Средишница. Комбинација
Средишница. Комбинација е шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и претставува продолжение на делото Средишница. План. Во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Во ова дело, вниманието е обрнето на комбинацијата, нејзината улога во текот на играта и нејзиното спроведување. Книгата е напишана на руски јазик.
Корицата на книгата | |
Автор | Петар Романовски |
---|---|
Изворен наслов | Миттельшпиль. Комбинация |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Содржина
уредиКако што гласи и насловот на делото, така и неговата содржина се темели врз улогата на комбинацијата во патот кон победата и значењето на средишницата во одредувањето на карактерот на завршницата. Врз основа на ова, авторот преку анализа и коментар на поучни партии и извадоци успеал на читателот да му ја долови основната тема во 13 глави:
- Глава I - Што е тоа комбинација?
- Глава II - Комбинациони елементи - мотив и тема
- Глава III - Естетика на комбинациите. Општи можности
- Глава IV - Идеја и техника во комбинациите. „Задушен крал“
- Глава V - Повеќе за естетиката. Псевдожртва. Жртва на дама
- Глава VI - За теоријата на комбинацијата. Типични идеи
- Глава VII - Понова историја на комбинациите. Бесмртната партија. Ремек-дела на крајот од 19, век
- Глава VIII - Двоен удар. Пешачки теми
- Глава IX - Положбена слабост - комбинационен мотив. Комбинации, искористување на слабостите во позицијата на рокада. Жртва на ловец за пешак на g3, h3, g6 и h6.
- Глава X - Комбинационен напад на два ловца. Хармонија на топот по втората и седмата хоризонтала. Жртва на топ на g7.
- Глава XI - Хармонија на топ и ловец. Заробување на фигурите
- Глава XII - Сведување на завршница во различни комбинациони идеи
- Глава XIII - За размислувањата на шахистите за време на шаховската партија
Стил на пишување
уредиСодржината на делото „Средишница. Комбинација“ односно секоја глава пооделно е исполнета со писмена анализа и коментар на високо ниво, а промените во партијата или извадокот којшто е предмет на анализа се претставени на соодветни дијаграми по неколку одиграни потези.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 6 декември 2008 г.