Проблеми на современата шаховска теорија

Проблеми на современата шаховска теорија е шаховска книга, дело на советскиот шаховски велемајстор Владимир Алаторцев. Книгата е напишана во 1960 година и во неа врз основа на анализа и коментар на шаховски партии се разгледуваат шаховски позиции кои со своите проблеми наоѓаат место во современата шаховска теорија. Книгата е напишана на руски јазик.

Проблеми на современата шаховска теорија
Корицата на книгата
АвторВладимир Алаторцев
Изворен насловПроблемы современной теории шахмат
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Опис на содржината

уреди

Корисната шаховска книга „Проблеми на современата шаховска теорија“ содржи анализа на различни партии и позиции кои во себе кријат шаховски загатки кои бараат соодветно решение. Сето тоа се заснова на заемното дејствување на фигурите и пешаците. За описот на содржината на делото најдобро говори самиот автор, кој запишал:

Во книгата се разгледуваат проблеми на современата шаховска теорија кои се засноваат на заемното дејсѕвување на силите (фигури и пешаци). Предложените решенија претставуваат набљудуван резултат на многугодишно набљудување и пракца на авторот како шаховски мајстор. Книгата се препорачува за шахисти од постара возраст, методисти, педагози и тренери, а може да биде корисна и за самоуките.

Стил на пишување

уреди

Книгата „Проблеми на современата шаховска теорија“ претставува типичен дел од творештвото на еден велемајстор посветен на шаховското творештво. За стилот може слободно да се каже дека е задоволителен, а партиите и позициите се претставени на соодветни дијаграми по неколку потези и со соодветна анализа, коментар и објаснување на високо ниво.

Надворешни врски

уреди