шахот

300 избрани Алехинови партии е шаховска книга од советскиот шахист и автор Василиј Панов, којашто целосно е посветена на шаховската кариера на четвртиот светски првак во шах, Александар Алехин. Анализираните партии претставуваат вистински приказ на шаховското творештво на големиот шахист. Низ страниците на оваа книга се слуша гласот на вистинскиот Алехин, кој целиот свој живот го посветил на шахот. Партиите во делото се дел од златниот фонд на светското шаховско наследство, а делото претставува библиографска реткост. Книгата е напишана на руски јазик во 1954 година.

300 избрани Алехинови партии
Корицата на книгата
АвторВасилиј Панов
Изворен наслов300 избранных партий Алехина
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Содржина

уреди

Книгата е поделена на два дела, а содржи и воведен дел, во кој авторот го запознава читателот со творечкиот пат и рворечкиот облик на Александар Алехин. Во воведниот дел дадена е кратка хронологија на настаните во кариерата на Алехин. Исто така наведено е и како настанала книгата.

Во првиот дел од книгата, хронолошки се подредени Алехиновите партии одиграни во периодот од 1907 до 1944 година. Главно станува збор за партии во кои Алехин победил, но има и неколку партии кои завршиле реми, како на приемер дваесет и втората партија од мечот за светски првак против Капабланка, одиграна во Буенос Аирес во 1927 година или партијата против Ботвиник, одиграна во Нотинген во 1936 година. Особено внимание заслужува и последната партија од мечот за светски првак против Еве во 1935 година.

Вториот дел содржи само 16 партии, од кои 8 се одиграни при одиграна симултанка, а 8 се одиграни на слепо. Преку содржината на овој дел, авторот ја прикажува моќта на Алехин и во овие сегменти од шахот. Авторот ја потврдува оваа констатација, цитирајќи ги следните зборови, кои Капабланка ги упатил во чест на Алехин:

Во симлутаките и партиите на слепо, од мајсторите во минатото и сегашноста на Алехин му нема рамен. Да се имитира во таа област е апсолутно невозможно. За да се направи тоа, потребно е да се поседува неговата неверојатна шаховска меморија, соединета со неговата колосална способност за интензивна ментална работа.

Книгата содржи и список на турнири на кои Алехин ги одиграл партиите во делото, како и спсиок на противници против кои ги одиграл партиите и отворањата кои настанале.

Стил на пишување

уреди

Како редок пример за творештгвото на еден од најголемите светски шахисти, книгата изобилува со одлично осмислена содржина, а во партиите авторот се обидел на читателот да му го претстави карактерот и шаховскиот дух на шахистот. Анализираните партии се поткрепени со соодветни дијаграми, на кои се претставени сите критични позиции во партиите. Потезите се запишани со помош на алгебарската шаховска нотација.

Надворешни врски

уреди